е фала што ми кажа јас не сум ставала физиолошки раствор ваљда проблем немам направено, дали може да ми кажеш кој физиолошки раствор го користите?
Проблем може да му ја иритираш слузницата, на моево кончиња крв му искачаат кога е затнат од влечењето. Аква марис бејби јас, имам пробано повеќе овој ми е најок.
Јас Бекутан физиолошки раствор користам од почеток. Сега во Зегин го немаше па ми дадоа Ocean bio actif. Тој е добар прскаш од едната страна од другата излегуваат мрсулите.
Пази тој многу јак млаз има, јас го користев долго, мислам може и од него да му повредував некој капилар кога прскав почесто.
Па тој и го прскам кога гледам дека е полна во носето. Иначе од кога е родена и прскам Бекутан. Некако ми личи дека е побезбедна опција за секој ден.
Мајки дали сте давале фероглобин капки? Малото ми е анемично ни дадоа фероглобин (прв пат ги давам тие) големото малтофер ми пиеше и најдобар ни се покажа. Ама докторкава неонатолог на детска кога ми кажа деца со малтофер ни завршувале на трансфузија овде и бев приморана да му земам фероглобин..
и јас користам бекутан до сега не сме имале проблем. А имам приметено дека не тече на секое шприцање навален па пола што се вика го трошам во воздух. @hannybanny дали ти се случува тоа?
Мајки, има ли негде низ форумов тема за почеток со немлечна исхрана? Како што гледам таа со оброци е друга намена. Планирам да почнам на точно 6м па секој совет е добредојден. Што би споделиле како за почеток(нешто што вас ви значело)
Јас исомар бејби го користев од тој тип, исто, првата прска не беше цела па мораш да го "разработиш" на страна па да прснеш во носе. Е овој аква марис бејби спрејот е под притисок, секогаш исто прска, таков е и био актиф, ама многу послаб млаз има аква марисот. Првото дете не му течеше нос ич, со ова студија за спрејовиве можам да напишам
И јас барав таква тема ама не видов А баш ќе заврши работа за некој како мене шо нема појма од кај да се почне
Читам тука сте пишувале за Носко... и ние зедовме, почна да плаче само што ќе пуштиме правосмукалка... ама мора да чистиме. Не излегуваат нешто многу мрсули, додуша бебе е, може и тоа што излегува е океј, немам баш осет колку е многу за бебе. А грчи кога дише и кашла длабоко ко да има и шлајмче... Прв пат ни настинува, право жалче е, не знам како да му помогнам, го гледам се мачи, кашла ли кашла... И уште нешто да прашам. Ни кажаа да правиме инхалации. После инхалација да тргам пак со Носко? Вчера кога ставивме капки во носето почна уште повеќе да кашла, не знам дали се подзаскрна од капките ако му отиде во грло, или така се погодило... ви се случило?
Јас почнав пред 3 дена. Сварив морков и и дадов една лажичка само ми беше страв повеќе. Во саботата и дадов пак морков 2 лажички и вчера и дадов 50 грама. Варам морков ставам малку вода и пасирам со рачен блендер. Нас педијатар ни кажа пробување вкусови секој нов вкус 3 дена го пробува по 50 грама ама мене ми беше страв па почнав со едно лажиче само. После две недели да внесам оброк од 120 или 150 грама со житарка безглутенска. Денес ќе пробува тиквичка. Иначе јас почнав со зеленчук ради бабини деветини дека така ќе јаде повеќе солено од благо па ќе видиме дали е точно или не Едит: многу битна работа е лигавче со ракави мојава се направи лом. Пикаше раце во уста се мачкаше по фаца по блуза хаос. А не ни почнала да јаде саглам
Ако ти е настинато нас педијатар ни рече да мачкаме фитобалм на градот и грб. Вака со мајки кога збориме многу често со свинска маст ги мачкаат па и тоа се мислам да пробам мада мојава е само затната. Иначе за носко знам дека не треба цело време да се чисти наводно стимулира постојани да се создава секрет. Сабајле и навечер и пред јадење.
Фала ти И нас домашниве ни кажаа за свинска маст со малку сода бикарбона, синоќа ставивме, си викам нема штета од тоа. И малиов инаку така беше малку подзатнат 1 недела. Пред 2-3 дена почна малце да поткашлува, од синоќа многу повеќе... Да поминува брзо кај сите дечиња, и да чува Господ од полошо. Ептен жално ми е да го гледам вака