Јас се приклучувам во клубот "без коса постпартум". Не знам како ќе терам, ова опаѓање е претерано. И се шишав и шампон направив, џабе. Дополнително што ја кинам ваљда од држење во реп, ама па не можам да ризикувам да ми стави некор влакно во уста.
Мене ми почна втор месец после породување и цело време имам кај него во рака, он се држи за косава плус, до сеа ништо не му е Ај што е цела куќа ама некни во машината за садови ми исаѓале и едно на висачите во кујна закачено и си виси. Нема кај нема
И јас сум иста со влакната. Оној па мажон а му дојде некое при рака ми се дере, уште тој ми фали ко божем јас гледам кај се митарам
Исто, и мојот е таков. Цело време ми е собрана во штипка и еднаш само ја извадив да ја наместам и одма коментар браво тука ли најде вака така да објаснува. А, најако му е ми вика оди шишај се, да шишањето се ќе среди као божемски .
Здраво женски совет: 4 ден ПП со царски, второ дете. Млеко имам, не количински колку што би сакала но е во ред со оглед дека дури вчера воспоставив лактација. левата града премногу ми крвари, бебе одбива дури да цица а мене ми е неподносливо, до степен ми иде да си ја исечам цела града. Пробувам и со ланолин нонстоп, гради голи и со силиконска исто, ама подобрување нема. Дојам само на другата града плус давам дохрана 60мл. Совет како да забрзам процес на закрепнување, дали може да се зезне лактација или да оставам 2 дена недопрена града? Да напоменам, дојам, па после додавам дохрана ако продолжи да плаче.
Јас сакам да си прашам за забчиња. Сите што ја имате минато таа почетна фаза со први деца, споделете искуство ве молам. Ние почнати сме веќе, се живо се "грицка", прстињата нон стоп во уста, дури и навечер на секое будење. Колку време трае до пробивање на првите запчиња?
Кај нас почна некаде од втори месец рацете во уста, тогаш педијатарот ни рече дека многу го чешаат непцата и дека се набабрени. На 4 ипол месеци му искочи првото запче доле кец, после неколку дена и второто до него. После еден месец точно и двојка една доле му искочи, сега е нервозен, кенкав, рацете во уста со прстето си чепка кај другата двојка доле што треба да му пробие. Инаку за првото запче не осетив нешто поинакво од тоа што вообичаено правеше, рацете во уста како и претходно, тт немаше никаква, нервоза минимална, со спиењето преку ден и навечер освен таа регресија што се појавува тој период нели будење после 30-40 минути за дневните дремки, не се смени ништо.
Мајки можно ли е на 3 полни месеци допрва бебе да почне да има грчеви? До скоро никаков проблем немаше си спиеше добро, сега ноќе ми се буди почесто и не е за цицање зашто му давам ама се трга, се тегне, ги витка ноџињата и потпрднува, се гледа дека му е мака на мешето. Му давам Еспумисан ама не гледам некое подобрување. Памтам спомнувавте тука некој друг сируп и чајче. Какво чајче дававте и колку количински смее да се даде? Не знам дали да купам и да давам на своја рака или да барам педијатар. Инаку и со какањето ми забушава некогаш по 2-3 дена нема да се искака иако тоа не го сметам за алармантно зашто е на доење ама сепак може и тоа да придонесува.
те молам не му давај ништо на бебето на своја рака или само дека тука имаш прочитано нешто, треба да се консултираш со педијатар
може да има, ама консултирај се со педијатар обавезно. Реално тие се капките што ги препорачуваат , немаш некој голем избор и ќе помине само од себе. Прави му вежби со ножињата, масирај стомаче, на моето многу помагаше топла вода на меше па секој ден навечер тоа правев. Види ти да не имаш променето нешто во исхрана , да не имаш внесено нешто што би му направило мака, мојата реагираше многу јас кромид кога јадев а на другарка протеин кога почна да пие. Како и да е ќе пројде само за некое време
Апдејт, се слушнав со педијатар, рече по потреба Nurse Harvey’s сируп само кога има тегоби и доколку давам дохрана (макар и еднаш во 2-3 дена) а давам понекогаш по еднаш навечер да сменам формула.
Инаку во исхрана мислам дека не сум сменила ништо, ама формулата која му ја давав повремено да. Прво земав Hipp Combiotic, после се префрливме на регулар Hipp. Ми препорача сега Novalac IT. Ќе смениме па ќе видиме како ќе реагира. А многу би сакала скроз да ја исфрлам формулата ама некои вечери особено периодов како наполни 3 месеци е многу гладен и кога ќе исцица се од двете гради го гледам дека се мачи, се нервира бара уште а нема и морам да му направам дополнително од формулата.
Ако си во близина на К. Вида, имам чај на холе и лактамикс скоро полни кутиите, и капсули лактил ако сакаш да пробаш за подобра лактација. Исто ми помагаше овесно млеко кога приметував дека ми се намалува млекото
Што правите за затнато носе? Ставам капки бекутан и влечам со носко. Нема ништо друго освен растечено носе со бело прозирен секрет и кива почесто. Нешто друго да помага или тоа е за сега?
Мајки не знам каде да пишувам сакам да прашам др светлана зотовска во ѓорче утре која смена е дали знае некој да ми кажете
Не е лошо Ама се мислам за електричен. Ова дур извлечеш од дете што се дере и мрда со цело тело агонија.