јас го возам сама од 1ипол месец прв пат го возев позади а немав ни огледало и за враќање назад ми се утиши немав како да застанам и ептен си направив стрес. Кога застанав он цел обесен заспан јас мислев се онесвестил. Од тогаш си го возам напред до мене. Знам не е правилно ама возам внимателно, со сејф сити и другите возат повнимателно. Столчето ми е поназад да не допира до делот преден за да не се уклучи airbag не дај боже. Му зборам, на семафори го галкам, играчки висат, тропкам, цуце ставам. Ќе се снајдеш сега почна да плаче повеќе кога се возиме и ретко заспива па гледам макс 15мин 20да е вожњата до поблиски места шетам.
Да и мојот на сите им досаѓа да го шетаат нон стоп, мене не. Инаку бебињата со кого како се научат дефинитивно. Како сите заспиваат сами/ јадат во градинка а дома не.. Моето поголемото баба ми го чуваше ама не можеше да го ниша за да заспие дека стара ептен, сам во креветче само со нејзе заспиваше и спиеше дневни дремки кога тргнав на работа..
Имаме 3 недели и бебе нема какано скоро 4 дена, се вие се вцрвенува плаче а мене ми е мака незнам како да му помогнам да се олесни малку, ваши мислења до колку дена е нормално оваа некакање и што сте правеле вие имаме и грчеви и сме на доење
Мајка, ако возиш бебе напред на седиште, аир баг ЗАДОЛЖИТЕЛНО мораш да го исклучиш. Ова е многу важно, те молам прочитај на нет. Ова е една од тие фатални работи за што треба само еднаш да се случат
Кај мене не тежи доволно седиштето со бебе и аирбагот е исклучен, кога ќе дадам контакт свети аирбаг офф. Чет џпт прашајте го мајки ако ви треба помош
Во ред можеби сега не тежи, за некоја недела/месец бебе ќе порасне. Едноставно е една од најопасните работи да имаш бебе напред со вклучено перниче. 5 мин е работа да се исклучи/уклучи.
Пробувам на подлога ја ставам. Насабајле сака и лежи 20 минути. Од денес открив новост, сака на тераса во релаксаторот, ама па времево се расипа пробувам секој ден по нешто, некогаш успева некогаш не. Не ја оставам да плаче зошто два пати капилар и пукна во окото. Иначе со татко и лежи и со бабите исто, не многу ама пак, очигледно си има научено дека јас ќе ја држам ако заплаче. Од пред два дена почна и да се закашлува демек, за да ја кренам. Во раце не кашла, само на подлога и во релаксатор. Кај други во раце сака ама ако не е гужва. Ако се двајца на пример. Ако дојдат повеќе луѓе и тоа е проблем. Ние сме криви, така ја научивме. Плачеше многу од грчевите и цело време во раце и сега ќе плачам јас.
Знаат они, осеќаат најмногу! На татко ми така му прави,знае дека он го шета и е повисок и кога ќе седне му мрчи хахаха пресмешен е
Не е страшно штом е на доење. Следи дали има доволно мочани пелени и ако секоја сменета пелена е мокра тогаш е во ред и ако повеќе денови не кака.
Тогаш не се грижи, обично може и до 10тина дена да не какаат ама нормално е тоа ако се на мајчино млеко.
На 3 недели и 1 ден, по препорака од педијатар од Плодност, започнавме со Babytol Coli поради грчеви и некакање неколку дена. Бебето е исклучиво на доење. По воведувањето, се регулира за неколку дена.
Леле изгледа иста судбина ќе имам... и мојсвс многу грчеви има и заспиваше само во раце, сеа се снаоѓам за дневни дремки во кенгур ама си сака контакт детето Иначе какви се овие промени, прв месец ипол обожаваше количка така и заспиваше по 10 000 правев на ден , сега штом ја ставам цела населба ја крева во воздух од плачење и не можам никаде да мрднам.... се мислам за во кенгур ама беше топло мн викендов со сонце, како да и ја заштитам главата?
Го возам сама од три недели. Низ цел град, секаде го носам со мене кога нема кој да го причува. Бевме еден ден и во друг град. Сега се спремам за Охрид да го носам (wish me luck). Транспортерот ми стои на предно седиште, до мене, свртен обратно. Значи бебе гледа во седиштето. Кога плаче се снаоѓам. Некогаш ме преморува, плаче, па морам да застанам и да го земам во раце за да се смири. Од играчки за занимавање и ставање во уста (бидејќи сè става во уста): кабел и шише. (ги обожава "играчкиве"). Може и некоја ќеса, да му шушка. Кога ќе му здосадат може цуцла, ама наопачки ја става во уста. Некогаш и некоја тропалка му давам, ако ми текнало да земам од дома. Биди храбра и одлучи да отидете сами, прво на кратка релација, 2-3 км, па ќе видиш како ќе биде. Темпирај кога на бебето му е време за спиење, тогаш излезете. Не е тешко, треба само да одлучиш.
Епа со среќа дијагноза на рбет Денес во 5 стана агуу ауу и најновата вештина брррр со балончиња од плунка Викендов дека беше топло ни јакна ни капа во кенгурот не и ставив. Мојата се роди со многу коса и многу се поти кога и е топло, па ми е страв да не ја разболам. Кога дува ветер имам тенки памучни капи, ама за ушињата најдобри се оние капи како со додаток за уши. Овие обичните од што мрда цело време ушите и се надвор и џабе капата. Или ако трпи трака за глава со машна. Купив милион и нормално дека не сака да ги носи.
Брррр и на храна ако прави, со среќа . Тушира бебе со кашите. Сега па има и нова вештина како жаба крека .
Здраво мајки, Синоќа синчето (4-месечна возраст) во спиењето се накашлуваше - неколку пати во текот на ноќта што до сега се нема случувано. Од сабајлево и киваше така почесто од вообичаено. Денес сабајле имавме закажано кај матична на контрола бидејќи имаме вакцини за 2 дена Го преслуша нема ништо на гради но рече дека му е вцрвенето малку грлото и дека ова било како почеток на разболување според неа. Не даде ништо, само физиолошки да ставаме во носе почесто и да чистиме (не му е затнато, не му тече бар засега) Што правите во домашни услови за да се спречи било каква настинка/грип? Што може да помогне и што смее да се прави на оваа возраст, искуство од некоја мајка? Прв пат сме родители и затоа секој совет е добредојден.
Истот ни се случи. Само што ние на вакцина кога бевме тогаш виде докторката дека грлото му е црвено и не вратија т.е одложија вакцина за 3 дена. Ни рече ако не му се влоши црвенилото и ако не крене температура ќе прими вакцина. Следно кога отидовме исто му беше грлото ни подобро ни полошо. Вакцина си прими. Исто ништо немаше на плуќа само грлото и само марисимо прскав во нос и чистев вадев мрсули. Ништо друго. За неколку дена (т.е се на се едно недела дена беше таков) му помина и кашлање и секрет од нос.
Леле за ова со кашлањево. Моево од минатата недела почна така. А го ставев на меше почнуваше да кашла. Првите неколку пати се уплашив дури, го кренав одма, дури си реков леле да не настина... после го сетив што финта ми прави и сега го оставам нека си се накашла и нека продолжи да си лежи Моево така почна и со храната засега малку јаде, потаму ќе е забавно ако продолжи