По колку саати ви спијат бебулки на доење? Знае да си затера и по 4 5 часа без да бара да цица, ама кога ќе стане, ја гледам дека убаво си се нацицува, отприлика 20 мин цица..некогаш ја будам, некогаш ја чекам сама да си бара, вие ги будите?
Исто првите 4-5 саати не се буди, после тоа на 2 станува цица и продолжува до кај 6-7 сабајле и после стануваме Ии се дури е така не го будам!
Абе нам многу работи ни правеле, а да прашаш зошто ќе ти одговорат оти така треба, а и сами не знаат зошто. Со мајка ми летоска дискутиравме на тие теми. Зошто мамо така, епа така се правеше. Разбирам, ама зошто се правело така? И молк. Значи како ќе им каже мајка, свекрва, тетка, стрина, комшика итн. Па јас мислам дека подобро е да знам зошто му правам/ давам нешто на детето отколку само затоа што ми кажале дека така треба. Поготово во ова време на достапни информации и секакви научни истражувања и трудови смешно е да не сакам да се информирам. Одлуката секако на крај ја носам јас како мајка, ама поткрепена од факти. Извини ама мене нам како ни давале, ако не ми кажат зошто правеле така, не може да ме убеди дека е исправно. А за водата пред 6 месеци се знае зошто не се препорачува да се дава. На крај се разбира препораката може и не мора да се прифати.