Јас и ја држам главата со една рака, ноското во уста место правосмукалнка ако сум сама, со една рака ја држам со друга вадам, се тегне плаче не дава ама кога ќе и извадам мрсули и е полесно и на неа и се смее. Само ми е битно да не ја повредам инаку нека поплаче секако некоја минутка е во прашање
Не е настанат гарант. Само многу мрсули имаат. Мојава сега мрда пута 3 од претходно и мм ја држи јас влечам. Сама многу е тешко и ептен ако видам дека не може да дише па се мачам. Ја ставам на подлога доле и се бркаме.
Здраво, моето бебе има 3 ипол месеци. Од колку месеци се користи глодалка. Многу се лигуши и со раката ја тегне шпикозната
Можеш да му дадеш глодалка, може нема ни да знае уште да ја става во уста убаво, ама нема штета никаква, дај слободно
Моево има асиметрија од раѓање. Главчето му беше мало и секако не се приметуваше. Кога беше два месеца, педијатарот ни препорача физикална и ни даде упут за на клиника. Веќе петта недела одиме и два пати бевме на остеопат. Сега си ја врти главата нормално на двете страни ама асиметријата остана. Од клиника ни викаат да чекаме, како демек мал е ќе се среди. Кај моето на челото не ама од горе се приметува. Провери ги и ушите, кај моето не му се симетрични Исто бевме на мерење за да видат колку е точно. Пред некој ден се јавија и рекоа дека поради асиметријата препорачуваат шлем. Во петок имаме термин. Не ми се чека да видам дали ке се среди само од себе, затоа што ако не се среди само после и со шлем ќе биде потешко. 4 месеца и 11 дена е сега. Еден куп форуми исчитав за ова време, кај некои се има средено само од себе кај некој со шлем, зависи од степенот на асиметрија.
Здраво,некој да ми препорача добар педијатар во Охрид ? Треба да го запишам новороденчето на педијатар но искрено не ги знам незнам кој е добар некој да ми предложи од искуство
Мајки имам една дилема а рано е да и пишам на докторката.. Треба да примаме вакцина на 4 месеци, и во здраво ни побараа крвна слика од прсте. Тој си е здрав инаку. Ги зедовме резултатите, и во автоматското читање од машината најдолу пишува blasts/abn lympho? Се преплашив, на интернет што не читам, леукемии што не... Дали некоја имала ваков резултат? Ние секако подоцна сме закажани за вакцина па ќе разговарам и со неа ама не ме држи место до тогаш...
Здраво. Дали некој користел мустела шампонче за теменици. Дали може да го користам и по решавање на проблемот?
Може пак да се појави проблемот. Јас викав џабе парите ама уште 2 3 пати му излегоа теменици. Јас не го користам инаку кога нема.
Вториов скок некако многу лошо му влијае на бебето... многу често плачење со вриштење едвај некако го смируваме.... споделете искуства што највеќе ви помогнало во овој период бидејќи не се издржува....
Кај бебињата лимфоцитите се физиолошки покачени ако бебе е здраво, нема температура, да кашла, растечено носе. И кај нас беа покачени баш тие месеци кога рутински правевме лабараторија пред вакцинација и педијатарот рече дека е нормално кај бебе да се покачени, секако ја прегледа и прими вакцина.
Мајки како вежбате бебе 2 м на стомак, што не сака? Ќе си легне, не се замара. Некогаш плаче, некогаш не. Го држиме убаво во раце и на гради за да вежба грб, така нема проблем ич. Пробано со перничка, со секаква стимулација за да го натераме да се крене. Талевски вика топ е бебе, на педијатар сме неделава. Мене пусто ми е страв зошто другото дете на оваа возраст изгледа посилно
Здраво Колку време стои на собна температура мајчиното млеко а колку во фрижидер? Заборавив со првото бебе како правев,сега извадив со пумпицата и нз колку да го чувам.
Од кој месец престанавте да го користите транспортерот од количката за во кола и преминавте на седиште? Многу ми одговара транспортерот за кога ќе заспие во возење само ја ставам на количка и терам иначе се буди ако пробаш да ја преместиш.. На ова пишува дека е до 13кг , бебе ми е моментално 9кг ама некако кнап ми личи дека и е
Не знам каде да го поставам прашањево, темава ми се виде најсоодветна. Каков пробиотик пиете при доење? Сакам да земам некој ама немам искуство, ако имате некоја препорака.
Мајки, ми треба препорака за хранилка и за седиште за кола, за бебе што уште не седнува самостојно и скоро ќе биде 6м. Од што сте задоволни?