Морам уште ова, релаксаторот како го купивме како украс стои. Околу 6 месеци почнавме да го ставаме, не да се релаксира туку само така да си лежи додека испиеме по едно утринско кафе брзинско. Денес се крева на него . Толку од релаксаторот и релаксацијата на бебето . Смешно ми е ама вистина е. П.С. Додека пишувам лежам до бебе што се уште се буди после 30мин. ноќно спиење, сака мама да е до него да презаспие и во ужасен скок е. Но, сега сум свесна дека секој ден расте и наскоро ќе биде мало детенце кое што ќе се осамостојува и си уживам во моментот.
Бебето ќе стане активно и повеќе ќе сака на подлога кога веќе ќе има 5/6 месеци. Не се оптеретувај што треба и како треба по месеци. Јас се мрднав од читање и реков веќе не читам. До полни 5 месеци малата живееше кај нас во раце. Ретко на подлога, многу многу кратко сакаше. Еве ја 10 месеци не сака веќе во раце, се качува кај стигне, пробува да оди, немам мир една секунда цело време сум под стрес да не ја искрши главата. Тоа што пишува на интернет дека треба да биде за сите исто не важи. Се ќе си дојде природно.
Каква вреќа за спиење би одговарало за 4 м бебе? Со ногавици или целосна , со мобилни ракави? И дали сте задоволни од Нанам , точно кој модел
Исто и мене ме интересира, јас гледав на Ананас и Тему, дали се убави и колку дебела треба за сега а колку за на зима? И моето скоро 4 месеци, кој знае нека сподели… Јас би прашала уште нешто, како ги облекувате бебињата сега овој период? Бебе е родено во Јуни па цело лето само во боди го поминавме најчесто ,евентуално шпикозни по кратки некогаш, сега како залади башка и променливо е доста не знам како да го облечам, засега по боди на крати и шпикозни одозгора и чорапчиња, надвор кога одиме му ставам и јакничка и ќебенце во количка, дали негде грешам? Свекрва ми само вика голо е детето Последно и дома ја потпокривам со потенко ќебенце кога си лежи..
И моето е родено во Јуни, засега го облекувам во еден слој дома, околу 25 степени ни е, боди на долги и хеланки или само шпикозни на долги и чорапчиња. За надвор два слоја и палто и ќебенце, зависи од температурата, ако е топло без палто да не се испоти.
До 6 месеци мислам без ногавички. Засега не треба ракави, топло е уште. Моето е 6 месеци, спие во боди на долги и летна вреќичка 0.5 тог (имам и со и без ногавички, ги користам двете). За зима имам 1.5 и 2.5 тог. Има сликички по нет како да се облече во зависност од температура на соба. За Нанам не знам од искуство ама сум прочитала добри критики.
Вашата од каде е ? Јас не знам и кој број да земам, бидејки сме сега 4 м , па 0-6 мислам да не не ја искористиме многу да не е мала. А од друга страна 6-18 некако ми е преголема. Ова се бројки во Нанам
Малите бебиња губат мн бргу топлина, затоа јас би го облекувала во два слоја и дома. Моето е родено во декември, истотака дома цела зима околу 24-25 степени и беше до доцна пролет во два слоја. Сега пак за спиење е во два слоја, боди на кратки и целосна пижама. Преку ден е по боди на долги најчесто, ама и во движење е цел ден.
Јас од денес боди на долги и ставив, 20 степени беше преку ден во дневна па и клима пуштивме многу наеднаш залади
Ама едно е септември а друго е декември. Ние со мм и тодлерот сме по куси дома, според мене 25 степени е топло и ми нема логика да му облакам сеуште два слоја. Плус пола од денот шо се вика спие и е покриен а кога е буден пола е у раце и плус на подлога и релаксатор. Ама секој си одлучува за свое бебе, немам ништо против ако некој мисли дека треба два слоја И мене големиот ми е во декември и го облакав у два слоја до мај.
Јас никогаш не и облеков боди по кратки па одозгора шпилхозни. Родена е во декември секогаш ја облекувам на боди со прерамки и шпилхозни, а сега веќе носи и тренерки и пижами. Како залади така и облеков боди одоздола, мене ми е ладно не па неа. Ама тоа е тоа два слоја само. Хулахопки уште не сум и облекла, за дома нема потреба не е толку ладно ама за надвор да од денес и тоа ќе носи.
Мајки ве фаќа ли постпордолна депресија ? Значи се осеќам изгубена и несфатена . Еден ипол месец откако се породив а јас не знам на која страна да фатам ; помош немам од никого ; на почетокот мајка ми помогна но сега немам никој сама сум со две деца ; едното е прваче и е многу непослушен ... Кажете чаре како да бидам малце позитивна; сопругот веќе не ме разбира и по цело време оди работи . Значи триста глупости ми се вртат во глава ; лоши работи како страв од смрт ; не смеам да пијам ништо затоа што дојам..
Додека на направи бебето 3 месеци само плачев. Никој не ме разбираше. До денес не сакам да седам сама и во тишина. До денес само мислам на болести и само се проверувам особено градите, да не имам нешто од страв да не умрам и бебето да ми расте без мајка или не дај Боже со маќеа.
Здраво, дали има некоја искуство со многу силно плачење на бебе кога се менува пелена и се пресоблака? Буквално од напор од плачењето во моментот кака у воздух и полни уште една пелена. Многу ми е жал, незнам како да му помогнам. Бебето е 1 меесец старо.
Моето многу плачеше на почетокот додека беше многу мало, после сфатив дека плаче затоа што ја преслекував дирекно на подлога за пресоблекување тие како со мушама што се обложени па веројатно реагираше на ладното, дека ладно држи мушамата, кога почнав да и ставам подлоги за една употреба што се тие од ДМ доста се смири иако и тогаш знаеше да се расплаче некогаш ама дефинитивно не како претходно.
Тоа се некои новитети дека вода пред 6 месеци не се дава. Како порано ни давале нас !? Исто некои сме биле израснати со мајчино млеко некои со Ад и буквално на сите ни давале вода. И тогаш постело хип млеко и сега - составот е тој. Јас на моето му давам, затоа што сметам дека млекото поготово ад не може да ја изгаси жедта како водата.
Кога ќе го чујам ова “нас како ни давале” е нема смисла. Да ти покажам слики каков ми бил креветот со милион ќебиња и јоггани, ќе сум се угушела ама толку знаеле. Само пошо нешто се правело, не значи дека било добро. Формула и вода не е исто. Формулата има друга конзистентност и не ги оптеретува бубрезите за разлика ако му дадеш на мало бебе вода. Порано и сардели во газ им ставале на бебињата за да какаат, па не значи дека е ок. Ама секој со своите убедувања и верувања. Сите си знаеме најдобро за своите деца
По колку саати ви спијат бебулки на доење? Знае да си затера и по 4 5 часа без да бара да цица, ама кога ќе стане, ја гледам дека убаво си се нацицува, отприлика 20 мин цица..некогаш ја будам, некогаш ја чекам сама да си бара, вие ги будите?