Јас искрено престанав да читам. Се и сешто пишува. На крај ќе излезе дека се не смее. Детето едноставно не постои друг начин на кој што можам да го извадам од дома. Накај мене свртена нема шанси, во количка нема шанси значи се дере плаче се витка. А во раце да шетам дете од 8 кила исто така нема шанси, па јас сум веќе за терапија, се згрбавив, не можам да се исправам ако се наведнам. Како и да е прошетките и се максимум еднаш дневно пола саат до 45 минути. Се надевам дека сега кога ќе наполни 6 месеци ќе седи и ќе сака барем така во количка, да излезам од овие 4 ѕида пред да ме фати депресија.
Ехее јас што се не и дадов. Еднаш му викам на мм леле го отрувме детево. Можеш да пробаш Nurse Harveys сирупче, чај од ким, купуваш ким во водата ставаш 4-5 кимчиња и вариш, саб симплекс давав, на крај најмногу ефект и за какање имаа Гасиметин малку познати околу 300 денари. Иначе за грчеви што и да дадеш, што и да купиш едноставно мора да поминат. Како направи бебе 3 месеци престанаа, а до тогаш барем за мене беше хорор филм. Така и се научивме цело време во раце.
Потврди си со педијатар ама мене за ќерка ми уште од 3 и нешто месеци ми одобри педијатарот да ја свртам количката нанапред и да ја возам во спортскиот дел на 45 степени. Одтогаш почна да ужива во количка и да сака да се вози. Исто беше бајаги крупна и тешка па со количката теравме така без да се килавам јас се шетавме секој ден