Бебенцето ни е една недела старо, од кои три дена е дома со нас. Првата вечер ја ставивме да спие во креветчето(залепено до нашиот брачен кревет) но плачеше многу цела вечер, и ја префрливме да спие со нас и одма се смири. Следните два дена пак пробувавме ама неуспешно. Кога спие со нас сврзува 3 саати и не плаче. Не сакам да ја научам да спие со нас, ама многу ми е жал да плаче по цела вечер а јас да не превземам ништо. Ве молам за совет.
не се грижете, толку мало нема да се навикне и научи, му треба топлина и блискост. пробајте кога е уцврстено во спиењето да го префрлате, или ако веќе спие меѓу вас внимавајте многу на безбедно спиење.. имајте предвид дека сега сигурно сте преморени и може да се уцврстите во спиењето и несвесно да го налегнете/загушите (звучи лошо но секогаш мора да ви е тоа во памет)
Ретко кое бебенце може само да спие во празно ладно креветче како што препорачуваат. Јас спиев со двете, сама. Додуша големото коа веќе порасна го земав (1г) и проспа детето, претходно се испомачивме и јас и тој со тоа креветче. А малово е со мене од старт практично. Пазете само, направете што е можно повеќе за безбедно спиење заедно, јас не би го ставала меѓу, од моја страна само, маж како маж, они поинаку спијат од нас мајките. Како сакаш одлучи, како највеќе ви одговара. Ама има мнооогу бебиња што спијат со родителите.
Здраво, ние веќе почнавме со вкусови, а сакаме да воведеме и житарки.Педијатарот ми препорача на хипп да ставам на 50г кашичка по 3 лажички житарки па ми треба совет со што ги комбинирате вие?
Моето имаше рефлукс ама него само низ носе малку му излагаше и од тоа му се правеа густи мрсулчиња.Јас земав ваква перница ама цело време се лизгаше, денски океј ми беше ќе си го ставам на грб или меше на неа и ќе го занимавам ќе го поткренам...навечер друга приказна, нон стоп станував да го кренам да го наместам. Не би ти препорачала ваков вид на перница, подобро би било да е целосна односно подолга па бебе цело да лежи на тоа а не вака само со горен дел од телцето. Оваа од хелоу бејби можеби е подобра, нека пише некој ако има искуство.
Моето спие во креветче само ако го ставам цврсто заспано, 2 месеци е сега и сеуште е така од почеток, некогаш ако заспие на града, на спалната ја оставам да не ја будам ама гледам колку можам повеќе да ја префрлам во креветче ради безбедност. Кога почнаа грчевите почесто спиеше со нас тогаш повеќе плачеше ама во секој случај никое бебе од почеток не сака во креветче , му треба близина и твојот мирис ама по малку ќе се навикнувате. Многу често сега и преку ден почнав да ја ставам во креветче кога ќе заспие.
Драги мајки, Јас сум Марија и сум студентка на насоката Акушерство. Како дел од мојата дипломска работа, истражувам колку е важна поддршката од акушерките во периодот по породувањето (постпартум), кога жената е најранлива. Анкетата зазема само неколку минути и е целосно анонимна. Секое Ваше искуство е вредно и ќе ми биде од голема помош. Исто би сакала да ве замолам и да ја споделите анкетата понатаму.. Истата е достапна и на Македонски и на Албански јазик. Ви благодарам од срце! https://docs.google.com/forms/d/e/1...vUjh0XJhlAt0ky0d9x6545qfQ/viewform?usp=dialog
Моево за десет дена ке прави три месеци и уште спие со нас,само првите две недели спиеше во креветчето после почнаа грчевите и толку беше од тоа. Ке почнам помалку да го ставам зс да се привикнува. Иначе бебињата си сакаат близина,мислам дека ниедно бебе не сака да спие во креветче на почеток. Многу е мало уште не се секирај ке се навикне и да спие во креветче. Туку мамички дали имате одено со мало бебе на свадба? Требс да го носам моево тек на 4 и пол месеци,ама ме интересира што дс очекувам
Ние бевме викендов 6мес сме, го гледавме првиот танц и игравме на вториот заедно и невестинското оро со бебе во рака го изиграв, он супер си беше не му сметаше музиката, а после тоа дојде баба му и си го зема за спиење..Мачно е малку зашто ќе треба се во раце ќе си сака внимание, а и да спие пак ќе ти е на мисла ќе го проверуваш нонстоп, ама од друга страна интересно е зашто правите нешто ново заедно.
Купи му од тие слушалките за уши, сепак е многу мало. Претпоставувам ќе си спие. Јас на свадба не сум ја носела ама вака по кафичи ништо не и смета кога ќе и дојде време за спиење.
Можеби глупаво прашање ама прво дете го немам осетот развиено, дали е во ред да се носи бебе три месеци на гости, викнсти сме ма роденден кај пријател но од 9 и пол е собиранката (мал број луѓе ќе бидеме) нели е доцна некако? Секако само еден час би седеле колку да се видиме со луѓето кратко. Бебето се уште нема ред со спиење фатено бидејќи има мн грчеви
секој ќе ви каже различно, вие најдобро го познавате бебето. јас моето лично не ми го носела толку доцна затоа што е преголема стимулација само што ќе му биде галама од луѓето и после ќе заспива потешко и ќе спие полошо од што е научено така
Јас не би го носела и до денес 8 месеци е, не ја носам затоа што со толку мало дете нема раат и нема поента одењето на гости. Сум ја оставала на некоја баба и сме оделе на гости. Спиењето нема врска ако му се спие ќе спие. Кај нас тоа стимулации и слични работи што ги пишува на интернет врска немаа, кога била преморена спиела цела ноќ без никаков проблем.
Здраво, дали некој имал слично искуство. Бебето ми е 5 недели и последниве два дена приметив дека чудно се однесува после испиено аптамил, ја фрла главата наназад, се грчи и се исправува како прачка. Денеска 4 пати бљуцна два пати по дадено ад и два пати после доење. Дали е ова нормално или треба да се посети педијатар?
Бљуцкањето е нормално, мојава бљуцкаше до 6 месеци мислам дека скоро после секое млеко. Тоа такво фрлање со главата назад и како прачка правење да не му е од незадоволство нешто, нешто да не не му е по кеиф, со главата почнуваат да буткаат наназад кога сакаат да ги свртиш некаде да гледаат е сега од кој месец тоа почнуваше не ми текнува. Ако ти е шубе пиши му на педијатарот ама мислам дека е нормално. Бебињата прават многу чудни работи, а тие што се за прв пат мајки за се мислат дека е чудно, зборам од искуство до денес уште се замарам со се нешто