Мислам дека нема да се влоши. Дента кога наполни 3 месеци имав друго бебе. Плачеше само за јадење и спиење.
Мене педијатарот ми рече дека до третиот месец треба да завршат. Се надевам на тоа,малце мир и помалку плачки
моето е цело време на земја и еве ја, пред да наполни 6 месеци почна сама да се исправа од меше и да си седнува, за неколку дена почна по цел ден да го прави тоа ваљда и е интересно. јас сум најмногу за да е на земја и да не се ограничени во ништо и сами да си се научат
Здраво мајки на 6м бебуши. Неколку дена бебе ги трие стапалцата едно од друго и многу плачи. Не преку цел ден, најчесто пред спиење. Дали некоја има слично искуство?
Може е начин на self soothing што викаат. Мојов така правеше подолг период па прекина. Сега ушите си ги тегне, најмногу кога му се спие.
Здраво мајки поради тежок рефлукс ни дадоа ар формула. Пие од нук шише и протокот е м 3+ ама со ар тешко му оди се мачи а ништо не му тече.. Да земам цуцла со побрз проток?
Ве читам погоре па да не цитирам поединечно. Еве ние на двајца различни ортопеди бевме и различни совети добивме така што не се оптоварувајте, едноставно водете се од принципот се што е премногу не е добро. Да, најдобро е да не користиш ништо ни релаксатор ни кенгур итн ама некогаш едноставно или ти доаѓа преку глава или мора да завршиш некоја работа и мораш да го ставиш. Нашето од месец дена седи во релаксатор (не предолго, самиот не сака долго да седи) и во кенгур (наменет за бебиња од 0+ месеци) бидејќи тоа беше единствениот начин да не е директно во раце а да не плаче. Еве веќе ги исфрливме скоро и двете од употреба на 6 месеци зашто сам почна да неќе во релаксатор а во кенгур не го ставаме толку зашто почна повеќе да седи во количка. И бевме кај Тони Талески на преглед никаков проблем немаше и покрај тоа што седел и во релаксатор и во кенгур. Неговиот совет беше буквално гледајте го однесувањето на бебето самото ќе каже што му одговара а што не.
Ние комбиниравме еспумисан и колиеф, колиефот до 4 пати највише бо денот треба да се дава мислам пишува на упатството и наизменично давав, еден оброк еспумисан еден оброк колиеф. Тоа најнајмногу ни помогна
Здраво мајки, дали некоја се соочила со породилна повреда кај бебе ербеова парализа (среден степен) на рака? За колку време се решил проблемот, какви насоки во дале за вежби и слично. Искуства ве молам
Колиефот со секој оброк се дава, лактаза е тоа, ензим, поентата е млекото да го направи полесно за варење да не ствара гасови, го разградува шеќерот, нема поента еднаш да ставаш па после не
Колиеф сум ставала во секој оброк. Еспумисанот пишува колку пати во денот треба. И не се става во оброк се дава на лажиче 25 капки, јас сум давала пред да почнат грчевите.
Не знам зашо ние така сме праеле, јас такс памтам дека 4 пати во денот колиеф да со млечрн оброк за да се разгради ензимот а еспумисан 25 капки и ние исто во млеко и ги ставав пошо знаев декс ќе го испие... ама секако имс упатство според упатството ќе си се водат... нас може и докторот така ни кажал ич не памтам ама знам дека не дававме на секој оброк
Здраво месец ипол сме , дали е нормално бебето да има многу пкунка, и балончиња му се прават и почна многу да се лигави ?
Искрено во најлошите денови се сум ставала во млекото или во чајче. Кога ќе те фати очај не знаеш што правиш. Фала богу брзо минува.
Не мора да значи дека се по книга треба да се развива, ако е така по книга, јас пак знам дека најголем број бебиња почнуваат со лигавење 6-8 недела и е сосем нормално, секое бебе индивидуално, не може сите исто денес наполна 3 месеци па утре ќе почне со лигавење, нема врска Ние сме скоро 2 месеци уште малку и моето исто почна околу 6та недела, и мене ме лигави кога ќе го кренам да подригне
И моево почна да се лигави на 6 недели и да бута раце во уста и се друго. Јас на 4 недели почнав да го ставам нс меше два пати по една минутка. Инсче од почеток бабицата ме тераше да го ставам нс гради кај мене да лежи на стомак,моево од третиот ден ја дигаше главата и почнсв прво на мене да го ставам така. Иначе не сака моево баш на меше,сега го ставам подолго 2-3 минутки,ама гледам дека се нешто се нервира.