Нас така д-р педијатар ни даде тогаш тој период исто мултивитамини well baby Мислам дека помогнаа Само што кај моето бебе не прима вакцина оти качи температура ден два па правев крвна слика после 10 дена па после на вакцина ( ова втората вакцина) А за третата исто се разболе пред вакцина ама со кашлање температура и бактерија во нос и пиеше антибиотик па две недели па крвна слика па на вакцина
Што правите со вашите бебиња кога ја пикаат раката во уста? Моево по цел ден му е во уста и често и иде нагон на повраќање или се закашлува а се нервира и плаче ако и ја тргам
Дали ги оставате бебињата без пелена, голи да мрдаат? Јас кога и да го оставам без пелена обавезно ќе почне да ика и кива, нозете и рацете менуваат боја и му се ладни а во собата температурата е 23-24 нонстоп, на клима се грееме Се си мислам дека му е ладно Инаку бебето е еден месец
Ја оставам. Исто се закашлува и и иде нагон за повраќање. Само често и ги мијам рачињата пошто секаде фаќа. И ја тргам само ако видам влакно или некое ѓубренце, чистам и ја оставам пак.
Мојата икаше по 5-6 пати, сега малку поретко дури и и ден промашува, се кивањето уште и трае. Не сум ја оставала ни тогаш ни сега гола. Понекогаш само без чорапчиња ама кратко.
И јас ја оставам голичка, обожава гола да се тегне (така се смирува кога е нервозна, ја соблакам ), и со раче во уста ја оставам.
Мајки кога почнавте да ги носите бебињата свртени нанапред со кенгур? Моето има скоро 60цм ама како да почна веќе да се нервира што го носам свртено кон мене.
Ние сега почнавме на 4 ипол месеци. Сега и купивме кенгур, а и никако не беше опција да не гледа напред. Мојата е 64см.
Ние го имавме купено порано и уште на неполни 2 месеци почнавме да го ставаме зашто за количка неќе да слушне ама сега како почна да се буни и во кенгур не знам што ќе правам. Страв ми е да не е рано за да го свртам напред. Сега ќе полни 3 месеци. На кенгурот пишува дека е за 0+
Мислам дека кенгур до 6 м треба да е свртено кон тебе поради колкчињата А со соодветни кенгури може да се користи од 0+ ама кон тебе нормално
Јас обавезно го оставам без чорапи И бабите ме изедоа жива за тие чорапи А кога му менувам пелени го оставам секогаш малку така голо да седи
Мамички, ве молам прогуглајте на Интернет или најдете на Јутуб видео зошто не треба да се носи дете свртено нанапред во кенгур.
Ја оставаш во уста, ако мислиш дека му е нечиста, ја миеш почесто. Јас ги мијам рачињата само наутро кога ќе стане со натопено марамче со млака вода и толку. Моите раце ги мијам по 1000 пати на ден. Раце во уста е важен развоен елемент. А моето сега ги пика прстчињата на долното непце, дека ваљда ќе излегуваат заби.
Мало е и кога е голо му е ладно дури и на 24 степени. На таа возраст и не се движат многу дури и да не е голо, може да му се ладни рацете и ноџињата. Дали навистина му е ладно кога е облечено може да провериш на врат и гради.
Сум ј оставала и уживаше. Ќе ја покриев со тенко памучно кебенце и тоа беше рај за неа. Плус и зима беше тогаш, ама топло дома. Ден денес , само гола и боса да е.