На сите бебиња им прават скрининг и исто кажуваат дека ако не ти се јават нема ништо. Прашај педијатар. Не би требало да заборават да се јават.
Мајки, абе 6ти ден не е какана. Бебе што какаше 5 пати во денот секој ден откако е родена, сеа 6ти ден не какала. А мочани пелени, на 2 часа пуна, тешка пелена. Стомачето не и е тврдо, не плаче. На екслузивно доење е. До кога да ја чекам....?
Јас лично чекам до 3ти ден и ставам чепче. Кај нас ретко се случува 3 дена да не кака. Од 7ми ден би му ставила. Ако не се лажам до 10 дена е нормално за деца што се на мајчино млеко?
Мајки дајте ми утеха дека е период, имаме 2,5 месеци последните 2 недели сака само во количка надвор да спие дома во кревет никако навечер се обидувам да го успијам во 21.30 го легнувам во кревет за 5 мин тој е веќе станат и свеж спиење после 23.30 и во текот на ноќта мрдање со испуштање звуци и после првото будење за цицање само спиење во раци, има научено раце да пика ви уста па се прашувам да не се буди од тој новитет зошто кога ќе почне да мрда одма си ги пика рацете во уста
Моето бебче 12 дена не беше покакано.. според матичната, до 14 се чекало ако е само на доење. Прави вежби со ноџињата, масажа на меше, јади ти суви сливи и прави си компот од суви сливи. Меш и чајче бекутан и стави неколку зрнца ким внатре. Ќе му помогнеш. Ако не е тврдо стомачето, викаат немаш проблем
Иста возраст имам дома и слични навики.. пробај легнувај го порано, моето од 8 натака е спремно за спиење. Знам дека е лето и е тешко, ама верувај подобро спијат кога ќе ги легнеме порано. Ова со рацете и кај него е така, штом се разбуди за цицање, после тоа е со рацете во уста и од тоа не се успива. Викаат се смируваат така, ама моево не. Му давам и лажливка јас, па ја турка со раце, па ја враќам, па му држам рачиња за да заспие и се така во круг. И на дневните дремки е така, 45 мин и почнува со рацете.
Бебево за недела дена прави 6месеци уште не спие подлго навечер, се буди на 2-3саати. Пробано да го легнам во 20:30,21,22ч кога и да легне исто се буди. Дневни дремки убави и пак навечер не сврзува повеќе од 2-3саати. Имавме во трет месец сврзуваше три недели по 6саати…. И од тогаш ништо Има ли вакви бебиња?
Каков топломер да купам за бебе 4м, ревакцина ќе има дега сфатив дека немам никаков топломер дома дури ни за мене и какви пеленки за вода користите? 4ипол месеци ќе ми е кога ќе ја носам на море
имаа, уште си го памтам златниот период на три месеци...после откако почна регресијата се се поремети, тек околу 8 месеци почна да сврзува подолги циклуси, ама пак знае да има и лоши ноќи. Моментално има 10 месеци и досега има преспано само една цела ноќ, вообичаено се буди 1-3 пати со тоа што сега позитивно е што многу брзо презаспива, само му давам цуцла и продолжува.
Здраво Мамички, бебенцето има две недели на болница ни мажаа да носиме два месеци широк повој (машко бебе) на сите ни кажаа да се носи широк повој ,до вчера му носев секој ден но вчера само вечерта му го стсвив бидеќи на три пати се испоти во тој дел веќе е и претопло греота е да се поти ,какво мислење имате за широкиот повој дали сте им носеле првите двс месеци? Јас мислам дс му редсм само нс вечер ама сум ма двс ума..
Однеси го на преглед на ортопед ќе му направат ехо и ќе ти кажат. Јас се породив бо ремедика и таму нивниот ортопед дава на сите широк повој зошто- не знам, останало така. Кој од која книга учел работава Мојот ортопед ми рече дека нема потреба се си е во ред. Со двете деца истото беше.
Јас дали 3 пати и ставив. Заборавав. Има пелена за широк повој во Еурофарм ако веќе сакаш да му ставаш мислам помалку ќе му смета.
Како облекувате 5 неделни бебиња периодов? Се' си мислам ќе ја прегреам... Боди на кратки или на рамки одоздола и шпихозни на долги... Во ред ли е?
Јас така не би облакала бебе сега. Така зимата го облекував.На времево боди по кратки и пантолончиња. Сигурно клима не пуштате дома да измрзне бебето.
Според мој педијатар 10 дена... Да не му е жешко ? Јас за првото ко мрдната ставав женско па се спури па пиштење секое мочкање на крај матичен педијатар лом ме направи. На второто ни еднаш не ставив. Баш кој од која книга учел по ново не се става порано старите ставале затоа шо со тетри била па да не им прокиснат (вака ми рече ортопедот) ако не дај Боже има проблем се дава друго помагало. Лани ми беше бебе кога пуштав клима на долги шоихозни без ништо од доле ,без клима со ромперче и ако спиеше ноџињата со тетра покривав.
Здраво мајки, дали имате искуство со бебе родено со многу влакненца и тоа црни? На грбот, рачињата на ушите дури има и на лицето. А девојче е . Ми е страв да не и останат така. P.s и јас и маж ми сме влакнести ама до волку ....
Имаше мојата на ушите и доле кај половината. Тие на ушите и паднаа, а кај половината и се оретчени и веќе плави.