Јас лепев такви, ги земав од аптека како се викаа не знам точно но кога ќе им кажеш за што ти треба ќе ти дадат. Избегнував директно врз него да истурам но сепак и лепев.
Мојата немаше проблем со грчеви, но отприлика тој период околу 3 месеци се јави проблем со гасови. Ни вежби, ни топло ништо не помагаше. Пробиотик секако давав, така да и од тоа немав фајде. Единствено не спасија Еспумисан капки по препорака од педијатар. Детето мислам се истиши буквално, иначе во мешето како тапанче беше.
Ме интересира за релаксатор вака од кој сте задоволни не многу скап... Имав од првото еден на Лионело 20.000 купен од Енци Менци, цел еден месец го користевме и се расипа а они гаранција имале само 6 месеци и за џабе купен за џабе фрлени пари. Ама сеа дека пак трудна и не знсм може ќе ми требс релаксатор за второво...
Речиси ниедна формула не чува отворена повеќе од 3 недели. Јас бев во слична ситуација како тебе, ретко давав ад и скоро секогаш фрлав ама подобро да фрлам отколку да ризикувам. Инаку најмало пакување од 300 грама имаат Novalac па земав од тоа па најмалку фрлав од него.
Не и е тврдо мешето, ни подуено не изгледа ама многу има гасови и многу се мачи, сношти минимум 5 пати се разбуди од гасови и пак заспиваше, и на секое испуштање плаче, прашав педијатар ми кажа само Колиеф капките што ги земаме и тоа по потреба кога има мака…. Некако не сакам сама да земам на своја рака, ама ете матичниот ништо… утре сме на вакцина па ако не ќе ја консултирам докторката таму, не знам друго
Јас ваков имам и се ми собира, не е некоја марка позната, ама топ ми е. Тоа напред патентот е за шишенца обложени за одржување на температура на млекцето, внатре има и преграда и џепчиња, надвор џепчиња, доста простор има, јас сум задоволна, околу 1200 го платив и мислам супер е за парите. И други дизајни имаше, а имаше исти вакви само како торба за на рамо.
Мајки ние сме 3 и пол месецо задна фонтанела не е сеуште затворена ни препишаа дупла доза Д3 капки за сега тоа, дали има некоја мајка искуство? Исплашена сум..
Јас на своја рака што се не и дадов. Се што слушнав. Само Nurse Harveys имаше колку толку ефект. Кај нас излезе дека колиеф не и одговара па и во прекинав. Денес после вакцина како сте? Од ротата може да има реакции појаки.
Вечерва зедов Еспумисан, ќе и дадам од утре, па ќе видиме… Рота прими претходниот пат, сега само втора доза шествалентна, инаку од ротата само два пати имаше потечна зеленикава столица ништо друго, а од оваа ни тогаш ништо, ни засега ништо нема, ќе видиме во текот на ноќта, сега мерев температура 36,9 беше и заспа. Инаку јас се си се припремив и сирупче и лепенки за ладење и ациди борици, ама нема ниту оток ни црвенило ништо нема па ништо и не ставив, ладно и е ноџето, ништо нема кај боцката, засега барем
Јас да те рпашам како си? Какопомина породувањето, царски ли бидна и голем ли беше баткото како што го мереа? Иначе мене првиот месец после пораѓај уште имав покачени, ми рекоа нормално е уште од бременоста, па стварно се вратија во нормала.
Мајки вие што сте давале Еспумисан со секој оброк дававте? Колку ви помагаа? Јас денес дадов 3 пати ама ништо подобрување нема, може треба подолго користење?
Девојки, спремам алиштенца и опрема за бебче што го чекаме кон крај на септември. Со што ги покривате навечер новороденчињата? Дома ни е релативно топло, но не би го оставила само по облека. Дали ги повивавте во пелена или пак во вреќичка? Или нешто трето? Исто така, вреќичките што ги гледам онлајн се без ракави… дали само такви има? Ќебенце или тетрапелена би избегнувала на почеток… плс за совет уште тоа ми остана
Здраво,ме интересира за кила кај машко бебе во едниот тестис сега еднаш докторката ми вели има вода хидроцела потоа ми вели има и малку од цревата спаднато и сега јас незнам дали има само вода дали има и друго рече ќе следиме до 6 месеци бебето е 3 и потоа ако не се повлече ќе не прати на детски хирург дали некоја мајка го имала истиот проблем и дали се решил без операција