Здраво моето бебе има 2 ипол месеци и не сака да ја крева главата кога лежи на стомак....Дали е загрижувачки има ли некој такво искуство?
Пробај да го поткренеш под агол, со перничка или ставај го да ти лежи на гради. Ставај го по минута две, макар и секунди, по неколку пати на ден. Моето не сакаше ич на меше на целосно рамна површина.
После 3 полни месеци. Гледај да е ергономски и свртено кон тебе. Ми се ежи секое влакно кога ќе видам бебе свртено нанапред.
Мајка пробај на раце, ако така си ја крева главата јас многу не би си правела стрес, и не би форсирала на под. Моево никако не сакаше на стомак, особено на рамна површина, а си ја држеше главата уште од многу мало. После 4-5 месеци го засака лежењето на стомак сам
Мајки, кои д3 ги давате од 3ти месец? Бебето од утре е точно 3. Давав д3+к1, ама ми кажаа не веќе бидејќи сега е само на адаптирано.
На тие на кутијата пишува од 4 месеци. Ортопедот во извештајот пишала 1х2 д3, веројатно по 2 капки, а не пишала каков и сега ми е на мисла....Дали може Вигантол од 3 месеци
Земи ги на Пливит Д3, јас од тие сум давала. Вигантолот мислам е после 3 месеци, не сум сигурна за нив.
Тие ќе ги земам...Пишува 1х2 400IE, Пливит се 400, Baby D3, такви ни не постојат Дали некоја мајка давала по 2 твист капсули Бејбитол, само д3 што се?
Јас почнав со вигантол од 3 месеци Прво по две капки па после на прегледот матичната ми рече по три да давам бидејќи бебето е покрупно. Матичната ми рече поефикасни биле вигантолот.
Zdravo, imali nekoj sto prestanal da dava Biogaia poradi zapek na bebeto? A posle toa bilo podobro, i za kolku dena se regulura stolicata?
Здраво, не знам дали е за тука прашањево но ќе ми значи доколку некој ми каже. Маж ми ке оди за Грција деновиве, што сте користеле за ублажување на симптоми за никнување ма забчиња што нема овде, или некој друг производ за бебе кој го нема тука
Јас ја мачкам со Мундисал гел од Грција го земавме. Мислам дека и помага зошто кога ќе го види сама отвара уста да ја намачкам и после тоа се смирува.
Дали постои некој скок во развојот во трет месец? Само што наполнивме три месеци друго дете стана… Секое успивање со плачки,едвај спие десет мин,преморен цело време,одбива да цица понекогаш… Многу рсно се буди сега и не сака дс презаспие,цело време сме во раце..
Дали некоја имала искуство со агресивно триење на непце со глодалки/цуцла и раце? 3+++ има бебе, лиги еден тон а сѐ што може пика во уста и е пренервозно. Нема ништо потечено, некако рано ми е за заби. ставате ли некои гелчиња или нешто што сте задоволни?
Тоа им е период кога почнуваат да го истражуваат светот со уста. Не се заби. До кај 6 месеци беше со лигавче. Толку не се лигави сега кога веќе вади заби. Остави го, рано е за гел, период е.
Мајки, дајте предлог што да земам за повојница на бебе месец ипол, кумови ни се. Што би им било практично во наредниот период.