јас широк повој ставав до 40 дена. Мене ортопедот ми рече да и ставам ама јас не и ставам. Ќерками е многу склетлива, а пелените уште толку ја потат. Никако не ги поднесуваше нон стоп се вртка се тртка, а гола не можам да ја оставам да седи. :lol Е сега докторкава вика дека за женски само било морално да се носи широк повој, заради карлицата ќе и била по широка. Јас и правам само вежби кога менуваме пелена и толку .
широк повој почнав даставам со полни 2 и една недела зашто ми рече ортопедот едниот колк уште добро не бил навлезен и мене ко што ми е шубе и ставам за утре да не ја носам на душа иако лично не го поддржувам . Ама дека карлицата ќе и се прошири .... јас како прворотка се породив за неполни 6 саати од првото добивање на болките значи експресно и имам ненормално широка карлица карши мене девојчето второротка имала 2 дена болки и ништо не се отворила па што дека носела широк повој килажата и на нејзиното и на моето се скоро идентични 2570 и 2500 зашто нели не е исто дете од 2500 идете од 4 кг ,скоро сите од генерациите 70-80 паи дел 90ти девојчиња носеле широк повој колку од нив немаат широка карлица/ Тука мислам дека гените си играат улога па потоа паѓања( на пример моја најобрадругарка падна од столче скрши тртна коска и ден денешен има крива карлица) и сл На колку пораѓајот им завршува со царски или им е тежок / За да се роди едно дете не се само доволни широки коски туку и координирана „работа не мекиот дел од родилните патишта“ барем јас така мислам
За да се роди едно дете потребно е да му е моментот за излегување , ако нему не му е момент и време, џабе ти е и кралица и марлица и све. Како што е господ никој не е .Како јас сега да ја туткам во 3 пелени кога се тегне и се влече, се поти ко лудо. Времето кога ние сме биле деца било многу по друго. И јас имам носено широк повој ама сигурна сум дека не сум се породила брзо од тоа, туку на детето му било време за излегување.
Меу, може каснам во врска со очичките, моето бебе имаше инфекција на едното око уште во болница,имаше пола залепено око кога е отворено и малку гурелки, педијатарката ми препиша капки Тобрекс, по 2 капки 2 пати во денот, доста ефектни се, за неколку дена му среди окцето.
лелее на син ми му се нафрла вратчето со ситни мали брунчиња, многу сеее од што можи да е оваа? го мачкам со црвена водичка така ми рече матичната негова, ама некако нема резултат од една ден
можи од топло да се.намачкај го или со павловичева или со пудра бебешка, на син ми така му врвеа. а најбрзо му врвеа кога ќе го намачкав со павловичева па со пудра!!!
Ломбарди, не паничи, полека, смирено. Те следев низ се што поминуваше и те сфаќам од каде ти доаѓа страв од секоја нова промена, ама смирено и биди силна. ако за се што се менува кај бебушто си нерзовна тој ќе почувствува и тој ќе биде. Може му е од претопло, можеби прашакот не му одговара. Види сама. Ако е од прашокот, плави му ги алиштата дополнително и никако омекнувач. А и нормално е да како нафрлан, особено првиот месец, после си минат сами од себе, ич да не му се секираш Ајде гушки до вас таму растете и без нервози
не, рекоа само со црвена водичка и ништо друго. многу ми е жал за буцето мое, сумјам дека може да му се и од тоа што јадев домати и прочитав и пак не запазив дека јадењето домати може да му предизвика на доените деца да се нафрлаат со брунчиња. омекнувач не ставам оти неговите алишта ги перам само со течен прашок за бебиња. леле како да не се нервирам.. убаво е да си мајка ама никој не кажа дека многу солзи се пролеваат со мајчинството, или јас сум станала многу голема плачка во последно време.
И на мојот син еднаш така му се исфрла вратчето и го намачкав со една крема за осип и веднаш му помина. Ја има во ДМ, зелена е, има едно полжавче на пакувањето, се вика Baby Love и баш така пишува на неа, крема за осип, има цинк оксид и камиица и многу е ефикасна. Исто има и еден лосион за кожа склона на алергии.
Ич да не ти е шубе за доматите, нема врска со сигурност. А кремата што ти ја кажа Сањичка и ние ја користевме, нас вакви брунчиња ни излегоа по лицето и главчето, па со мачкање од оваа крема за еден ден поминуваа. Незнам зошто за се даваат црвена вода, јас имам многу голема одбивност спрема неа. Нас ни кажаа да ја користиме за брунчињата на газето кои ни излегоа на почеток(пеленски осип), и тоа да ја ставаме со стапче за уши, едно топнување на едно брунче и фрлање стапчето. По ова некако сумнива ми беше, како да не е баш играчка. Среќа бевме во Систина и ни кажаа да прекинеме со неа, да не ја ставаме, туку само хигиена и суво...... имам пишувано неколку пати со ова. Поентата ми беше, ова докторите како да нема друг лек на светот освен црвена вода. А и не ретко ја препорачуваат и без да видат, по телефон(како на нас).
А за алергиите не знам колку е точно ама викаат дека ако мајката забележи дека од нешто се исфрла бебето тогаш баш таа храна да ја јаде за да стана имуно бебето и да нема алергии понатаму во животот.
во мојатаи фамилијата на сопругот нема оптеретување со алергии и сите лекари викаат као немајте гајле меѓутоа не е така иако алергиите се делумно наследни сепак во основа се грешка на имунитетот т.е премногу јака реакција на имунитетот кон некоја супстанца која всушност не преставува заканувач ( вирус бактерија исл ) Така да не ми е логично како детето ќе стане имуно т.е како ќе се намали имуниот одговор ако го внесува алергенот . Точно дека лекарите кај мн тешки алергии употребуваат десенбилизација т.е внес на алергенот во мн мали ДОЗИРАНИ количини за да го „испразнат “ имуниот одговор меѓутоа и тука алергиите често се враќаат по кусур години .
Во однос на алергии и кај маж ми нема никаков проблем, а јас сум алергична единствено на злато, на храна не. Е сега за храна ич не се плашам да и давам на малава се да јаде, но за злато сеуште ми е шубе, а сакам да пробам да и ставам бебешка алка. Нека помине уште месец, два, па ќе пробам. Барем да знам дали има проблем или не. А друго да ве прашам, што имате дома во случај на алергија??? Чувате некое сирупче или по потреба би отишле на лекар или би се консултирале??? За алергија од храна претпоставувам дека реакцијата би била со исфрлање брунчиња??? Ако е така, каде обично се појавуваат?
Ако детето пројави алергија на храна ќе има осип по целото тело е сега зависи колкаво е детето поголемите воглавном имаат осип по цело тело а сум сретнала да ми кажат да се пројавува и кашлица чудно малкуц ако се работи з аалергија на млеко кај бебе обично покрај осипот се појавува црвен круг околу устето по внесот на млекото и кругче црвено околу газето кое не исчезнува . Обично осипот чеша но не е 100% така .Кога ќе се пројави алергија обавезно се дава сирупче не дај боже да ми се случи ианку не чувам сируп во фрижидер аптеката ми е доволно блиску а ми работи и во недела
да лоратадин е за алергии. а таа кремата baby love ја има само во дм маркети или може да ја побарам и на друго место, оти кај нас нема дм маркет. на доматите се посомневав оти јас немав јадено домати од кога се роди син ми, оти во бременоста прочитав на интернет дека ако мајката јаде домати може бебето да се нафрла со брунчиња, истото го прочитав и за портокалите ама портокали јадам цело време, а домати пред 2 3 дена беше и утрето бебето беше нафрлано на вратчето и дел од главата, и за тоа сумјам на доматот, ама и релаксаторот го мислам оти е нов исто го купивме пред 3 дена и бебето го ставив во релаксаторот првиот пат без да постелам ништо, и си викам па може и од релаксаторот да е што стоел во продавницата, сигурно не беше чист, па вчера реласаторот го перев денес гледам уште немаат подобрување брунчињата
Da mila samo vo DM, zosto niven proizvod e. Ako sakas ke ti ja zemam pa ke ti ja pratam po kargo??? Za eden den stasuva. Ako ti treba da ti pomogna, slobodno pisi mi pa ke se dogovorime.
Пробајте ги на Алверде детските производи, онаа за зимско студенило, т.е. против зимско студенило е феноменална, малку потешко се размачкува ама како штити тоа е чудо некое, по текстура е како Јекодермот дури и е феноменална. Кога ја убедив сестра ми која проба сешто за малата, па одозгора и презадоволна е, мислам дека вреди. Во жолто пакување е и со некое човечуле на пакувањето, базата е невен и камилица.
И на алверде производите се супер, посебно ми се допаѓа што се од органско потекло и се многу квалитетни. И за мајките што дојат јас ја препорачувам кремичката на Baby Love за брадавици направена од специјални масла, значи толку е густа, мрсна и убава, и безбедна е за бебето, јас ја ставав и на брадавиците и на стомакот за стрии. И мој совет за праќање производи во друг град, по пошта да не праќате. Јас праќав две креми по пошта на една другарка во Гевгелија за бебето и тоа во специјален плик, со меурчиња, но кремите никогаш не стигнаа, па морав по автобус пак да праќам.