Мајки што доите, бебе 3недњли старо, сѐ уште се мачиме со плиток фат. Но сепак супер напредува и јаде нонстоп. Но мака мачиме што се дави и закашлува додека се дои. Ждригнувам бебе, но после одреден период блуцка, па после ика, па плаче, и сето тоа во круг. Додека да дојде време да сврзам некој саат за спиење, оп одма будно. Мене ми е јасно дека воздух голта додека се доиме, ама не знам веќе што да правам
Сите бебиња независно дали се доени или на АД бљуцкаат и икаат. Мојата има 5 месеци сега веќе поретко ама се уште истото го прави. Плаче најверојатно затоа што веќе има грчеви се поминува после третиот месец. И спиењето особено за мајки кои што дојат е невозможна мисија. Се правиш како што треба не се секирај се ќе помине за многу многу кратко. Јас се чудам кога беше кога се жалев по форумов дека бебе цело време плаче а кога пројдоа 5 месеци и веќе во раце не ми ја собира.
Не мислам дека се грчњви, според дефиниција е плачење повеќе од неколку саати, неконтролирано. Бебе магично е спокојно во ист момент кога ќе биде кренато во раце. Јас син ми што сега е голем дечко од скоро 3г, ем го доев ем додавав и АД, па не се сеќавам да имаше било какви проблемчиња со рефлукс. Икање да, ама со усул да кажам хаха.
И кај мене беше така и дури сега на 4 месеци некако фативме ред.Најверојатно имаш многу млеко и јак млаз му оди и се засркнува.Совет од педијатар беше пред да цица малку да се одмолзам па да му дадам и дур цица да е малку поткренато, јас прекрстувам нозе под колено една перница, над колено друга и на неа потпирам лакт ем мене позгодно ем бебе поткренато.По подој од кога ќе подригне го држам околу 15 мин на рамо.Исто ме советуваше педијатарот да спие поткренато, под душекот стави нешто кај горниот дел, јас не успеав да го наместам да биде удобно па земав антирефлукс перница.Најмачно е до 40дена, бебе се спознава со нова средина, нов начин на исхрана и му треба време да се адаптира ама верувај ќе помине дур да трепнеш.
Здраво мајки, Пред 2 месеџи се породив. Царски , ГАК. На вештачко млеко сме. Имаме проблеми со спиењето, сака само во раце. Еднаш или 2 пати ско спие во гнездото. Кадр згрешив. Прво дете ми е
Здраво мајки, Пред 2 месеџи се породив. Царски , ГАК. На вештачко млеко сме. Имаме проблеми со спиењето, сака само во раце. Еднаш или 2 пати ско спие во гнездото. Кадр згрешив. Прво дете ми е
Никаде не си згрешила. Си бара близина бебе и нормално е тоа. Сите бебиња во 99% од случаите, го прават истото.
Никаде не грешиш. Мојата додека не наполни 4 месеци, дење спиеше исклучиво во раце. Ако ја легнев одма се будеше. Како наполни 4 тоа се смени и почна да спие на кревет. Јас тоа го памтам како најубавиот период. Ќе си направам кафе пред да ја заспијам сабајле и ќе си ја држам и ќе си спие она. На следните дремки Нетфликс си гледав. Уживај затоа што сега толку бара внимание што немам време во тоалет да отидам. А многу брзо летаат месеците.
Апсолутно нигде не си згрешила. Едноставно детето е такво си сака во раце. Можеби за месец два ќе се промени т.е во 4ти скок ама подобро помири се со тоа дека ќе си го држиш во раце цело време се додека не потпорасне. Битно бебе да е здраво, весело, среќно, задоволено а тоа што тебе (нас) ќе ти паднат раце и грб јбг тоа е.
Леле памтам колку се нервирав заради спиењето во раце. Сега кога ќе се вратам наназад ми фали ова време и баш како што пишаа членките погоре, најди си занимација, ТВ или книга и уживај со кафе зашто брзо ќе летне овој период.
Честито, да е живо и здраво. Нема грешка, бебе си сака да спие кај мама. Напорно може да биде особено кога ќе стане тешкичко и дека не можеш понекогаш да направиишш основни работи ама не е грешка. Каде е местото на бебе ако не во мама?
Уживај, гушкај си го бебето мноооогу брзо поминува сега ти се чини тешко , за една година како мене ќе си плачеш на слики како сте спиеле заедно најбеспомошни се првите месеци, ти си му се… нигде не грешиш баш тоа е природниот тек на работите да се поврзете да се запознаете и да ја створите таа нераскинлива врска засекогаш
Здраво мајки, бебе има вирус, веќе три денови сме без температура ама со кашлање уште се мачиме.Правиме инхалации 3 пати на ден со ипратом, прскаме физиолошки,пиеме антибиотик..Има секрет што и го повраќа и го кака а плус и со аспиратор влечеме од носе ама цела недела никако да се дочистиме.Поради тоа што е затнато слабо цица, се измолзувам па со шише некако дополнувам ама и така не цица доволно, имате ли некој совет, искуство за ситуацијава?
120 ml +4 lazici mleko vo prav. Denje 90% spievo race. Vcera kaj 16h vo gnezdo go prefrliv i bese ok A nokje vo gnezdo Nokje 2 pati stanuvame okolu 1 i okolu 4