И јас го ставам на гради кратко, ама го прашав педијатарот рече сеуште е рано да почекам уште малку па не знам што да правам, а уште недела дена 2 месеци сме…
Не е рано, тами тајм се прави од одма, не дека сакаат нешто посебно на меше од почетокот, ама колку толку да јача мускулатура.
Јас ја ставав од одма. Прво после бањање таман за да ја намачкам, па после тоа неколку пати по минута. Ниедно бебе на почетокот не сака на меше, ама како ќе минува време полека ќе засака. Ќе му ставаш играчки ќе му ги мрдаш од лево на десно ќе гледа и ќе поседи минутка.
Давајте совет мајки зашто ќе полудам веќе.. Малото 4 месеци има тежок рефлукс,аспирира млеко и е на езомепразол и ар формула. Од Козле докторката вели мора се на високо пресоблекување,ранење,спиење се.. Детево се лизга кутро на перница и се нервира многу сака на рамно да си спие. Гледав подлоги за рефлукс дали има некоја користено? На kayla's baby shop страницата ги гледав и во локо кроко. Има како перничиња од страна а има и една со појас.
Кои гелчиња шампончиња ги користите за бањање на најмалите? Досега имам Веледа и маслената купка на Биодерма користено, ви пробала нешто ново. Преферирам органска, без многу хемија козметика за деца. Некој предлог?
Uriage маслената купка и од истата линија млекото за тело, многу поубаво ми мириса од Веледата и мислам нема да го менуваме . Супер е составот. Конкретно оваа купка, пошто има неколку вида:
Мајки кој аспиратор за нос е подобар? Тој за влечење со уста или тој за правосмукалка? И дали треба претходно да му ставам физиолошки раствор на бебе во носе или така да го користам?
Физиолошки обавезно, или спреј изотоничен, јас имам со влечење со уста на чико, онака е ама брка работа, а многу ми го фалеа носко од Зегин, има и тука баш мислења од членките поназад негде и тој е таков со влечење ама баш се чистел презадоволни беа.
Спреј обавезно. Ние користевме бекутан или oceanic нешто беше На почетокот кога вадевме секој ден вадев со уста. Кога ми настина вадев со правосмукалка. Ја ставаш на најслабото и влечеш. Ќе се зачудиш колку мрсули може да има во едно мало носе.
Мајки, кога почнаа бебињава да се љубопитни до степен што тегнат гради додека цицаат? 3м бебе, само навечер цица мирно, цњло време се врти, на стомак лежи со главата крената и ми ја влече градата.
Сега сме во некојс фаза со цицањето фати-пушти,плачење,извивање и така. Не е секое цицање,ама пак.Читав дека било нормално и дека е пролазна фаза. Ако сте поминале мајкички низ овас фаза колку траение сме на втора недела вејќе.
Па така околу 3 месеци и ќерка ми исто. Јас ја доев само во спална легната на темно инаку немаше шанси поинаку, се друго и беше поинтересно
Може ли да ми кажете симптоми на рефлукс? Се плашам нрколку пати се случува да поврати , не млаз. Еднаш како лиги а после како повраќано. Супер напредува само оваа недела гледам нема многу плус во грамови. И да др симптом некогаш при крај на доење знар да стане нервозна . Дали има простор за грижа? Како се испитува и каде рефлуксот
Од што може да се јави дијареа кај 2.5 месечно бебе? Денес од 9-10 сабајле до 16ч какаше 7-8 пати, од кои 3 пати бааги количински, останатите не. Конзистенцијата беше иста на сите, со бели парчиња, посветло жолта, лигава со слуз. Не е здрава столица, онаа сенф жолта, кремаста. На ексклузивно доење сме, Биогаја давам, до сега да сум заборавила да дадам 5-6 пати, меѓу кои и вчера. Има некоја мајка со вакво искуство? Страв ми е од дехидрирање. Педијатар исконтактирав, спомна да вклучам електролити иако цица океј за сега и мокри пелени. Може не како секој ден, ама брзо го бои индикаторот.
Исто сме буквално, бидејќи сме на комбинирана исхрана мислев дека скроз замина млекото и тоа што беше, ама кога и да се молзам млеко има исто како претходно, а не сака на града, чудно ми беше зошто, ама не стално, некогаш воопшто не сака, некогаш на сред цицање ќе и текне, а некогаш цица до крај, чудно…
Моево почнс дс плачи после секое цицање,некогаш ссмо плачи и не сака да фати. Мислам само нсвечер цица нормално оти е поспан,стварно не знам што дс мислам вејќе…борба станс за живот цицањето.
Со лесно нека ние Јас дури се мислам дс го водам и на педијатар ако продолжи вака со плачењево…никако не се смирува со тешки маки.