Значи исто ова како моево бебе исто... само плаче дење ноќе.. во раце спие ама и во раце плаче, се тегне на цицка ама и со шишето плаче.. ама плаче како да ја боли нешто
Со првото воопшто не беше толку интензивно со грчевите, затоа се ова ми е многу ново и затоа помислувам и на рефлукс покрај грчевите
Секое бебе е приказна за себе. Пробајте нешто друго за грчеви, мене ова не ми личи на рефлукс, ова е класично бљуцкање на бебе.
Имав деугарка што бебето вака и плачеше неконтролирано до 6м, испадна дека е нетолерантно на лактоза, мораше да престане да дои, смени во формула некоја посебна и детево преку ноќ се смени и почна да се смее. Не сум прочитала колку ти е старо бебето, грчевите знаат да се ептен досадни и напорни… оди на второ мислење да видат да не е можеби нешто друго.. да не можеби има silent reflux, да не има некоја тензија некаде чим нонстоп се тегне назад…
Кај нас најголем ефект имаа капките Гасиметин, иако сите тие за грчеви се ист состав. Nurse Harveys и капки сум давала заедно за спиење, имаше ефект неколку часа. Ти секако кажи му на педијатарот дека цело време плаче ама истото ќе ти го каже, дека мора да поминат. Памтам дека купивме буквално се што слушнавме и на крај се заврши кога наполни 3 месеци. Ја отрув со капки имаа многу малку ефект. Пробувај вежби, топло на мешето, држи во раце, пробувај White noise, ние до денес за спиење пуштаме аспиратор, убедливо најискористен кујнски апарат ни е , пробајте со звукот од фен или само пиши на you tube white noise и остави да видиш дали ќе има ефект. Исто земи ја во раце со грбот накај тебе, свиткај и ги ноџињата прави чучњеви и на увцето викај и тивко шу шу шу. Кај нас ова имаше колку толку ефект. Се смируваше некое време. Едит: како што ти пишала членката погоре побарај да ти испитаат интолеранција на лактоза, ние откривме на 10 месеци и се прашувам дали можеби тоа беше дел од маката иако до денес пие обично хип млеко и само тоа го поднесува.
Што беа симптомите за интолеранција?? И како се испитува Инаку ни ббел звук не помага ни фен ни аспиратор правосмукалка шушкање со кесе ништо луѓе затоа сум толку испаничена, со ништо не се смирува. Големото се смируваше и уште се смирува со бел звук ова не. Ова однесување на бебе ми е сосема непознато и чудно. И првото мака мачеше со грчеви и со неа неѓа што не пробавме ама колиеф и еспумисан како комбинација коолку толку и помагаа, ама пак ќе речам не беше до овој степен. Ова не знам што е веќе многу е жално не сте свесни колку плаче и како плаче.. нешто има нешто ја боли и смета ама проблемот е што
Не сака да цица секогаш па се молзам и давам молзено Знаев неколку пати да дадам формула да видам дали нешто е до моето млеко, дали ќе се смири и помирна ќе биде ама исто е, и исто бара пак после 2 саати да јаде и после испиената формула. Не разбирам зошто така
И моево бара на 2,2ипол часа максимум, на формула сме. Ептен некогаш ако се успие па да поминат 3 часа
Ако се сомневаш на нешто однеси ја на педијатар. Нас ни е прво и јас мислам дека го пукнавме детето носејќи го по доктори, одговорот беше грчеви се мора да поминат. Нашето бебе не плачеше само за млеко и кога спие. Интолеранцијата ја откривме на 9 месеци кога тргна во градинка. Повраќање додека не го поврати последното трошче од оброкот, пролив вода, зелено гомце и смрди на киселко. Пробај купи безлактозно адаптирано млеко ако го пие и е помирно тоа ќе да е. Се испитува преку крв.
Исто и мојата бараше да јаде почесто особено кога беше во тие скоковите во развој. Што јадеш ти? Да не јадеш нешто што и прави грчеви, грав, спанак се што создава гасови?
Нормално е во скоковите да јаде почесто? Ние за 2 дена сме 4 месеци и по плачлив е и почнав да се секирам дека ми е послабо млекото а баш сакам од 6 месеци да почнам со цврста храна
Да. Кај нас на секој скок имаше промена во апетит, навечер се будеше почесто за јадење. Дење почесто бараше да јаде ама се тоа траело 2/3 дена не многу.
Се соочила ли некоја мајка со состојба на бебешки акни кај нејзиното бебе? И кои симптоми ги имало? На моево бебе пред неколку дена му се појави црвенило,мали акнички во група, како грозд, придружено со осип и чешање, ни рекоа дека станува збор за бебешки акни.За тие денови му се прошири на цело лице, вратот, но и на градите има малку... Ама чешањево е интезивно, не може да спие.... Двапати ја носев кај ист кожен лекар....
Здраво, Дали имате искуство со индивидуалните програмите за спиење од dr.goodnight? Дали е подобрено спиењето после направениот тренинг ?