Мајкички колку спијат денски вашите 2 месечни бебенца Моево едвај по 20 минути дремнуванеколку дремки по 20 мин,ако имам среќа можи и 30 еднаш неделно
На 2 месеци ретко кое бебе спие повеќе. Мојата спиеше по 40 минути исклучиво ако ја држев во раце. Се случуваше некогаш и саат да затера. Памтам дека ја држев во раце, пиев кафе и тој период се изнагледав серии, пошто само тоа правев, држев бебе да спие. Ако ја спуштев на кревет за макс 20 минути се будеше. Ако се вратиш назад во темава многу од нас плачеа за утеха брзо лета време и станува само подобро.
Мамички имам прашање Утрово кога се разбуди бебе ја примерив дека носето и е како затнато но не баш како слузницата горе да е потечена туку внатре во носето баш и приметив дека носето и е полно со мрсулки ама не секрет да и течи носе туку суви. Ми беше жал искрено па и капнав малку физиолошки и повлеков со аспиратор, едното ноздре го исчистив скроз а во другото остана малку па го дочистив сега ме интересира мислење дали е можно да е од настинка, иако нема други никакви симптоми, си јаде супер, си спие, кенкава е малку ама ми се чини повеќе ради грчевите, нема температура се си е ок си дише на носе или ми кажаа можно е од сув воздух да и се прави така бидејќи некогаш по малку пуштаме и клима, ме советуваа да купам навлажнувач за воздух. Дали вие користите? Мислење? Бебе е 6 недели.
Епа иста сум и јас и моеве бебе сака исклучиво во раце да спие дупка имам на креветот од седењеи јас почнсв да гледам серии и пијам кафе и да грицкам нешто во слободно време Моево се буди истата секунда само што ке го спуштам ако го држам може и еден сат да си спие. Се тешам дека ке помине
Исто е и кај нас, а кога е будна плаче не знам дали кај нас е само вака.во текот на денот дали 30 мин вкупно е смирена да си разгледува. Мора да е во раце со цуцла
Мало е уште, можеби се чисти носето сеуште од плодовата вода. Моето првите два месеци нон стоп беше со мрсулчиња и тоа жолти и зелени му фрчеше носето, на прегледи беше се во ред. Деновиве има и некој вирус и нас возрасните не испофаќа со мрсули и дрлки на очите. Чисти редовно со физиолошки да може да дише слободно и се ќе си биде во ред.
Имам бебенце од 1 месец,кога заспива или паѓа во длабок сон ја тресе главата неколку секунди како уплашено загрижена сум дали е нормално или не ?
Нас ни беше кажано од педијатар секој ден да прскаме спреј и да вадиме мрсули првите 2 месеци. Имаат мрсулчиња цело време не е настинка. Уште се чистат.
Мојата од грчеви до 3 полни месеци само плачеше. Нормално е. Идев јас на педијатар ми викаа ништо не и е грчеви се мора да поминат. Пробавме се што слушнавме ништо не помогна не знам колку. Имаше периоди од денот кога ја фаќаа и тогаш плачеше цело време. Ноќе се будеше. Кога наполни 3 месеци имав друго бебе.
Пред спиење секој ден, а насабајле кога ќе видев дека има. Со носко чистевме со уста што се влече, од Зегин го земав.
Извлекува и од погоре? додуша моето нема баш секрет течно како од настинка, повеќе некои лигави или суви мрсулки, или може јас не го користам правилно аспираторот на Chicco, ако некој има поинакво искуство со него нека каже
Тој на чико е повеќе како за на правосмукалка. Овој од Зегин е многу лесен за користење. Пред влечење една минута прскаш бекутанче спреј и влечеш
Прво ми рече педијатарот да пробам само со спреј, аспиратор ако навистина мора па ќе терам така прво бидејќи не е затната баш, само и сметаат мрсулите малку па ако треба ќе си земам таков од Зегин овој некако не ми брла работа Инаку овој спреј го зедов дали некој го има користено, дали брка работа?
Многу јак млаз има, на моето бебе капилари му пукаа од ова и му течеше крв од нос. После земав исто спреј аква марис бејби, многу посоодветен млаз за бебе има.