Со какво шише давате млеко на бебе, моето е 7 месеци и сме со Авент 4ка проток или 3ка ама имаме проблем секогаш многу воздух прима и после клоца со ноџињата и не сака да го допие млекото.
Вечита моја месечна дилема. За секој месец се прашувам истото. Ние лежиме на подлога често, со тропкалки му трокам, давам и бебе да тропка, книги што шушкаат, имаме и едено како перниче се полни со вода внатре има демек риби, па таму малку лежи на стомак, ги гледа, ги мрда малку со рачињата. Исто со тропкалката му ја кревам/спуштам горе/доле во висина и му зборувам горе, горе, високо, долу, долу, ниско и кога ќе стигнам ниско до средина на стомак чекам да ја фати со рака и така. Исто имаме и О-топка се вика, со отвори една и може да ги пика прстчињата кога ја зема. Тоа отприлика.
Исто и јас, ајде ќе се повлечат педијатарот ми кажа уште една кремичка ќе му ставам и така ќе поминат.
Зависи од бебе до бебе. Моите и на другарки што се породија пред/по мене се скоро 7месеци и сите се со 2ка. Моите така правеа претходно, клоцање со нозе, се мрдаа цели и не сакаа да допијат, кога и кажав на матичната рече многу брзо им тече, затоа така прават.
Девојки, денес бевме на преглед, бебе само 100гр има качено. За една недела ќе прави 4 месеци. Дали имала некоја слично искуство и што ви помогна? Бевме на комбинирано но веќе скоро месец немам млеко, па и давав Хип. Денес купив аптамил да пробам бидејќи бебе не сака да пие повеќе од 100мл. Користам филипс авент денес отидов купив на др Браун да не е до шишето. Секој совет е добредојден, многу сум загрижена
Со поголемата го имав истиот случај. Мојата одеше и во минус со килажа. По совет од педијатар започнав немлечна исхрана , во која просто уживаше и не одбиваше ништо. А млеко пиеше само во полусон или заспана.
Уј се надевам дека нема да е проблем за немлечна исхрана, уште тоа да одбива. Педијатарот денес ми рече најрано од 4 ипол месеци препорачува да се почне, едвај чекам да поминат овие 3 недели
Мојата од сам почеток е на 3 проток. Немаше сила да влеече. Еве ја скоро 5 месеци уште е на 3ка и ќе ја оставам додека не видам дека се мачи.
Земи поголем проток цуце. Може и тоа да е проблем. Мојата е на 3 од почеток зошто со 2 немаше сила да влече и 20 мл цицаше по 20 мин. Исто овој период 4 месеци се ги интересира, јас ја бркам мојава лево десно со шишето. Ако некој збори или нешто тропне цела се преместува да види што е, па гуга. Ако порано јадеше за 5 минути сега се молиме по пола саат.
Не може заради тебе да не спие. Милион дистракции има во текот на денот, па скокови па не знам што. Инаку што сметаш за дремка? Колку минути? Моево некогаш не спие повеќе од 30-40 минути и тогаш има повеќе дремки. Ама некогаш знае да заспие и саат ипол до два и тогаш подолго ми седи буден а и помалку дремки има во текот на денот.
А ако не му го сменам протокот ќе му направи проблем? Мојот наполни 3 месеци и уште цица од Авент 0+ и цуцањето не му е проблем ама ич, влече јако и за неколку минути знае да го испие млекото а притоа не се буни. Не знам дали воопшто да му го менувам за цуце со поголем проток, а земав за 3+.
Јас изгледа го држам подолго, ама па кога ќе се успие не го буди жива сила Го кревам му зборам ќе го потштипнам ама не, си спие. И после ми седи по неколку саати буден
Нема да има проблем ќе го пратиш ако се мачи и не е испиено млекото после пола саат ќе треба да му смениш. И мојава сега гледам дека веќе е за проток 4 според тоа што пишува на шишињата ама не и менувам додека не почне да се мачи.
Вчера бевме на педијатар и ни кажаа да почнеме со вкусови. Ми рече не во блендер, туку на вилушка пасирано и сабајле земав сварив морков го испасирав и ми се виде многу крупно и не и дадов. Блендерот ми цркна, така да денес да земеме друг и од утре ќе почнеме. Ми е страв да не се дави. Како поминавте вие? Плус ми кажа педијатарот дека по ново нема листа по месеци што да внесува, туку дека од 4 до 6 месеци да проба се. Вика ако најдеш убави јагоди слободно дај и да проба. Јас нема да и дадам толку рано јагода и друга храна што е алергена, некако страв ми е. Додуша не знам ни како ќе реагира ни дали ќе сака да јаде воопшто сега. За 3 дена ќе наполни 5 месеци.