Хахах слатко си се изнасмеав, кај мене веке симнаа облеката од таван толку време купував за поклони и дојде ред за моето ( спомнав во друга тема ивф сум, чекано ми е бебево ) и се си купив за почеток 56,62 број кажав за новороденче не сакам ништо, може понатака кога ке почне да јаде да се валка поише океј, и пак ги извадиле алишта стари 12-13 год. Ама ајде за мир во куќа ке направам некоја слика и со тие Што мислите за перење со Нила бејби од почеток? Или некој друг?
Дали има некој скок во 2 месец, преку ден дали 4 часа спие очи ококорени и само разгледува но не плаче, го заспивам во раце пробам да го оставам во кревет одма отвара очи
Мојата спиеше преку ден ама заспивањето беше научна фантастика со чучњеви поинаку немаше шанси и пошто а ја ставев на кревет се будеше многу долго време секоја дремка во раце ми спиеше. Стави ја на кревет 20 минути спие, држи ја во раце саатипол.
Јас да ти кажам искрено своеволно барав од мене и маж ми како бебиња да ми дадат јорганчиња, ќебенца и некои алишта дека чувството после толку години да носи мое дете нешто од нас како бебиња ми е бесценето. И ете така цела зима беше покриено со наши ќебенца, на креветчето сетот е од татко му како бебе и сето тоа мене ми е преслатко
И јас, дури и нашите алишта ги перам со неговиот прашок. Омекнувач не користам но истотака видов на фрош бебешки, сигурно е ок.
Да има скок, ама секако докај 3 полни месеци спиењето е хаос, нема ден ноќ. Најинтензивен развој има во првите 14 месеци. Само што јас сум со впечаток дека како минуваат месеците, расте и се стабилизира, така знаеш да предвидиш и препознаеш скокови. Уживај и не му ја мисли. Можеш да пробаш со марама, нам тоа ни беше спасот.
Нила е преубав ,јас го користам од пред да се роди и дамки ми вади ако не првото перење второто сигурно. Често го наоѓам на акција. За поголемата бекутан користев и мораше и средство за флеки пошо не ми переше.
Мамички дали е можно да му се фати гласот нс бебе од 1 месец? Сабајлево како едвај дс пушта гласче,вчера се уби од плачење дс напоменам цел ден.
Мојов така беше околу таа возраст. Ама само кога тивки звуци пушташе звучеше засипнато, кога се дереше на цел глас немаше проблеми. Јас го снимав на педијатарот го пуштив, рече ништо не е. И помина за ден два.
Се надевам дека ке му помине за брзо. Секако за два дена имаме термин на педијатар,ако не му помине таман ке се консултираме.
Јас на мојава многу малку алишта и купив, добивме многу за мекици и за крштевка и носи се од внука ми. Свекрва ми исто се чува па многу работи има и од татко и што и ги облакам. И онака сега е уште мала, а и алиштата ако се убави зошто да не се носат. Иначе јас за мир во куќа за ништо не викам не, се земам и ако не ми се допаѓа едноставно не и го облакам и кога ќе ги порасне ги враќам назад. За перење перам со тета виолета и уште не ставам омекнувач и ставам оцет. Се мислам да почнам да ја перам заедно со нас. Не знам дали е време или не ама по 100 машини пуштам и не ми се полни, нејзини шарени наши шарени нејзини бели наши бели нема крај.
Бебето е за 10 дена 3 месеци и приметувам дека раката нон стоп ја става во уста иако не е гладен исто така многу се лигави. Првото така почна покасно. Предмалку го забележувам како го кренал десното раче и си го гледа
На почеток и мојата не сакаше. Прво ја подзадржував јас со рачињата под неа малку покрената, потоа и ставав пелена завиткана, под градите и под мишките така да пак е малку поткрената. Совет од педијатар беше дека ако е поткренато и доаѓа малку полесно. И почнавме со 1 минута, па зголемувавме. И секогаш и јас легнувам пред неа ем да ме гледа мене ем со играчки и тропкам. Кај нас ова имаше ефект
тоа е орална фаза.. навикнувај се ќе пика не само раце туку и играчки и се што ќе дофати.. моето е пет месеци и еве уште пика и раце и чаршави и ќебе и дури и своите нозе, и се лигави многу цело време
По колку време лежи така ? Јас ставав на перниче повисоко и така знае повеќе време да лежи и да крева глава а штом го ставам на рамна површина брзо се лути ,пробував и со пелена да не му идат рацете настрана
Мамички дали некој се соочува со истово,бебево мое има месец точно и цело време е на цицка и цело време плаче никако не се смирува, мирен е само кога цица,ама не може да биде цело време на цицка. Денски многу тешко спие,скоро па ич и баш вчера пишав дека гласот му се фати од толку плачење. Ср изнаслушав муабети дека можеби е гладен што не верувам бидејки добива на килажа,или дека можи се прејадува бидејќи цело време цица па хо боли мешето од многу храна,воздух и гасови. Секако декс не мачат и грчеви,смс тоа што се убива од плачење и не сака да се смири многу ми паѓа тешко. Ако некој имал слична ситуација да сподели како се справувате.