Јас имам голем страв од тоа да ми се прегрее, бебево 3мес има и е само по боди на кратки. Толку. Навечер е во лњтна вреќичка дебелината е како чаршав летен. Дома ми е околу 25-26 во скопје сум. Клима уште не сум пуштила некако ок ми е, не ми е мене уште за клима дома. Инаку сум пуштала со првото само да не му дува директно. За надвор исто само по боди. Имам тенка прекровка ако ме фати 8 саат ноќе и ако заладува го покривам. Дење не шетам, жешко ми е некако. Попладне накај 5ипол, 6 до кај 8. Не ставам фактор, попладне не одам по сонце. Инаку на одмор ќе има 5мес ќе ставам фактор Ла рош за бебе, од се што испитав тој ми се чини најдобар. А инаку да, на одмор под сенка, под чадор и на плажа цо период од 7-10, после пак од 17-20.. јас барем така би одела, особено ако е прежешко.
Кој е тој поточно фактор може со слика? Ич не знам каков да земам, веќе има 6 месеци дајте предлог од кои сте задоволни, дали ставате со физички или хемиски?
Искрено многу се скапи ама за толку мало бебе немам доверба во другиве. Исто и со првото дете го користев, после сменив на бекутан.
Каде да најдеме спф облека за плажа, за 5 месеци? Овие ги гледав banz macedonia, ама за од една год се
Има во ваикики за бебиња мали, исто видов во џангл бејби во еаст гате (што беше енци менци), ама ова поодамна, ми рекоа само по 1 број имале во серија, дали донеле пак не знам. И зависи колку пари ти се даваат, ваикики се до кај 700-800, другиве над 2 илјади.
Здраво. Во понеделникот примивме ревакцина рота и другите две, беба е 4 месеци. Вечерта крена температура, и повеќе не. Од вторникот почна да ми поткашлува(не знам дали е поврзано со вакцината), сега веќе убаво си кашла, како со шлајм. А носето чисто е, не е затнато. Денес бевме на доктор, крвната слика е во ред и ми дадоја инхалација само 2-3дена. Не ми кажа ни што е, ни како е. Матичната не е тука до понеделник, па некој ако има слично искуство што може да биде.
Здраво, Моето бебе денес прави 3 месеци, но не гуга. Кога почнаавашите да гугаат? Му зборувам во очи и пак ништо
Уживај и не се оптоварувај. И мене ме отекоа, рандом луѓе ме прашуваа дали гуга? Јас и сега не знам што точно им значи гугање и зошто баш тоа прашуваат, или колку да се најдат во муабет Бебе си испушташе некои звуци, ко и секое бебе, немам појма од кога точно, а сега скоро на 7 месеци почна да си 'брбори' нешто повеќе. Еве тоа ако е гугање... Кога тогаш ќе почне. 3 месеци плус уште е премало, не си ставај џабе притисоци. Гледај да е бебе весело и среќно, а и вие исто - тоа е најбитно.
Според тоа што пишува на интернет од 2 месеци почнуваат на гугаат. Мојата почна така тој период. Ама јас ако се прашувам не треба да се замараш. Ако се секираш прашај педијатар. Сите деца не се исти. Јас од читање се и свашта вака требало, така требало, се опседнав зошто детето на 5 месеци не се врти на името. Еве ја наполни 6 месеци уште не се врти секој пат на името. Ако има детето контакт со очи, ако те прати кога му збориш, ако ти се смее, ако го интересираат други лица, немаш причина за секирации. Само не читај што треба и како треба. Мајка ми вика вака: да бе на времето и внимание толку ви било посветувано и знаел некој дека треба да гугате или па некој ве ставал на стомак да лежите, па гледам нешто ви фали. Сериозно ова е некоја ера на премногу интернет информации и преголем притисок врз родителите што се треба да прават и они и бебето. Од толку голем притисок што се може да се случи во негативна смисла ниту во бременоста уживав ниту во првите месеци со бебето. Стварно треба малку да се намали обрнување преголемо внимание на се лошо што може да се случи.
Само да се надоврзам, јас првите недели преуплашена бев од СИДС (и уште сум, искрено), цело време некои такви рилс ми излегуваа во бременоста. И нели, ризик за СИДС е претоплување. Јас паники да не претоплам бебе, мајка ми и свекрва ми паничат лелее бебево малку е облечено, ние вака ги облекувавме, така ги облекувавме... зборуваме за бебиња сред лето, ги облекувале со по 3 слоја алишта. И им кажувам зошто сум читала дека е тоа опасно и почнаа да ми пуфкаат, пфф глупости, што туку читаш. Колку биле лер во умот тие на тема гледање дете, на моменти им завидувам јас Миле паника Додушта тие од човек на човек, рекла казала, се потресувале (и уште се потресуваат) според мене вистина за глупости. Кога сум му пружала алишта на бебе обавезно на рамениците да биле запнати со штипка и одгоре надолу пружани, за да растело бебе Ме караат и ден денес дека јас на сушара напола преклопени ги сушам Па после никако да не наседнам/се потпрам на нешто од бебе (ќебе, пеленка, парче облека). Не чинело така да се прави. Па да не сум го заранувала јас, ќе пребирало јадење ко мене, требало мм, дека јадач е Риба никако дур не прозбори, ама мед на града да ставам кога престана да цица, да му дојдело благо, ќе се расцицал. Вода обавезно давање на бебе уште од раѓање. Да сум го оставела бебе да плаче, да не сум го кревала во раце, дека така му се ширеле градите. Тешко на тие бебиња што не плачат, ќе им останат закржлавени белите дробови Интересно е дека уште држат до своето, а ретко, да не речам никое од тврдењава не е научно поткрепено, туку рандом некоја жена им кажала некогаш нив и толку - закон станало во нивните глави
Мојава свекрва предавање ми направи за дубакот колку бил важен за развојот на бебето, да се зацврстело бла бла бла. Како ние не сме го ставале ќе изгубело бебето. Како може све контра да се од новите препораки, најјако ми е .
Хахаха баш, и јас тоа го имам мислено! Дубакот го заборавив јас, и мене ме убедуваа Свеки се спремаше од таван да го симне дубакот на мм, ми го испофали дека на времето многу скап го имале купено и еден куп деца во него пораснале
Луѓе 10 кутии плазма имам дома, секое идење во продавница ми купуваат иако сто пати кажав дека нема да и давам. Реков купете зеленчук веќе ако сакате. Јас се помирив со контрирањето. Сега веќе не е толку страшно како на почеток. На почетокот ја соблечи бебе, ау ладно е. Нема да и давам вода, леле како ќе дехидрира детето(на мое млеко беше) Не ја покривам со ќебе( е што ви било на вас што сме ве покривале) @Eho +1 за стравот. Некогаш станувам навечер и ја проверувам. Поретко, ама на почеток беше страшно. А како што ми рече Чери пред некој ден кога прашував, алгоритмот ќе не изеде. Еднаш ако изгледаш некое видео готово, секое следно е на таа тема и само стресови набива.
Јас со тој алгоритам се мрднав. Затоа не читам веќе. Вака требало, така требало, не не треба. Иако старите претеруваат и со нивните глупости верувајте дека се им било полесно и не се замарале дали ќе биде ова или дали ќе се развива правилно. Гледав на тик ток видеа што да правиш со бебе од 4 месеци и имаше во полудлабока линија ставена вода со мали играчиња, бебе потпрено на перниче и требало да ги фаќа, значи ќе се удавеше во чинијата. Дури после месец дена таков тип игра и стана интересно. Затоа за мене веќе не постои правило. Голема е и ептен предвидлива. Да не речам веќе знае што сака.
Колку е воред бебе од 2 месеци да преспива во транспортер по 2-3саати, читам некаде некој мајки викат дека небило добро да лежење повеќе време во таква положба