Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    1.335
    Допаѓања:
    2.380
    Пол:
    Женски
    Подлога за на земја поголема 120 на 160 на пример, рачен блендер, тенџерче за готвење, сет тањир чаша лажичка вилушка, куферче за бебето или да прашаш што им фали.
     
    На Sss26 и Bibsss им се допаѓа ова.
  2. 1001Ana1001

    1001Ana1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2022
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    240
    Скоро 4м бебе, на едклузивно доење почна периодов да има нередовна столица, 4-5-6 денови. Се мачи премногу, влијае и на доење зошто се грчи, а исто кога ќе прдне премногу мириса. Масажи правам нонстоп ама не помагаат. Ич нејќам чај да дадам ама изгледа ќе треба. Имате ли било каков совет? Знам дека се толерира и до 10 денови кај доени бебиња но гледам дека има преголема нелагодност и сакам да олеснам. Чепче ми е НАЈПОСЛЕДНА опција. Користиме дисастоп пробиотик ако нешто менува
     
  3. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    1.335
    Допаѓања:
    2.380
    Пол:
    Женски
    Кај нас најефект имаше масажа на стомаче при бањање во корито. Дали од топлата вода, дали од масажата ама се случуваше и во вода да се искака.
     
    На 1001Ana1001 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. 1001Ana1001

    1001Ana1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2022
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    240
    Ќе пробам утре, ние не полниме када туку ја тушираме. Приметивме со мм дека кога не носи пелена е ултра среќна и мрда многу повеќе па утре ќе ја ставам на подлога гола малку да видам. Имаме пријатели што цела прва година од животот на нивното дете, малиот нејќеше никако во пелена да кака, мораше да биде гол и тогаш беше хаос хахах
     
    На hannybanny му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Dzidza16

    Dzidza16 Нов член

    Се зачлени на:
    4 август 2026
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Мајки помош.. 2ипол месеци бебе, носот не му е затнат значи си дише нормално, а сепак како да има нешто на грлцето или назад во носето и цело време се мачи да го исфрли. На моменти после јадење звучи како да има секрет. Мрсулчиња во нос нема, многу ретко. Кога спие нема никаква мака, слободно си дише, ама кога е будно од време на време се мачи бебуш. Нели нормално е да се чисти, и му се развиваат дишните патишта, ама веќе не ми е јасно дали е тоа во прашање а премногу ми е жал да го гледам како се мачи. Ставам физиолошки раствор, ама не гледам разлика. Доколку некоја мајка може да ми помогне би била многу благодарна..
     
  6. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    905
    Допаѓања:
    4.793
    Пол:
    Женски
    Ако гледаш само вака пд надвор дали има мрсулчиња може и да не ги гледаш убаво ако има внатре подлабоко. Земи си носко за чистење на носе па тек ако после тоа пак има проблеми можеш да се обратиш на доктор. Јас на моето не му гледав видливи мрсулчиња ама осеќав дека не диши убаво особено кога цицаше а се изненадив колку мрсули извадивме со ноското.
     
  7. Dzidza16

    Dzidza16 Нов член

    Се зачлени на:
    4 август 2026
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Јас имам аспиратор за влечење мрсулчиња ама бидејќи не му се гледаат не ги ни влечам. Инаку си дише нормално, не е затнат воопшто и кога пие млеко си дише слободно преку нос. Педијатар вика нормално е до 6 месеци додека се развиваат дишните патишта а постепено ќе се подобрува, само веќе месец ипол нема подобрување и ако биде вака и понатаму многу ќе се мачи, не знам... Цело време како да сака да исфрли нешто.. Секако пак сме на преглед кај педијатар, ќе видиме што ќе каже..
     
  8. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    905
    Допаѓања:
    4.793
    Пол:
    Женски
    Токму ова ти го пишав погоре дека ако не му се гледаат не значи дека нема. Тоа дамото не знае да дувне низ нос како возрасен за да ги исфрли. Ние возрасните не дуваме нос само кога ни се гледаат мрсули, туку осеќаме од внатре дека не ни е чист носот и дуваме. Бебе тоа не може да го направи. Јас прво би пробала до адпиратор ама сепак ти си знаеш.
     
  9. Frida-

    Frida- Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2025
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    Ова личи на рефлукс.
    Ќерка ми исто беше, помина само од себе - 4ипол месеци сме сега.
     
    На Dzidza16 и Калеа им се допаѓа ова.
  10. Калеа

    Калеа Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2021
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Предлог за добра хранилка?
     
  11. Dzidza16

    Dzidza16 Нов член

    Се зачлени на:
    4 август 2026
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Да, прочитав дека може да е и рефлукс. На контрола сме пак следна недела па ќе видиме што ќе каже педијатарот. Претходниот пат рече нормално е, се развиваат дишните патишта.
     
  12. Shinystar156

    Shinystar156 Активен член

    Се зачлени на:
    12 април 2026
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    2
    Во што најчесто облекувате машко бебе за излегување од болница - септември/октомври? (Комплетче, шпикозни?)
     
  13. simpleewa

    simpleewa Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2021
    Пораки:
    473
    Допаѓања:
    194
    Пол:
    Женски
    Ова ми запна на око.. и моето бебе е покрупно, ама заради фонтанелата дека брзо се затворала, ми кажа да давам по една капна наместо две. И сега овој одговор ме замисли. Ви кажале ли нешто такво?
     
  14. srce-9

    srce-9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    1.071
    Допаѓања:
    1.458
    Пол:
    Женски
    Мене за фонтанелата не ми кажа ништо, му прави проверка секој пат кога го носиме, рече покрупен е да внимаваме да не дојде до искривување на коските како расте затоа да зголемам од две на три капки
     
    На simpleewa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. simpleewa

    simpleewa Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2021
    Пораки:
    473
    Допаѓања:
    194
    Пол:
    Женски
    Бебе 5 месеци. До 3 месеци врзуваше сон од 9 до 3, после тоа почна се порано и порано да се буди и сега е стигнат да спие од 9, па се буди во 11, и после се буди во 1, 3, 5, 6, 7. На секое будење го земам да го дојам, за да не ја разбуди поголемата. И тоа е сега проблемот, што не знае да ги врзе циклусите, т.е. сам да презаспие. Не секогаш цица активно, ама по некоја минута си цица. Тоа особено се влоши со четвртиот скок и регресијата, и сега како да нема назад. Ми треба совет оти сум крајно ненаспана и веќе не знам што да оравам. Или барем некој да ми каже дека нема да е биде сѐ така
     
  16. simpleewa

    simpleewa Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2021
    Пораки:
    473
    Допаѓања:
    194
    Пол:
    Женски
    Има логика скроз
     
  17. srce-9

    srce-9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    1.071
    Допаѓања:
    1.458
    Пол:
    Женски
    И моето беше исто, се будеше двапати ноќеска за цицање и си спиеше до 7 сабајле
    Е сега откако почна регресијата заедно со скокот се буди многу почесто, ќе се сврти на стомак и ќе почне да кенка ќе цица малку и ќе заспие после тоа пак, сабајле е буден уште 5 ипол 6 и несака да спие...
     
    На simpleewa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Никита 94

    Никита 94 Активен член

    Се зачлени на:
    29 април 2024
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    И на нас ни кажаа дека е нормално. Сега веќе скоро и да не прави така. Најверојатно му биле грчеви
     
  19. Макаронкаа

    Макаронкаа Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    62
    Пол:
    Женски
    Искуство со drgoodnight? Во врска со тренинзите за спиење на бебето, дали имаат ефект?
     
  20. DellArte

    DellArte Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    15
    Детето има 2 месеци и плаче 24/7. Пробав секакви капки, масажи, термоси, подригнување, на адаптирано млеко е аптамил без лактоза, педијатар ми кажа само к1 да пие а да не ги даваме тие со омега. Нарачав инфакол но јас веќе не знам што да правам ова е веќе неиздржливо. Некој да ме посоветува со нешто?