Дали имате користрно носко со правосмукалка кај бебе 3 м. Имаме секрет а не се вади со усниот аспиратор.
Мајки ве молам за совет бебето има 6 месеци пред повеќе од пола месец почнавме со вкусови зеленчукови и овошни каши нешто купувавме, нешто домашно спремавме и фативмр некој ред, не дека нешто многу ги засака ама полека полека. Пред една недела се разболе имаше стомачен вирус со температура и одбиваше и ад да јаде, а кашички несака ни случајно. Го оставив неколку дена да се опорави не настојував со храната, туку само млеко нудев. Од вчера почнав пак да нудам и домашно направено прво благите за да го натерам да јаде и едвај две лажички со сила. Ве молам за совет сте имале ли вакво искуство да не ви јаде ништо и како сте го решиле овој проблем?
Мојата имаше вирус во август и во болница завршивме и од тогаш не јаде како порано. Претходно јадеше се и кога ќе го видеше нејзиното тањирче се радуваше сега едвај јаде максимум по пола од тоа што и правам. Сега приметив дека мора прво со рака да пипне и сама си ја става лажицата во уста ама и ова не успева со сите оброци. Јас оставам на времето, пробав и со сила нејќе.
Бебето ми е за една недела 6 месеци, ама последниве 2 месеци многу е активен со плачење. Дали е можно од бебе што напреднуваше по 1кг на месец првите 3 месеци, сега да немам доволно млеко? Цица редовно, се уште нa 2 саати, и дење и ноќе ☹️ не знае да презаспие без цицање ноќе. И приметив на цицање, првата минута цица набрзина нервозно и после осеќам дека надојдува млеко, и кога ќе заврши тоа - прекинува со цицање, па го враќам пак, уште 2-3 пати ќе цицне и толку. Прекратно цица, дали 5 мин. Се пршаувам, да не немам млеко доволно? Мислам, дали е тоа воопшто можно, на толку цицање? Пијам вода, се хранам колму можам редовно, не трпам глад да речеш. Знма дека е и во 5ти склк, ама трае подолго ова и не верно ми е дека после секое будење после саат време вришти неприродно, се вцрвенува, помодрува од плачење. Ќе го земам и се смирува в раце ама не смееш да седнеш, да го оставиш пак итн. Од скоро почнавме и со оброк, уште не е стигнато до цела количина. Ако има некоја со слична мака, нека ме утеши бар
Може е поврзано и со вирусот и треба повеќе време да се опорави стомачето. Независно од тоа точно на преминот 6ти спрема 7ми месец имавме промена во јадењето. Кај нас беа претпоставувам запчињата. Можеби во исто време ви излегуваат запчиња? Инаку само од себе се смени, ама траеше добар месец, месец ипол сигурно. Се нервирав, што ли не пробував, на можеш на сила и толку. Моето ни кашички јадеше количински доволно, ни млеко пиеше. За мене беше гладно, за него најверојатно сито
Здр, имам новороденче од 5 дена... Пишував некни во темата за АД млеко, тој проблем се реши, сега си пие млекце...ама цел ден е кинкава некако, сака во раце, ја носам, нишкам... Ме интересира дали е поврзано со ад млекото тоа, цела се вцрвува на моменти и грчи,плаче, бара да пие млеко, а испива 40-50 мл, некогаш и малку повеќе... Инаку полни пелени, мислам дека бебево напредува како што треба? Дали да давам и водичка малце или? Дали ова е период на адаптација или таква ќе си биде плачлива?
В Вода пред 6месеци не се дава. Многу е мала за било каков заклучок. Си барс бебе и гушкање и носење и топлина, буквално до вчера била во тебе секако дека ќе и требаш. Исто така, можеби ќе има грчеви, дигестивниот систем не им е оформен, затоа се вознемирени и плачат. Гушкај,бацувај и рано е за било што друго освен тоа.
Мајки како се справувате со обврски во домот и околу бебето тие што немате помош? Како постигнувате се?
Никако ама ептен треба организација добра. Пазарење прајме за цела недела за да имам се' дома и однапред договараме кој ден што ќе се руча. Кога спие бебето 6м е, прва дремка во тој 1 час готвам за него доручек, ручек и плус за нас ручек па на следна дремка средувам кујна итн...уствари не седнувам. Кога не е готвење тогаш се машини и чистење. Мислам кога ќе почнам на работа ќе имам помалце обврски И секако кога ќе почне бебето да јаде од дома ручекот се крати обврска
Мајки дали и вие сте имале ваков "проблем" Во раце цел ден. Скоро 4 месеци сме , периодов а ја легнам на подлога плаче; во релаксатор плаче не се занимава да си разгледува сама да си гуга. Се мора да е кај мене во раце. Знам дека е о проблем бидејки треба да се развива гледајки . Ама по цел ден плаче ако не е во раце не знам што да правам
Имавме ваков проблем помало кога беше, месец и пол-два, јас ја ставав во кенгур, дома со кенгурот движев, барем рацете слободни, иако ни во него не сакаше секогаш, пробував, не можев да ја додржам, по цели денови буквално, и спиеше на раце… Сега ближиме 4 месеци па повеќе е легната, си се занимава, си гледа рачиња, ноџиња, гуга Ќе помине, периоди се, и сега некогаш се случува да бара во раце, особено после вакцините ама поретко.
Речиси 6 месеци е, уште сака само во раце. Ни кенгур ни ништо. На подлога издржува 5 минути, ако ја занимавам. Спие во раце преку ден… Ништо не можам да направам низ дома, ама си викам дека породилното отсуство е за чување дете, и точно тоа правам по цел ден.
Исто никако. Зависи колку захтевно бебе е. Моето сака нон стоп да си до него. Јас навечер правам кашички за цела недела за него и секој ден одмрзнувам од сабајле, па кога спие ја топлам. По дома чистам еднаш неделно кога со мм ќе излезат на прошетка. Навечер некогаш зависи колку сум уморна бришам со мокро под, подлоги. На почетокот секоја вечер бришев подлога и бев преуморна, сега од втеме на време. Јас не готвам, а и слабо јадам. Тоа е обично од нога, по пат, од фрижидер. Среќна сум кога имаме некој на помош па да ми зготви. Значи сума сумарум зависи од бебче. Без помош колку да се преживее
Zdravo majki, sto koristevte za temenici kaj bebeto i sto vi pomogna najmnogu? Bebe e mesec ipol zemavme edno maslo na freezyderm ama ocigledno ne pomaga, ponekogas i na vegite i se pojavuvaat luspi.
Држи ја во раце и уживај. Не си свесна колку брзо ова ќе помине и ќе биде големо бебе. Јас имав купено марама зошто ме болеа рацете не можев да ја држам, после тоа и кенгур. До полни 5 месеци живееше кај нас во раце. И не можам да ти објаснам колку многу тоа ми фали. Сега веќе си брка сама работа и ретко кога сака во раце.
И јас на некој начин се тешам со тоа дека е период и минливо. Но за бебе е исто важно да биде и на подлога; да биде на меше ..и сл. Да може да се развива
Едноставно детето си сака близина, проблем не е. Мислам дека high need бебиња ги викаат. Јас сум циркузант и занимавална цело време. 9 месеци и се уште морам да сум до него. Ама не можеш против тоа. Нека се живи и здрави, ќе пораснат нема се да не сакаат до нив
Не се секирај си се развива тоа. Си знаат они многу добро што им треба. Така и јас цело време, те повеќе на подлога да е, те да не го возам премногу у количка итн. Они си растат ние си блееме и така