Мајки дај ве молам охрабрете ме, бебе само што направи 5 месеци ама многу мрази на стомак значи 90% само плаче а го ставиш на стомак, некогаш ретко знае да сака ама ептен ако глумиш кловн и му правиш 1000 анимации... главата сам си ја држи исправено, сака и да се исправува цело време ако е под агол од 45 степени ама а го ставаш на стомак драми има, нема абер ни за превртување, каде грешам... пс. има 9 кила незнам дали до килажата е
За килажата, не би знаела да ти кажам, но за на стомак потполно те разбирам. Мојот се додека не наполни 5 месеци мноогу мразеше на стомак, тоа беа плачки невидени. Сите перничиња кои ги видовме, ги купивме, пробувавме се и сешто, редовни вежби за вртење, лежење на стомак на сите алтернативни позиции...за апсолутно ништо не беше заинтересиран. И одеднаш, магично, на 5 месеци и еден ден, од нигде никаде, сам си се сврти од грб на стомак и од тогаш не е застанат. 2-3 недели после тоа почна да се движи во круг, па почна војнички да се влече и набрзо и пролазе. Така што знам дека сега ти е стресно, но верувај преку ноќ може да се смени и кога он ќе си биде доволно спремен се ќе си совлада. Јас искрено, после тоа скроз се опуштив и престанав да му правам вежби и он сам се си совлада постепено. Сега има 9 месеци, лази, самостојно седнува, се исправа, прави по некој чекор покрај гарнитура.. а кога го гледав како помал бев убедена дека со сите овие работи ќе закасни.
уххх дајбоже и кај мене да се случи ова.. мајки сме и за се само се грижиме значи раат да се немало...
Никаде не грешиш. И јас што не имав пробано и купено, за да лежи на стомак и несакаше. Тек негде кај 10 месеци во спиење почна да си се врти на стомак и така да спие. И ден денес на стомак и е најубаво да спие.
Мајки, на доење сме и бебево не кака редовно. Знам, се толерира и до 10 дена ако е само на доење, ама сепак секое какање е на 5 дена.. и има многу гасови, за нив давам еспумисан л. На секое спиење прави чудни звуци, како да се мачи, како стенкање.. и не знам како да му помогнам. Правиме вежби, и се тоа, ама мислам досега требаше да се среди веќе, 8 недели има. И немма сретнато друго бебе со ваква "мака". Имате ли некоја вакво искуство? И плус, многу повраќа. Не е само така да му потече млекце по устето, туку покрај тоа знае и во млазче да исфрли. Скоро и да не спие скроз хоризонтално, туку само на подигнато душече. После цицање, после некои 10тина минути, се случива да поврати така во млаз.
Мислам не е до килажата, моето е 4м и 3н и има 9100гр, ама сака на стомаче. Но, знам другарка што има детенце здраво право 3години и никогаш не лежело на стомаче
Моето има 4 месеци и уште кака исклучиво за викенди Си правев сама стресови дека не е добро зашто сите ми викаа е какоо моето после секое цицање кака.Мајчиното млеко во голем процент се апсорбира па затоа и немаат што да какаат толку често. Инаку исто така повраќаше првите месец два, ама тоа се изрегулира, сега нормално знае да бљуцне по цицање но не како на почетокот.Пробај држи го подолго на рамо односно уште 10мин по подригнување, а можеби и го повраќа тоа што му е вишок од цицање.
По препорака на ортопедот ние прво почнавме со помош на потпора, односно му ставаме кебенце завиткано во ролничка и рачињата да ги држе на него. Така можеби 2 недели го ставав, потоа почнавме на меше.
Моите 2 деца не сакаа на стомак додека не се завртат (малово на 5м, големиот на 6м), значи немале кој знае каков тренинг пред тоа. Малово барем сега еве го гледам, откако се заврте, кога е на земја 90% е на стомак. Војнички се влече од 6 месеци и така се движи наоколу па така е спремен. А се нечкале на стомак, не знам дали има бебе што сака. Ќе си се преврти. И моево е буце иначе, ама за сега е подвижен, па ќе видиме натака.
Мајки ај ве молам споделете искуства за бебе со рефлукс и грчеви како и кога сте ги решиле. Бебчето има два месеци, педијатарот ни препиша Nurse Harvey за гасови и Algoral за рефлукс. Во меѓувреме пробиотик исто пие и Еспумисан по потреба. Од Алгорал почна поретко да кака само 2/3 пати во ден (течна столица) а претходно беше многу повеќе и се мачи со саати пред да се покака, повеќе има грчеви а и вечерва имаше зелена столица. На доење сме само. Го споделив ова со пед. и ни кажа да додадеме Colief капки и Omezol капсули растворени со физиолошки. Е сеа ми е да не му се премногу лекарства на толку мало бебе што веќе има осетлив желудник.. ај ве молам споделете искуства веќе незнам што да правам.
Мојата е скоро 4 месеци, и сеуште не се кака секој ден. Имаше период се какаше точно на 5 дена. Потоа почна секој ден скоро 2 недели, и еве ја пак на 2/3 дена. Според педијатрите, нормално е се додека каката е во ред, да е нормална боја и структура. И јас се плашев прво од истата причина, оти као нема друго бебе што прави така ама од совет на педијатар и од читање тука, увидов дека е нормално
Викам јас, овој форум е први заменува многу психолози.. Епа добро, штом постојат вакви бебиња не се секирам веќе. Фала феминки
leleee isto i moeto iako znam deka e normalno seuste se stresiram ako ne kaka redovno, na pocetokot kakase redovno poslem na 4-5 dena, poslem nekoe vreme pak redovno sekoj den, poslem otkako ja primi rota vakcinata na 2-3 dena. Normalno e majka da znaes, i mnogu bebinja ima sto ne kakaat sekoj den, probaj ti barem da ne se sekiras
Имам замрзнато мајчино млекце, како е процедурата за да се искористи треба да се одмрзне на собна темп па да се стопли или како е, прв пат го правам оваа па не ми е јасно
Или на собна температура или ако ти треба побрзо тогаш во сад со млака вода и кога ќе се олади водата ја заменуваш повторно со млака.Не треба да се загрева туку да е на собна темп.Замрзнато млеко треба да се искористи за 6 месеци од денот на замрзнување.
Ние за некој ден полниме 5 месеци и сакам да почнам со немлечна, секако додека почне да јаде оброци ќе потрае сигурно месец дена. Јас ќе следам план според којшто се почнува најпрвин со замена на пладневен оброк, па вечера, ужинка после пладне, ужинка претпладне. Планот ми е на германски, доколку сакате линк ќе споделам. Детално е објаснето зошто и како се воведуваат оброците. Стискајте палци да сме спремни за старт
на кесичките што ги користев јас пишуваше, во млака вода ама да не е садот на рингла кога загреваш. Го загревав па тргав од рингл па ставав ќесичкта. А пример ако ми требше негде со план го користев. Вадев од замрзнувач ставав во обичен и таман мразот ќе се стопеше. После на собна температура 20тина минути и сум го давала