Мојата пробува да се крене во сон со рачето на оградата од креветчето. Насабајле станува во 5 и ја наоѓам таму кај што и биле нозете да и е главата. Исто уште не се врти од стомак на грб па се фрустрира и плаче. Ова со гугањето во сред ноќ кај нас кратко траеше некаде на почеток на 5 месец можеби неколку дена, остави го ќе заспие само откако ќе си заврши со гугање. Мој совет јас како преживувам. Кога ќе заспие ја оставам во количка во дневна со мм. Јас одам легнувам да спијам затоа што веќе не ми може душата. Кога ќе се ококори за јадење или да гуга ја носи мм во спална во креветче и даваме млеко и ја оставам. Најчесто заспива одма. Е сега цела вечер мрда, јас стави ја на средина, она мрдни се нагоре и до мене, па ја вади цуцлата од уста во сон па пробува да ја лапне па ја слушам шмата пробува да ја лапне па ќе ја фрли. Така да спијам од кај 8/9 зависи кога ќе заспие докај полноќ. После тоа цело време ја покривам пошто и се открива цело време и ја враќам на средина за да не се удира со главата во креветчето или барам кај е цуцлата за да и ја ставам во уста ( сега ставам во креветче 3/4 како ги фрла така не се замарам и давам друга а сабајле ги барам кај се тие што и паднале)
Мајки бебе ми е 8 недели во сон ми се заикнува како на неколку секунди без воздух да ми останува што може да е дали има место за грижа и дали да пријавам на педијатар, некоја со вакво искуство
Мајки ајде помош Бебето е 2 месеци, дада му беше настината со кашлање, повраќање и температура пред некој ден, сега и бебево го фати прво течење носе но сега почна да кашла и има засипнат глас, секретот сега некако е длабоко чистам со физиолошки и пумпа но не излегува а го осеќам како крчи во грлцето Ми е страв да не крене температура
Хахах леле тоа со мрдањето и фрлање цуцла ми е најјако и мене. Истото го правиме скоро па секоја вечер. Со тоа што нашиот спие со мене на спална, абе ќе ме бутне у некое ќоше од толкав кревет Едит: Будна сум и јас пола од вечерта ради мрдањето.
Ние правевме инхалација со Ипратом и тоа ептен го исчисти секретот, со аспираторче на секои 30мин вадевме мрсулчиња, тапкајте го почесто за да искашлува секрет.
И уште нешто да прашам колку треба да се будни 2 месечните бебиња, моето некој денови го преспива буквално цел ден само за цицање се буди а некој денови пак е повеќе буден, вчера например беше повеќе буден а денес обратно неможам да го разбудам
Мајки, бебе 3 недели денес само ми спие, кога се доиме се витка како црвче и ме плука зошто не е какана, претпоставувам ја боли мешето. Се секирам зошто не јаде. Ако и дадам формула, тогаш пие… следна недела сум на педијатар, ми изгледа дека напредува супер, но јас сѐ уште ја будам на макс 3 саати
Не знам точно колку треба, мислам околу 45минути и додека да цицате, пелена да смениш оп треба да спие. На почеток докај 3 полни месеци имаш чувство дека само спијат. Така ми беше и мене, ама се е нормално, мозочето им се развива и им треба многу сон. После 3ти месец почнав да пратам и препознавам прозорци на будност.
Немам инхалатор, ќе се обидувам со пумпата пак. Се надевам нема да се влоши ситуацијата. Само и јас почнав да се осеќам некако лошо, ме боли главата и ми се лоши, ќе ме фаќа и мене стомачниот вирус изгледа офф Само што испив парацетамол
Можеш и во купатило да пуштиш топла вода од туш да направиш пареа и после со бебе да влезеш да му се разреди секретот за полесно да го вадиш.Со лесно нека е и побрзо да ви помине!
Мене ми го препорачаа Носко (се става на правосмукалка и така влече, нежно е, не се плаши кога ќе се спомне правосмукалка), многу сум задоволна.
Хахахаха и овој почна да се врти на стомак и кенка не може да се врати. А цуцлитте во сите ќошиња од креветот му ги наоѓам. Имам пробано да го оставам така саат време ама не презаспива сам, некако ресет му треба Допрва ни доаѓаат интересни непроспиени ноќи
За непреспиени ноќи кај мене беа од 9/10 месец до 1.5 година со поголемата. Сеа со малово се надевам нема така да биде @hannybanny почнавте со немлечна? Како ја прифати? Почнавме и ние со оривче и морковче ама ги плука ич ги неќе
Немој сама инхалации без да ти каажт од лекар за толку мало бебе. Како сте сега? И каква пумпа имаш за нос оние рачните? Тие не вадат многу. Земи аспиратор на бекутан се најевтини. Прскај аква марис спреј со оумпа под притисок убаво прсни, почекај и влечи упорно. Мора упорно носот чист. Иаецкај кромид стави до креветот и ренџере со камилица да испарува покрај кревет. Така сум правела за првото кога беше бебе
Што ставате за изгорено од сонце на лиценце на 4 месечно бебче? Дома имав мустела стеатопиа ама ништо веќе 3 ден е. Педијатарот ми рече blue cap ама гледам составот некако ми е чуден.. Исто и некое решение за овие лушпите на главата? Пробав со бекутан масленце да омекнат пред капење 15 минути ама после каде што ќе паднат му е црвена кожата и некогаш и засирено... Не знам што да му правам
Јас го користам овој шампон - https://www.zegin.com.mk/index.php/mk/mustela-pena-shampon-za-temenici-150-ml и после неколку миења многу и се подобри главчето , а и секој ден по неколку пати ја чешлам и со тоа и паѓаат засушените