Единствена што ја прифати е баш на авент,ама сега и нес не ја сака вејќе како да се гади кога ке му ја понудам и плука одма.
Ми порасна бебето- со нецели 5 месеци, гуга навелико, се превртува стмак-грб, грб-стомак, фаќа со рачиња и ми ги бута ноџињата во уста додека цица. Акробата на мама. Кога беше кога ја родив и не бев сигурна како да ја земам во раце....
Леле мајки моево бебе навечер 80%од вечерите заспив со маж ми. Јас ќе пробам да го успијам цица ама не заспива со цицање рееетко тоа, после се вети се смее си дреме може и саат така. Ќе дојде маж ми за 10мин е заспан. Не знм дали нешто грешам, ова е прво бебе што го знам што не заспива со мајка
и моето во болница беше со цуце, дома мал период сакаше па нејќеше за жува глава и после иколу 2-3м пак почна да сака. Ќе засака евентуално
+1 И моево ноќе најчесто со мм заспива. Додуша кога има/ше епизоди со плачења, кај мене се смируваше и заспиваше, ама во 'нормални' услови на мм полесно му заспива. Не се лутам кроз ден секако со мене се успиваме, мислам намерно така прави навечер за да ме поштеди
јас малце љубоморам нашево изгледа само за цицање сака со мене навечер Си викам да не правам нешто погрешно преку ден нема опција за тато па затоа може мора со мене
Моето бебе од раѓање со тато заспива. Така некако се поделивме. Сега на полни 6 некако почнува да не сака со него, а со мене заспива. Не се секирај и одмарај додека можеш.
Ние бевме првите 3 месеци 24/7 во марама. Одење во вц - колку пати заедно со бебе на мене. Јадење? Имало денови залак во уста не ставав. Знам колку е претешко, но поминува. Сакам да ти кажам пробај со марама да го успиваш, ќе може да стануваш и јадеш.
Ние од 3м негде почнавме така навечер со него за јас да одморам… ама последниве денови дека споено со него заспива освен вчера со мене и малце се избедирав
Моето се роди во зима со жолтица. Не се сеќавам колку време имаше, секако подолго. Бабицата го проверуваше на секое доаѓање. Таа ни препорача кога има сончеви денови да го сончаме телото (без лицето) по максимум 10-15 минути на ден. Е сега сонце во зима беше слабо, но преку стакло сепак може да изгори. Јас го соблекував по памперс, ќе го свртам на грб кон сонце 5минутки, на гради, нозе и толку. Деловите на телото што не ги сончав, ги покривав со тетра пелена. Сега на ова јако сонце нз како е најбезбедно изводливо да не изгори - можеби рано наутро кога не е толку мн јако сонцето на тераса? Инаку бабицата ми кажа дека во болница ги ставаат под светлина што имитира сонце. Јас живеам во Германија, но би требало терапиите во болница секаде да се исти.
преку стакло миже да го ставиш бебе на сонце, исто така и давај да цица често ако заспива на града прибај со шишенце тоа помага
Мислам дека е нормално, од мирисот на млекото не заспива. Секогаш зависи од бебето, некои ќе презаспијат, некои ќе се будни до мајката.
Сега веќе лежи по 10 минути. Има мименти може и повеќе, ама не сакам да ја форсирам бидејќи гледам да ја ставам на меше неколку пати во денот. Така да кога гледам дека и здосадува, прекинувам па подоцна пак ја ставам.
јас следам прозори на будност.. пример ако имам научено дека и се приспива на 2 часа будност периодов и плус ќе почне да трие очиња или да се прозева, некаде 10 мин пред да поминат тие 2 часа, почнуваме да ја успиваме и заспива веднаш.. дури и да ја дадам на баба и или тетка и што ретко ги гледа ќе им заспие за неколку минути со нишкање. моето е на ад од старт така да може и тоа има врска, го осеќа млекото кај тебе па затоа иде потешко.. ама кај нас така успева мн лесно заспивањето
Мајки, дали првата недела бебињата е ок да се поспани? Се будиме за јадење и пак заспиваме. Некогаш ќе е будна час-два и пак се комира, при јадење обавезно заспива, жал ми е да ја будам ама морам за да јаде… Некако се загрижив дали треба толку да спие? Искуства? Прво ми е па не знам сеуште се навикнуваме, учиме…
Јас имам 3 месечно бебе. Кога се вративме од болница беше мн успано, жал ми беше да го будам. Јас требаше да го будам оти на 3 часа му давам за јадење на вешталко млеко сме