Od kremceto za lice na Mustela stavav i uste stavam. Kozata na liceto i e suva mnogu i so toa se podobruva.
Ние се од Мустела користиме уште од почетокот освен за пеленска регија кремче и многу сме задоволни, а доста сува кожа има бебе. Исто и на лице кремчето за лице од истата линија, и одлично му одговара, никаков проблем досега.
Мајки бебето ми е 4 месеци на вечер заспива во 8 некогаш и 9, но има неколку дена безразлика дали ќе заспие порано или покасно станува сабајле во 6 еве денеска дури и порано од 5 и пол е будно пробувам да го презаспијам со нишкање со млеко но не е успешно,совет некој од искуство што да превземам .. предходно спиеше до 7 и пол/8 ,сега има 5/6 дена прави вака..
Период е. Кај нас траеше до 9 месеци. Ми се плачеше, секој ден без разлика кога ќе заспие како со аларм стануваше во 5:20. Како почна во градинка не можам насабајле да ја разбудам. Она спие јас ја облакам. Се наопаку
Ме интересира вие со две деца мала разлика (моите се година и месец разлика) Големата е година и скоро два месеци а малото е новороденче две недели.. Како спиете навечер? Сношти пробав со малата да одиме во спална да спиеме сите заедно ама а почне да плаче она, се буди и големата плачејќи ќе се исплаши и станува... и морам јас со малата во дневна да спијам а мм со големата во спална,. Исто проблем што ме мачи е кога мм ќе биде втора смена на работа, како ќе ја успивам големата ... ако во меѓувреме почне малово да плаче во дневна (во гнездо е на сигурно), што ќе правам каде попрво... сега имаме помош свекрвата е тука ама ќе си оди неделава и не знам како ќе се снајдам сама со две МАЛИ бебиња ...
Мајки, тие што имате новороденче и поголеми дечиња што одат во градинка… како се штитите од вируси бактерии? Ние сме 3 недели и до сега не ја праќавме поголемата во градинка, но веќе станува тешко, бидејќи немам помош да ги менаџирам двајцата, па морам да ја пратам пак да оди. Тоа што ме плаши е што малово е многу мало, а знам дека нема спас од настинки дајте споделете искуства, како сте поминале во ваква ситуација?
Поголемиот 3 месеци го чував дома дека се погоди лето и септември се врати во градинка. Само шо тргна првата недела одма се раскашла, мм префати и бебево одма мрсули ама помина за една недела. Јас го пресоблекувам и го мијам одма штом ќе влезе дома од градинка, тоа ми е некој начин заштита за да не е во истите алишта дома и раце лице убаво измиени. Сега за сега сме океј па ќе видиме понатаму. Не можеме скроз да ги заштитиме реално...
Јас имав првоодделенче и новороденче, баш сезоната на болести. За чудо бебево не префати ништо, големиот нон стоп одеше во школо. 1-2 пати и се подразболе, ама бебево не додека не пркна малце. После од 6 месеци до година си надохнади со бактерии од брат му, ама најкритичниот период беше здраво.
Па баш нѐ фаќа сега период на настинки… не знам стварно како ќе биде, се надевам од млеково е нешто заштитено… Да, и јас си мислев тоа одма миење и алишта за перење… големата веќе беше настината септемврито кога тргна во градинка пред да се роди малово, да се надевам дека скоро нема да префати
Здраво мајки. Бебе скоро четири месеци, спиењето стана ужасно. Се буди цела ноќ на 30-45 минути максимум саат време. Во креветчето може да одспие само саат два и потоа никако да презаспие, клоца и се вознемирува. Продолжуваме со спиење на спална но и така се буди постојано и бара нишкање никако да презаспие поинаку. Ужасно напорно а и загрижена сум дека не спие доволно. Преку ден не е ништо поарно. Знам дека веројатно е регресијата, ме интересира дали имала некоја друга вакво брутално искуство и дали ќе стане подобро и кога? Откога е родено е неспијач, но ова ги преминува сите граници… загрижена сум многу
Јас, збудалев. Поминува, кај нас околу 6 месеци се среди малку. Околу 8 таму дури проспа 3-4 ноќи цели ама не за долго. Сега кога е во скок станува на саат-ипол два. Станданрд станува 2-3 пати се уште, ама за споредба што беше е вака како вас, пуна капа за мене. Годинка е иначе.
Мајки, при чистење на папоче денес забележав крв… дали е очекувано, дали ви се случило и на вас? 12 дена сме инаку, папочето уште не е паднато. Го чистиме со алкохол и стапчиња за уши или тенки газички.
Кај моево бебе исто забележав крвче малку на крпата за бањање откако падна папокот, ама местото кај папокот беше чисто, во ред, само еднаш или двапати беше тоа случај.... Мислам дека ако нонстоп крвари кај папокот или местото е отечено, болно има простор за паника, вака не, се познава кога не заздравува.... Мене ми рече педијатар оти само површински се чисти местото со мед алкохол со стерилна газа.
Моево почна да кашла и му се затна носето…цела ноќ не е спиен,после ке го водам нс доктор. Кско се справувате вие со кашлица и затнато носе? Моево има 5 месеци
Имам слушнато и читано дека кромид сечен се става близу бебето/детето додека спие, помагало многу за пуштање носе, и чистење секако со аспиратор и спреј. Јас лично немам пробано, фала му на Бога засега немало потреба, ако пробал некој нека сподели искуство.
Мами бебчето ми е 4 месеци кога го држев во враце се свртив и несакајки го удрив со главчето во вратата почна мн силно да плачи но потоа се смири се смееше си беше весел и сега заспа тоа беше пред околу 40мин има само црвено на местото кај што се удри мнпгу се исплашив што мислите дали да посетиме педијатар? Не се удри силно
Мислам дека на сите кога тогаш им се случува ова или слично. Нормално дека плачело, го здоболело и се уплашило. Следи го во наредните саати дали добро јаде, дали е активно кога е будно. Ако се однесува како вообичаено, нема потреба од педијатар. Секако слушај си ја интуицијата ако сметаш дека треба да го однесеш на лекар.
Здраво на сите Бебушот ми е 4 месеци и сме само на доење, пробав да дадам млекце од шише (во случај да треба некогаш да го причуваат на кратко) но никако не сака. Ги пробавме шишињата на philips avent, dr Browns и на Nuk. Некоја мама со слично искуство да сподели... Фала.