1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    789
    Допаѓања:
    1.277
    Пол:
    Женски
    Овој четвртиот скок колку време траеше кај вас? Не спие, плаче, пак цело време во раце. Таман реков добро е почна сама да заспива во количка и грбот малку ми се подобри, сега пак се од полеток. И ноќе сега нејќе да спие си гледа. :@
     
  2. Anastasia579

    Anastasia579 Активен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2025
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    128
    Пол:
    Женски
    А од кога е 4от скок?
     
  3. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.836
    Допаѓања:
    2.632
    Пол:
    Женски
    Кај нас не беше толку страшен скоков, иако трае месец дена не осетив некоја голема промена. Тука да знаеш почнува и регресија во спиење, пази на будни саати. За навечер стануваше и моево и уште станува али поретко. Знаеше некогаш и да не заспие иако само што цицал. Али не беше страшно, не плачеше туку си играше со цуцлата, си гугаше, се вртеше на сите страни во креветче. Јас дури и презаспивав, го оставав сам да заспие, само ќе се разбудев после некое време да видам дали заспал. Во меѓувреме извади и две запчиња за време на скоков, малку беше понервозен, рацете цело време во уста, али за среќа без плачки и без тт помина. Е сега малку знаеше да поплаче кај други пример кај мајка ми, а да не сум јас во близина, или сум во близина па да сака да го земам. За среќа после скокот помина и тоа.
    Период е ќе помине, после ново бебе.
     
    На hannybanny му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Germanka7

    Germanka7 Активен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2026
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Со 8 недели сппред мене не треба да пратиш прозорци на будност, бидејќи спиењето кај новороденчиња е хаос. Барем така беше кај нас. Немаше ден/ноќ, работата беше да се преживее денот, неделата. Јас почнав после 12та недела да примеќам дека тоа со прозорци на будност функционира, но треба и време додека да се навикнеш. Мој совет: уживај со бебче, не се мачи со следење барем до 12 недела.
     
  5. Germanka7

    Germanka7 Активен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2026
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Имате ли пробано друга/други цуцли?
     
  6. Germanka7

    Germanka7 Активен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2026
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Детето ќе биде само спремно. Вежби не се потребни за било што. Верувам дека е тешко мајка да чека, НО! трпението ќе се исплати. Јас го ставам само на стомак најчесто што може ради зајакнување на вратна мускулатура и не го кревам на првото кенкање. Ако плаче или вришти нормално ќе го свртам/кренам бидејќи не сакам да добие негативна асоцијација со тоа.
    Децата се поспособни отколку што си мислиме ние возрасните. Верувај му на твоето дете и уживај во секој момент заедно.

    П.С. Не слушам никој што ми вика, дигни го/сврти го, земи го во раце итн. жалче е. Со жалење не му помагам на детето.
     
    На hannybanny и bgirl6666 им се допаѓа ова.
  7. bgirl6666

    bgirl6666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    360
    Пол:
    Женски
    Se soglasuvam, fala ti za sovetot :l:
     
  8. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    789
    Допаѓања:
    1.277
    Пол:
    Женски
    Не сум пробала. Ама цуце сака само за спиење. Додека е будна не. Имам едни баш поразлични ќе и дадам денес ќе пробам и тоа
     
  9. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    789
    Допаѓања:
    1.277
    Пол:
    Женски
    Од 4, 4 ипол месеци
     
  10. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    789
    Допаѓања:
    1.277
    Пол:
    Женски
    Со регресија се мачиме. Дење сега едвај заспива, а кога ќе стане од дремката во 3 не спие до 7 или 8. За навечер ќе пробам така да ја оставам да презаспие па ќе видиме како ќе биде. И бара почесто за јадење. Најинтересно ми е дека станува сабајле во 5 и почнува да гуга на цел глас. Додуша ми се плаче од што ми се спие ама па и убаво ми е :rofl:
    Може беше кенкава и вакцина прими во петокот. И исто не сака кај други во раце. И цело време бара да ја држам. А машала веќе е 8 кила.
     
  11. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.836
    Допаѓања:
    2.632
    Пол:
    Женски
    Од 15-19 недели е.
    Инаку за спиењето преку ден бебе спиеше по 30-40 минути дремки, почнав да зголемувам тогаш дремки од 1,5 на 2 часа будност четири дремки за да го легнувам накај 7. За млеко некогаш повеќе сакаше да цица некогаш помалку кога како. Јас имам среќа што моево несака многу во раце, повеќе сака да лежи, додуша од новороденче е такво. Си лежи си се врти си дига ноџиња си се смее самото си фаќа играчки па се врти со нив.
    И со вакцината исто имаше мака ама од ротата многу грчеви имаше, за среќа траеше тоа три часа после му се смири.
     
  12. EarthFire

    EarthFire Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    1.315
    Мајки што сте возачи, дали се возите сами во кола со бебето?

    Леле јас не се чувствувам сигурна да се нафатам, не знам што да направам ако почне да плаче сама позади во транспортер (а плаче 50% од возењата со кола кога нема да заспие). И тоа ми е хендикеп, нонстоп зависам од некој или да не вози или да ја занимава позади додека возам јас.
    А па и татко и ми мрчи да не сум ја возела сама :?:
     
  13. 1001Ana1001

    1001Ana1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2022
    Пораки:
    459
    Допаѓања:
    188
    Да, цело време со првото а сега исто планирам и со второво. И мене ми беше хендикеп и не планирав да чекаѓ или седам дома или да сум обврзана само пред зграда со количка.

    ќе си влезеш во кола, не брзаш никаде, ќе си застанеш, бациш, смириш и пак продолжиш. Види некои песнички или играчки да висат на седиште. Ти ветувам дека вториот живот ќе ти почне кога ќе можеш сама секаде да стигнеш. Ти посакувам среќа и трпение а и да поплаче 5 мин додека паркираш не е крај на свет. Со лесно ❤️
     
    На EarthFire му/ѝ се допаѓа ова.
  14. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    9.108
    Допаѓања:
    27.231
    Пол:
    Женски
    Ако плаче, ќе застанеш, смириш и тераш.
    На обиколница сум застанувала и сум нишала, враќам во седиште и тераме.