Денес бев излезена на роденден седеше 2ипол саати со мм и прифатил шишенце И кога дојдов одма заспа со мене
Околу 4 мес сме, Веќе месец дена само си створи рутина да заспива во периодот од 19 до 20часот, некогаш не фаќа и 21. Станува околу 7часот, поретко 6 или 8, кај нас специфично е што првото будење може да му биде и после 5-6 саати од легнување, а потоа веќе се буди на 1.5, 2, 3 саати. Значи прво баш поврзува и цврсто спие а после само прета и го галам да презаспие. Е сега ние зависни сме од fan noice и по цела ноќ брчи фенот од youtube.
И јас гледам да не е континуирано долго, но во денот ни се собира по неколку саати, што од пешачење, што од возење во него и некако грижа на совест имам, да не правам нешто погрешно. Би ја вратила корпата да ја искористиме уште малку и ама нема да седи во неа веќе, знам. Ако имаш некој да ти ги донесе од Грција infacolic, исто е на база на симетикон ама ги фалат доста. Одобрено ми беше од двајцата педијатри и од приватно и од државно, да давам по потреба.
На бебето на лицето му излегоа вакви црвени топчиња. Некој совет ако имал слични од што може да се и како сте ги третирале. Има сува кожа. Ќе го водам од понеделник на преглед.
Да толку е и јас мислам од тоа што повраќа и бљуцка зошто нема на други места ама не знам што да му ставам.
Колку месеци е бебето? Јас кога видов дека сака да разгледува, а да не лежи го ставив во транспортер, но бргу видов дека е многу свиткано и стиснато и не му е баш удобно. Го заменив со спортско седиште или како уште се вика тој третиот дел дека што седат под агол од 45°. Сега сме и бебе и мама задоволни. Моето има полни 4 месеци.
Чим нема температура, малку кашла, резултати во ред, а само носе ми личи на нормално. Мене педијатарот ми рече до две недели може да трае блага настинка.
И нашата ситуација е иста. Легнување помеѓу 19 и 20ч., будрње наутро помеѓу 7 и 8ч. На 3 до 4ч. се буди за јадење во текот на ноќта. Кај нас дење ноќе брмчи бел звук од Јутуб. Мислам дека и јас станав зависна.
Јас живеам со аспиратор уклучен. Се мрднав веќе а обожавам тишина иначе. Здравје кога ќе порасне може ќе сакам пак тишина
@Cherry333 @hannybanny @Joanna28 вчера се успавме кај 9, спиеше до 6 ипол со две станувања од кои само едното цицаше а второто сам се успа не го ни земав во раце. Ова го сметам за успех Ќе видам постепено ако можеме да дојдеме барем до 20 часот, ама ако неќе неќе. @Anie93 јас почнав да се фрустирам од што не ми заспиваше. Инаку знае мојов слабо да има некои денови дремки, па после да биде преуморен и уште потешко му е да заспие. Уште крајот не можам да му го фатам, ама не ни пробувам нешто многу на оваа возраст.
Јас да ти кажам искрено не се нервирам воопшто. Ме нервираат кај мене ком од мм дека не спие сиг нешто ради мене Моево имаше 3дремки до предн некој ден, сега сам си воведе 4та
не ставаме на лице ништо имам купено мала туба крема мустела з алице ама уште повеќе му ги воспалува. А го бањаме исто со мустела. Ама јас сепак мислам е од лиги што им течат и не е страшно
Бебе има сува кожа, користам од раѓање Bioderma Atoderm , и сега исто од лигавење му се прават во текот на денот, го мијам и мачкам со Bioderma Atoderm и му се повлекуваат.
Како анимирате бебе од 4 ипол 5 месеци? И ставив денес вода со пајчиња да и плутаат да ги фаќа, ќе се удавеше во тањирот. Ја потпрев на перница за доење ко што гледав на видеото ама не се снајде детево мое. Што друго да и дадам за играње. Некако брзо и проаѓа интересот за се. Освен за надвор хаха
И кај нас е слично по образите и вратчето имаме 1 месец но кај нас не е од лиги уште сме мали за лиги и кога напина и плаче оште толку му се вцрвенуваат, незнам дали уште му се чисти кожата или тој дел е нежен