Синчево мое прво имаше на грбот многу и тоа црни, тенки. Му останаа, а ми викаа ќе му паднат. Уште си ги има, 6 години е. А второво само на ушињата имаше малку долги плавки (дека плав ми се роди) и му паднаа тие.
Мамички помагајте, премногу сум исплашена и загрижена. Бебето е старо 5 недели, уште од сам почеток води борба со шишето, како да не знае да пие, лакомо смука. Пд вчера наваму, плаче многу на моменти додека пие, па заспива со шишето, едвај со будење ќе го испие, а бара, гладно е, плаче.. Дали можеби станува збор за скок и колку трае? Цел ден плачам од мака ќе се разболам веќе.
Какво шише и цуцла користите? Да не му е голем отворот. Можеби и грчеви има затоа плачи, дали даваш капки против грчеви?
Avent, баш вчера му ја сменив цуцлата, купив со поголем проток и супер ја прифати ама еве денес борба и плачење. Сега во 2 сам се разбуди не беше јаден едно 6 часа и испи околу 90мл, со паузи бодејќи заспива. Дали може и од топлото да е? Сега е буден си гледа си се смешка...Се надевам некоја фаза е, второ дете ми е, ама душа немам, се сеќирам засекоја ситница, промена..
Да ќерка ми имаше на челото, на грбот и рамењата, како мајмунче беше. До кај 7-8 месеци и паднаа сите освен тие на рамењата но се проретчија и не се толку темни веќе
Исто и јас,а на вечер за спиење како ги облекувате? Бидеќи е претопло веќе кај мене дома во спалната и на вечер е околу 24 степени некогаш и 25
И ние голи спиеме само на боди по кратки некогаш го покривам со тенко летно кебенце и за 5мин го испретува
Дајте некој совет за бебе да засака да се вози во количка кога е успано од кола па потоа да се префрли да се вози во количка во транпортерот спие ама вака јадено а не заспано да се вози не сака плаче и мора да се земе во раце бидејќи не плаче малце офма почнува да вришти....цуцлите не ги сака инаку....кажете некое чаре...2 ипол месеци е бебе.
Чарето е чекај да наполни 6 месеци Многу пати сум плачела тука, пукнав од дома седење и во раце држење. Додека да наполни 6 месеци строго во кенгур шетање имаше. Породилното ќе ми заврши јас со неа сама со количка не излегов. Еднаш тргнав до Џамбо пешки со количка блиску ми е се покајав 100 пати. Плаче вришти ја земав во раце и плус буткав количка цркнав. Сум давала играчки, цуцли џабе. Заспана да се вози да инаку нема шанси. Како наполни 6 месеци дали дека полуседната и може да гледа почна да сака да се вози во количка иако се уште има моменти кога прави драма па носиме секогаш кенгур за не дај боже.
Што имате користено за убод од инсект кај 4 месечно бебе? Прашувам информативно пред да одам на одмор да знам што да земам од аптека, и кои лекови ги носите, бебе само цица
Пред некој сен бевме на ортопед, се е во ред но имаме проблем со симетрија на главчето бидејќи спие и се врти цело време на десната страна. Се забележува на челото и одозгора кога ќе погледнеш. Пробувам да го викам да се врти на другата страна и кога ќе заспие го вртам и потпирам со тетра. Дали може да се среди ова и за колку време ?
Бебево многу ми хрчка полно му е носето мрсули водени и малце се бели ама не дава да му вадам ич. Влечам со аспираторот ама ептен со плачки со тегнење. Како да ги вадам? Да не плаче нешто техники, како да го држам нешто финти и слично. ?? Фалаа
Колкаво е бебето? И нашето имаше така асиметрија посади. Педијатарот ни кажа обратно а го ставаме на креветчето каде пто е главата да бидат нозете и обратно. До кај 2м се среди
Јас на бебево успевам некако да ги извлечам бидејќи уште е мало и не се бори толку иако се плаши додека кога се поголеми мора да го држи некој и плачки и тегнење но кратко трае мора така за негово добро
Нема техника оно плаче ти влечеш. Јас почнав со правосмукалка многу е полесно од со уста и многу повеќе вади. И мојава е настината полна е, прво ја прскам со спреј, па правам млекце зошто тоа е единствениот начин да се смири после вадење мрсули. Едино знам дека не треба пречесто да се вадат за да не се правеле нови. Јас и вадам сабајле и пред спиење и некогаш по потреба намеѓу кога не може да дише.
мене не ми е дека плаче ама мрда не можам да влечам….. инаку јас му вадев секој ден, две недели немав аспиратор го фрлив стариот и сега му се собраа ептен а вака не ми личи настинат ништо