Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. Eho

    Eho Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2024
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    463
    Пол:
    Женски
    Од што сум читала мислам само Ergobaby се добри, за таа М позиција на газето и нозете на бебето. Доста е скап додуша... Размислете и на старо ако најдете да купите. И ако има некој од Германија да ви донесе, нов може да се најде за околу 100 евра, а и на старо некои нови или скоро како нови за 40тина евра.
     
    На Макаронкаа му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Макаронкаа

    Макаронкаа Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    60
    Пол:
    Женски
    Каде можат да се најдат кај нас Ergobaby?
     
  3. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    775
    Допаѓања:
    4.467
    Пол:
    Женски
    Има и други кенгури што имаат позиција што бебето го држи во М положба, не се само Ergobaby. Кенгурот што го имам јас има таква положба, а плус има и положба за свртено напред и за носење на грб. 5000 денари го купив од enci menci.

    Во oxymammy ги има. Побарај ги на инстаграм.
     
    На Eho му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Eho

    Eho Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2024
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    463
    Пол:
    Женски
    Не знаев, се извинувам за погрешната информација @Макаронкаа, така ми беше останато во главата :tmi:
    Убаво е да се знае, има многу разлика во цената.
     
    На Макаронкаа и poker_face им се допаѓа ова.
  5. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    775
    Допаѓања:
    4.467
    Пол:
    Женски
    Да да. Мене тогаш не ми се ризикуваше зашто не знаев дали ќе седи во него па ова ми беше поефтина опција а сепак добра. После ни излезе најупотребуваното нешто што сме го купиле. Да знаев дека ќе го сака кенгурот ќе купев ергобејби ама скроз сум задоволна и од овој.
     
    На Anastasia579, Макаронкаа и Eho им се допаѓа ова.
  6. Макаронкаа

    Макаронкаа Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    60
    Пол:
    Женски
    Кој модел точно ви е ?
     
  7. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.558
    Допаѓања:
    29.271
    Пол:
    Женски
    Дали ви се има случено да има малку црвено во пелената при менување?
    Изгледа како крв ама како да не е крв..
    Два тринпати при менување го заприметив.
    Иначе станува збор за дете старо 3 дена.
     
  8. Eho

    Eho Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2024
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    463
    Пол:
    Женски
    И моето имаше, ми кажаа дека на почеток е нормално. Ќе имаше мочкана пелена и малку како портокалово/црвенко како крв. И вистина по 1 недела отприлика се среди.
     
    На k.frosina му/ѝ се допаѓа ова.
  9. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    775
    Допаѓања:
    4.467
    Пол:
    Женски
    Infantino carry on multipocket.
     
    На Макаронкаа му/ѝ се допаѓа ова.
  10. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.558
    Допаѓања:
    29.271
    Пол:
    Женски
    Добро не е само моето, се исплашив дека нешто не е во ред.
    Извини уште едно прашање колку ти беа мокри пелените на почеток?
    Не знам што се мисли на мокра пелена,се познава дека мочкал на едно место како лочка,ама тоа не е кузнај колку мокра пелена.
     
  11. Eho

    Eho Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2024
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    463
    Пол:
    Женски
    Исто беше и кај нас. И мислам ако памтам добро дека баш и ради тоа ми кажаа дека се прави црвенкото, дека не внесувал многу течности, дека уште не му е изрегулирано.
    Не се секирај, малечко е, не ни може да мочка којзнае колку многу. Моето имаше жолтица, беше успано и му менував пелена често за да го расонам малку пред јадење, секогаш малку мочкани беа. Ќе го пратиш ти секако, само без грижи, на почеток мислам нормално е :hug:
     
    На k.frosina му/ѝ се допаѓа ова.
  12. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.558
    Допаѓања:
    29.271
    Пол:
    Женски
    Фала ти:hug:
     
    На Eho му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Nala1806

    Nala1806 Активен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2024
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    189
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите, не ми се верува дека конечно пишуваам во оваа тема, се надевам е соодветна. :)
    Скоро сум 8ми месец па полека се спремаме, за летно јулско бебе ми треба совет околу козметиката. Сакав да користам маслена купка на мустела и лосион и крема за пеленска регија од веледа. Што мислите?
    И препорака за прашак Ве молам
    Фала ♡ и поздрав до сите.
     
  14. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    1.511
    Пол:
    Женски
    Прашак првично купив фрош ама не можев јас да го поднесам мирисот па сменив со Виолета добри се за неа и двата. Во однос на козметика зависи од детето. Јас 3 сменив додека се доведеме во ред. Сега користиме Веледа и супер и одговара. На почетокот бидејќи имаше доста сува кожа ни помогна само Адерма ја нема кај нас од Бугарија ми ја донесоа.
     
    На Nala1806 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Thinkerbell97

    Thinkerbell97 Активен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2023
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Здраво:)
    Кажете ми тие што го поминавте скокот во развој на 4 месеци, околу која недела заврши и си спиеше ли бебе без чести будења во текот на ноќта?
    Моето пред ова си спиеше по 7-8 часа, сега на час и пол/два се буди за цицање( пробано е да презаспие без тоа, не сака) и често тешко презаспива, веќе е 20 недела
     
  16. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.790
    Допаѓања:
    19.914
    Со две деца не ми се случило. Мочкани пелени се гледаат нема да ги угнеп. Ова може да е портокалово што би значело дехидрација... на доење е?
    Јас би се јавила на лекар, не ми е ок ниту крв
     
  17. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    1.511
    Пол:
    Женски
    Мајки вие што имате поголеми бебиња и деца кога почнаа да се вртат на името?
    Мојава е 5 месеци и скоро 2 недели, некогаш се врти, некогаш колку сакаш збори, тропај она во нешто се загледала и не реагира.
    Иначе се смее кога ќе не види, му се радува на мачето и го прати во чекор, се ја интересира, што ќе мрдне, кој ќе прозбори мора да види, си гуга (уште нема баблинг) ама си кажува нешто.
    И ме фаќа некоја грижа за ова со името дека не секогаш реагира.
     
  18. Sunrise!!!

    Sunrise!!! Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2023
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    643
    Пол:
    Женски
    5 месеци бебе уште ништо не разбира какво име да знае
     
    На bgirl6666, hannybanny и Cherry333 им се допаѓа ова.