Јагодата не е алерген, може да предизвика црвенило околу устата и на пеленската регија од киселините ама не е алерген. Ти секако нема да дадеш 5 јагоди да изеде Овие се алергените за кои треба да се внимава: Млечни производи Јајца Јаткасти плодови Глутен Риба и морски плодови Соја Сусам И да, може да се даваат одма штом ќе се воведува цврста храна, ама новите препораки се да се почне со цврста храна од 6 месеци, а не од 4. Јас почнав 5 дена пред 6 месеци и ги воведов скоро сите алергени до 8 месеци
Ако почнете, не спори никој ако така сте решиле, ама препораките немаат врска дали е АД или е ексклузивно доење. Башка што млекото во било каква форма е примарен извор на исхрана до 1 годинка, затоа не менува како детето се храни Инаку, не зборам за препораки од нашите педијатри, затоа што јас искрено ним за многу одредени работи не им верувам, туку препораки од светски здравствени организации
Ќе пробаме ама не значи дека ќе сака да јаде првиов месец само вкусови. Оброк од следен. Да ти кажам јас сум решила да и верувам на докторката затоа што има многу информации и веќе мозоков ми е пуф не можам да се замарам.
Дали мислите дека бебе може да има грчеви и запек од капките на Babytol d3 I k1 и babytol omega3, читав на една страна дека баш од оваа фирма се стварало грчеви и запек
Шкртни како ќе прифати цврста храна. И јас се мислам од наредна недела ( да прими вакцина и косултација со докотр) да почнам со вкусови ама го гледам дека не е заинтересиран да отвара уста на лажичка. Исто се мислам дали одма со пасирана на виљушка или блендано. Со поголемата се зезнав со тоа блендано па до 3 год јадеше стрикно само блендано, не знаеше да џвака
Ист совет, исто почнав со морков пасиран. Од памет ме извади со нагони и со тресење..од утрето теравме блендирано
Можно е... баш на сестра ми бебчето скоро почнаа да му даваат со омега тие (3+м е) и наеднаш од нигде никаде почна да има пак грчеви. Почна да пие и сируп мултивитамински од тој период и мислеа дека и од него е. Ама др им рече дека можно е да е од Бејбитолот со омега...
Јас мислам да правиш како ти чувствуваш. Не верувам мајчиниот инстинкт да греши. Ние сме почеток на 5ти месец, а мм веќе ми се качува на глава да почнам со немлечна храна. Јас којашто сум буквално 24/7 со детето гледам дека не е се уште спремно и не планирам да почнувам. Инаку и да имам препорака за гмечена со вилушка, ќе почнам со блендирана, затоа што сметам дека така е подобро. Има мајки почнуваат со BWL, но јас не сум подржувач на тоа, што не значи дека тие што се не треба да се.
И јас така мислев ама не, грчевите си поминаа, а ние не прекинавме со капките. Капките се важни, совет ни беше од педијатар да не ги прекинуваме.
Ќе пробам неколку дена да не му давам за да видам разлика, ако нема разлика секако ке продолжам да давам ако не ке барам замена од друг бренд да не е тој
Ја сум алергична на јагоди со гушење ... не знам од каде ти е информацијата ама грешна е. Кога се тестирав ми рекоа може ресираторно да е алергијата или кожно.. кај мене беше респираторно, совет беше да оддложам давање кај детето.
Јас давав пасирано ептен имам страв од гушење, не се секирај дали со вилушка или со блендер..секако после 2рата година прекинуваат било што да јадат
Не реков дека не може човек да е алергичен, реков дека не се дел од најчестите алергени Човек на сешто може да е алергичен, ама процентуално се знае кои се најчестите и најопасните алергени кај мнозинството
Јас ја добив листата по месеци и по таа ќе терам. Овие нови моди, правила не ми се многу за верување. Не се брзам никаде. Ќе пробуваме месец за месец како што е пишано. Има време и за јагоди и за јајца и за кикирики путер и за се.
Како мислите така. Новите „моди“ што ги нарекувате се засноваат на нови истражувања, никој не си измислува работи од ракав. А според нив, колку порано се воведуваат алергени, толку помала е шансата за развивање на алергии Освен во случаеви како со членката каде што детето има индикации да биде склоно кон некои алергии, тогаш може да се смени пристапот.
Откако останав бремена до денес само нешто ново ми се кажува, само некои информации и веќе едноставно не можам да се замарам. Прво нека прифати она да јаде. Се друго е лесно после тоа. Ако не сака се ми е џабе и рано пробување и се. Јас бев алергична како дете на полен и производи од мед, ама еве сега не сум. Здравје, како ќе биде така.
И јас денес го носев на педијатар и добив насоки за постепено внесување, и така и ќе правам. Да видам дали е заинтересиран господинот за таков оброк. И прво ќе блендирам да видам како ќе прифати.. па ќе пробам и пасирано, он прво нека научи да јаде такво.