Оставај ја подлога ќе се сврти. Мојата на 6 месеци прв пат на спална се сврте и толку беше, после една недела почна цело време да се врти и еве 11 месеци се бркаме наоколу
Мојата скоро се сврти прв пат пред некои 2-3 недели, за брзо ќе правиме 5 месеци и рачето уште и заглавува некогаш. Сеуште не се врти нон стоп, од тогаш уште неколку пати само се има свртено. Ама па се научи да и пуштиш двете раце се фаќа и се крева нагоре, сама станува и сака да седи, а ако е легната на подлога нон стоп е со главата крената само гледа наоколу, не сака да лежи право ама ич Сите деца различно, не грижи се воопшто, ќе си биде.
Моето бебенце од 1 месец веќе две недели од прилика константно плаче значи а отвори очи она вреска се додека не заспие пак буквслно премногу плаче и не се смирува никако. Требаше да се пораѓам во Систина ама се породив итен царски во градот кај што живеам, сега ја носев во Систина на ушен преглед и десното увце не и помина на тој тестот што го прават таму. Наводно имала нешто во увцето дали вода дали ѓубренце не знам ми рекоа парсфински капки да и ставам и следна недела пак на преглед. Најверојатно и затоа толку многу плаче цело време. Нешто ја мачи и боли.. Дали некој има вакво искуство?
Дали е дел од скокот во развој на 3ипол месеци плаче не сака да цица, уште не почнат вришти, во раце го нишкам шетам , џабе малце ќе повлече со плачки и тоа. ноќно во спиење не прави проблем, давам и дохрана од старт 4 пати во 24 часа (не напредува доволно без тоа) дали се одвибива од цицање или фаза е ? ми се тенчат нервите оваа недела не сакам да се одбие
Баткото само тоа чека, бебето да е на земја за да може многу да внимава да не ја удри или сл. Не знам, малку се секирам околу развојот генерално, ем што споредувам со првото дете, ем што гледам дека на неа реално се' поспоро и' оди баш ради тоа оти не е доволно на земја. Првото дете на земја беше 24/7, ова ако украде 2-3 саати во ден...
колку време да очекувам да трае ова? во меѓувреме се измолзувам ( ама макс до 50 мл молзам) давам тоа плус дохрана што пие, недела дена е вака секој ден е полошо.
5 недели трае скокот, после тоа имаш 5ти скок кој е нешто сличен, и тој трае 5 недели. Така да со лесно.
М Многу пати сум пишала не читај не споредувај сите деца си се различни и се си прават во свое време. Јас моментално живеам со притисокот од околината, ајде зошто не одиш, па Петко е помал од тебе веќе оди, значи ок 11 месеци има, Бог да чува, ќе прооди кога ќе и дојде денот. Јас за ништо не ја форсирам. И во глобала не читам. Алгоритмот на социјалните мрежи е страшен. Едно време бев оптеретена со аутизам, еднаш отворив и после тоа само тоа ми излегуваше, па прашував тука се и сешто се додека една мајка не ми пиша зошто упорно од здрави деца сакате да направите дека нешто не е во ред со нив и ме подзамисли. Само малку поопуштен човек треба да биде, нормално ако се може
Секое дете има свое темпо на развивање,така да не вреди да се оптоваруваме со тоа. Моево на четири и пол месеци се заврти од грб на меше ама,обрстно трк сега почна да се врти на неполни шест месеци. Мамички уживајте во растењето на вашите бебчиња се во свое време Добро е јас уште две недели значи имсм преостанато од 5 скок оти на раб сум да полудам
Здраво мајки ,едно прашање Д3 +К1 му ги давам на бебчето мое ,така ми рекоа од болница ,после колку месеци преминавте на Д3 само,и колку месеци се пијат Д3 со К1..Имајте убав ден
Пишува на пакувањето позади до кога се дава и од кога се преминува на другите. Исто и на отпусното од болница.
Бебето ти има грчеви мајка. Дали стега ноџиња кога плаче? Кај многу бебиња не проаѓа тестот за слух од прва и третираат со капки, па идат пак. Од тоа не ти плаче, зошто тоа не боли.
Толку се изнапишував по темиве, сфатив дека моето бебе има рефлукс... ама ептен и е тешко стварно страшно е тоа значи Некој со искуство вака со рефлукс што сте правеле?
Бљуцка после јадење пд носот и устата, не сака да лежи на кревет воопштп, штом ја оставиш одма се буди плаче се тегне, плаче нон стоп значи континуирано, има потешкотии при хранењето и од шише и од града, кога ја држиме во раце исто се тегне наназад со главата
Мојата нема рефлукс па после секое јадење бљуцкаше. Спиење и беше само во раце, купив слинг марама зошто веќе не можев да ја држам, до 3 месеци не примавме гости зошто немаше логика она само плачеше, не фати цице се тегнеше, вриштеше плачеше, сакаше од шише ама после јадење пак плачеше и секое бебе се тегне со главата наназад. Маж ми дома стубот го помести од нервоза зошто толку многу плаче. Масирај му го мешето, ставај топли облоги, повеќе од 60 мл не треба да јаде премало е. Сите бебиња плачат за во раце така ќе си поживееш и ќе уживаш зошто понатаму имаш други предизвици и ќе ти фали ова време. Купи капки некои за грчеви или Nurse Harveys сируп, чајче Бекутан со анасон. И не анализирај. Бебе е. Плаче. После 3 месеци се ќе биде подобро.