Мајки, планирам деновиве да почниме со не млечна, педијатарот кажа да почнам со овошје прво, а од страна ми викаат да почнам со зеленчук подобро за да не не го јаде после зеленчукот, совет? И дали се водите по некоја листа, некој ред дали има, не знам од каде да почнам…И после колку пробани намирници почнавте да комбинирате?
Јас прво почнав со зеленчук со морков. Два дена давав Морков,третио ден му дадов тиквичка и после тоа му комбинирам морков и тиквичка. И секоја наредна намирница е давав прво сама и другиот ден одма ја комбинирав со нешто друго. Самп морковот му го давав два дена со ред после тоа само по еднаш да проба и одма комбинирав. Моево скоро се прифати одлично и јаде супер никакви проблеми немаме до сега. Мој совет тие да почнеш со зеленчук,овошјето секако ке го обожава бидејќи е благо.
Почни со зеленчук. И јас почнав со морков, па тиквичка, па компир, па од трите правев комбинација. После дадов јаболче, банана, тиква.
Кога почнав со не млечна исхрана тогаш почнав и водичка да му давам. Биди упорна со водата, дека на почетокот доста бебиња баш не ја сакаат. А инаку за водата , Роса.
Јас и давам јана. Почнав околу 6 месеци ама еве ја сега е 11 уште се бориме. Многу ретко сака да пие а од друга страна се повеќе сака цврста храна. И нудам цело време некогаш пие некогаш ми го фрла шишето.
И јас почнав со овошје по препорака од педијатар, прв вкус ни беше јаболче, после морковче, компирче итн. Има некои деца откако ќе пробаат благо после тешко прифаќаат солено, секое дете различно. Во однос на водата и давав уште од самиот почеток т.е откако се роди.
Здраво мајки. Ми треба искуство од мајки што биле во иста ситуација. Малото има 3 месеци и лежевме у козле поради бактерија во носето ама немаше никакви симптоми освен што имаше секрет. Но во болница ми рекоа да спиел цело време на високо ни кога го пресоблакам да не биде на рамно бидејки бил мн крупен и млекото не му се варело убаво ама мене ми е страв така бидејки ми се влече надоле. Иначе читав дека треба да спијат на рамно и сега не знам дали можам на рамно да си го легнувам
Во блендер како гума ми се правеше компирчето само. Ако нема друг додаток. Рачно го гмечев. Купена каша мислам чисто само компир немам видено, компир и морков комбинација.
Здраво мајки, од колку месеци ги шетате бебињата во големиот дел корпата поткрената на 45 степени? Дали вистина треба прво да си ги носи ноџињата во уста пред да се стави во таа позиција во количка?
Ама пак ќе си биде на рамна површина бебчето, само закосена.. Види ги препораките за бебиња што имаат рефлукс. Кај нас моето бебе спие на таква перница поради рефлукс.
Ќерка ми имаше негде околу вториот месец/ ми текнува пред 40дена беше сигурно. Ама не ја чешаа беа баш бубулички кои траеа 2-3недели. Мачкав уриаж кремче и поминаа
За мојата на секоја настинка доктор ми вика да спие на високо. Имам рефлукс перница на таа ја ставам како тријаголник личи. Сега веќе е голема и спие насекаде па немам некоја корист ама додека беше мала и не се вртеше сум ја легнувала. Само ја ставав под душекот и она уствари секако си лежи на рамно ама повисоко.
Мојот е 5 месеци, јас почнав викендот во летниот дел да го шетам поткренат бидејќи и корпата и транспортерот му се веќе мали.
Zdravo sakam da te prasam zosto lezevte za bakterija vo noseto.bidejki I nie imame 3 meseci I imavme bakterija vo noseto no ni dadoa antibiotik I posle edna nedela nemase nisto.i ne ni rekoa da spie podignata.zborot mi e kakva bakterija imavte.
Здраво дали некој се соочил бебе 5 м се смее на глас , писка, пред да почне да плаче испушти ееее, ааа , гее. (Вообичаено кога е нервозно тогаш ги испушта) ама класично гугање нема(агуу,) . Некако сум многу загрижена, знам дека секое дете е индивидуално, но привиот развој на говор кај бебе (гугањето) е едно од најбитните работи и многу сум исплашена. Ве молам за искуства
Нема време потточно за менување на памперс, кога ќе го наполни менуваш. Па океј си гуга, тек сега почнува интересното. Мојата од 5 месеци како почна да ломоти, уста нема затворено. 2 години сме.