https://lococroco.mk/produkt/sedishte-cruiser-bezh/ Инаку не, не мора да седи затоа што седиштето се навалува Кај нас разликата беше што 1. Во транспортерот беше ептен легната, тука пак доаѓа поисправена, 2. Транспорерот се врзуваше со каишки, и дури ако мм ја земеше во раце и ја заспиеше, едвај успеваше да ја врсти зашто каишите му пречеа. А за неа која била разликата, не знам, ама битно друго дете беше
Како ги облекувате бебињата периодов? Моето има 4 месеци и не знам дали долги дали кратки да му облекувам..
моето е исто и го облекувам по боди на кратко и панталончиња и обично без чорапчиња, секогаш носам мн тенко ќебенце за во случај да е сенка или да дува ветер за да го покријам. ова е во случај да треба да се излезе денски на жешково. а за навечер излегување по боди на долги со панталончиња и чорапки.дома дење е само по боди на кратки, навечер спие на боди на долги и вреќичка 0,5 тог
Денес бидејќи беше многу топло на боди со куси и тенки панталончиња и тенки чорапчиња и тетра пелена носев во случај да задува Едит до вчера со долги ракави тенко боди А за дома тенко со долги оти ладен е станот некако
Грб и гради ќе гледаш дали се ладни. Нозе и раце не се репер за тоа. 35 години сум, вријам од жешко, а стапалата ми се камен.
Дома само по боди на кратки на вакви топли денови, надвор памучна тенка и комотна облека на долги. Директно сонце избегнуваме и не се движиме надвор кога е најтопло.
Мраз се бидејќи се испотени. Јас лично сум така и моето дете го наследило тоа од мене. Како што е веќе напишано, грб и гради се показатели за топло/ладно. Треба да се топли и суви.
Знам, само не сум сигурна за облекувањето, дали да ставам чорапчиња или не, на камен испотени ноџиња... Инаку не се секирам за тоа дали и е генерално ладно/жешко, знам дека си е ок.
И нашето е такво само се поти а стапалцата често ладни, не облакаме чорапи поголем дел од времето надвор
Како чистите играчки што не се перат? Добивме една ѕвезда на навивање што свири, бебе баш ја сака ама со резерва му ја подадов вчера, дека сум фрик за перење, а на неа пишува да не се пере... валјда ради механизмот за свирење. Ама бебе сè става во уста, не можам ништо да не направам со марамче за дезинфицирање, ама па да не ја оштетам бојата? Совет?
Дали е нормално повремено да се создава минимално количество на секрет во текот на ноќта? Имаме 2 месеци и наутро знаеме да извадиме како какачка од носето. Некогаш е засушено а некогаш е бело лепливо топче. Прскам физиолошки и влечам ама мрсули нема, само тоа е. Во текот на денот не се случува така.
Јас ја облекувам со боди на прерамки и шпикозни , сеуште ми е страв да ја разголам. На неполни 40 дена настинавме и само се навраќам на тој момент... Прво дете ми е но веќе доаѓа многу топло ќе мора да се опуштам за да не ја мачам
Јас синоќа така за спиење ја облеков плус ја покрив. Сабајле беше утоп жива вода. Па ме фати шубе сега да не настине. Може цела вечер била мокра не знам.
Топло е се надевам ќе бидете супер. Мене ми давале совет да не се пресоблекувало дете кога спие тогаш било најлошо. Ми велеле ќе го пресечеш со тоа што ќе го соблечеш се тоа се загреало. Мојава не се поти многу. Едниствено само во главата додека цица или ја држи некој.
И мојава само во глава се поти до вечерва. Морав да ја соблечам многу беше мокра немаше шанси така да ја оставам .
Ова го немам слушнато дека не треба да се пресоблекува Јас па малку да е мокро кај вратчето позади го пресоблекувам и пелена еднаш во вечерта му менувам да не е мокро као од старт мајка ми ми наби стравови дека не смее мокро да не настине да не фатело пневмонија итн