Од локо кроко го земавме. https://lococroco.mk/produkt/nosilk...Le7zJoY5EBvVBs5TMA_aem_nZrxI9nX0cq6jhRD5MzkDQ
Како ги заспивате бебињата? 5 месеци е бебе. Имаше период кај што се успиваше кога лежевме двата на спална, со пеење песнички. Ама многу кратко траеше тоа После почнавме малку во раце со нишкање, па ќе го легнев и брзо заспиваше, пошто веќе беше сонлив. Ама последниве 3 дена... не знам што е ова, скок ли, заби ли се... Заспива само во раце, ќе пробам да го легнам, секундарно се буди само што ќе го навалам за легнување. И не да плаче - вреска, се расонува, па ајде наново нишкање, вртење кругови. Сабајлево беше забавно, околу 4 се разбуди и 2 часа се вртевме 5-6 пати кога ќе го легнев се будеше. И последно 'фати' да легнам и јас со него дур уште ми е во раце, па да го отпуштам. Правев муабет баш сабајлево со мајка ми и таа ме 'искара' дека не е добро да ми заспива во раце, ќе сум го научела така. Таа вика остај го и да плаче ќе се умори, ќе заспие. Таа така ми правела мене. Тоа испаѓа оној методот cry it out, да плаче дур не заспие, ама јас искрено не сакам тоа да го правам. Не сакам да го оставам да вреска Па сакам да ве прашам, што и како правите вие?
Јас со моево бебе многу премрежја поминав со тоа нишање и спиење во раце. Можам да ти кажам, се ми е прочитано и се ми е пробано, нема ништо апсолутно и се зависи од бебето. Првото дете го нишав до година ипол, заспиваше и спиеше Х време (никогаш повеќе од 2ч не спои додека го нишав), ама не ми правеше како ова. Со ова полека полека дојдовме до фаза да заспива (И СПИЕ) само кога шетам низ стан. Од 3 ипол месеци не фати регресијата, до 6 месеци ескалираше. Значи бебево ќе заспие со нишање, а седнам, се буди и бара цела ноќ да шетам нкз стан. Полудена бев и решив ќе го "тренирам" на спална. И да кажам, не е точно дека ако заспива без нишање, ќе презаспива без нишање и ќе спојува циклуси така. Знам зошто пробав. Значи околу 6 месеци решив ако треба ќе го оставам да поплаче малце доле со мене, не го нишам низ стан. Ама немаше баш плачки, првото заспивање со мене заспиваше на кревет, спојуваше по 2 3 часа ако не мрднам од него, и да се размрда лесно го презаспивав. После будењата, или пак со шшкање и тапкање, или со земање во раце го презаспивам. Значи имам преседан, не шетам низ стан. Знае да се буни, и да негодува ама 90% не попуштам и заспива. Е сега откако почнав вака значително подобро спие до мене, со земање во раце и нишање во кревет, освен кога е престимулиран дента. Ако одиме на повеќе места и види нови фаци, нека се искорне од плачење, не спие доле на кревет никако и негодувањето ако не го земам ескалира во вриштење. И го држам во раце обично вториот дел од ноќта. Затоа избегавам да го престимулирам. А заспивањето му е главно се уште во раце седејќи (сега периодов доле послабо заспива сам до мене, се одучи и од тоа), со тоа што некогаш ми успева да заспие лежејќи до мене, некогаш ми успева да презаспие така, ама не секогаш. Тогаш го земам во раце и продолжува, освен како што кажав, ако не сум направила беља дента. Значи пазам прозори на будност, рутина имаме навечер од 4 месеци, буквално ништо не гарантира спиење и не знам каква ќе биде ноќта. Само јас мало подобрување видов кога прекинав да шетам низ стан. Ама ти викам, зависи од бебето, така да, прави тоа што гледаш дека е ок со него. Коментаров е каша попара, како и спиењето на моето бебе. Ахахах се надевам ме сфати, и да го оставиш да негодува малце, може да презаспие. Тоа се на спална, во креветче сега за сега нема теорија за нас.
@Cherry333 Фала ти на споделеното искуство Ќе пробувам и јас па ќе видиме што ќе 'фати' кај нас. Деновиве баш инаетчивче е А што е најјако и јас периодов мислев да почнеме во креветче, ама ова со будењава, дефинитивно не е остварливо. Кај 100 пати легни-стани, уште во креветче да се наведнувам, ќе се укочам во кичмата