Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. eatpraylove90

    eatpraylove90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2015
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    861
    Пол:
    Женски
    Jonizator i navlaznuvac e isto kolku jas sto znam :)
     
  2. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.543
    Допаѓања:
    289.118
    Најискрено јас една иста крпа користам. Машина не видела :rofl:.
    Секоја вечер убаво ја цедам и ја ставам на крајот од креветчето.
     
  3. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.887
    Допаѓања:
    77.413
    Пол:
    Женски
    За прочистување мора да е некој апарат кој го врти воздухот и водата се менува таму... прашини собира и потемнува водата што е внатре и тоа е мислам најскапа варијатна. Јонизаторот испушта ладна пареа, а навлажнувачот топла пареа и во тој случај водата ја снемува, се испушта во собата :)
     
    На Sky-butterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.454
    Допаѓања:
    61.068
    За на парно е лесно да се стават садчиња со вода.
    Ама кај нас климава е 24/7, не ја гасиме. Голем простор е па тоа малку е олеснително, поголема циркулација на воздухот има.

    Е па од овие дефиниција на мариз, јас сакам навлажнувачот :)
     
    На Maceto123 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.365
    Допаѓања:
    21.351
    Пол:
    Женски
    а има некој апарат што е три во едно, или бар две во едно? :)
     
    На Maceto123 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Maceto123

    Maceto123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    960
    Пол:
    Женски
    Ете така направи си крвна слика,скроз кога ќе оздравее бебе и кога ќе ти кажат дека може за вакцина,пак пред вакцина да си направиш крвна слика.Позз и побрзо да оздравеете
     
    На eatpraylove90 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Maceto123

    Maceto123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    960
    Пол:
    Женски
    И мене ми треба под итно.Ирена ако најдеш нешто сподели те молам да си купам и јас,оти ете баш за крпа се мислев ама сега несмеам хахаха
     
  8. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.365
    Допаѓања:
    21.351
    Пол:
    Женски
    @Maceto123 i @danichap тоа со крпата не тврдам дека е така, така ми рече педијатарот.
     
    На Maceto123 и danichap им се допаѓа ова.
  9. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.543
    Допаѓања:
    289.118
    Има логика тоа што го кажал.

    Сепак доколку крпата низ вода само мине, да одбегнуваме машинско перење и детергени би требало да е ок.
    Мене така ми кажа педијатарот кога малата имаше секрет.
    Вие како сте инаку?

    Кај нас насабајле редовнос е појавуваат мрсулчиња, но се во поинаква форма, како кај возрасен:lol:, и со навлажнета чепкала одма се вадат. Проблеми немаме.

    за 5-6 недели дури ни е прегледот на педијатар и тогаш вториот дел од вакцините.:sweat:
    Како сте со обиди за седнување?
    После еден месец планираш да почнеш со вкусови?
     
  10. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.131
    Пол:
    Женски
    Tакви садови за на парно има во јуск и во рамстор супермсркетот. За навлажнувач на воздух во нептун имам гледано. Јас за свадба добив таков навлажнувач ама не го користам зашто во станов според мерач влага ми е 70% и покрај парното.. И јас имав осет дека е сув воздухот но мерачот вика поинаку па сега набавив сушач и намалувам до 60%. Мој совет е измерете прво во бројки, ако не сте го сториле тоа, оптимумот е од 40 до 60%.
     
  11. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.365
    Допаѓања:
    21.351
    Пол:
    Женски
    И кај нас насабајле ко да има собрано во носот,на дишењето како да му осеќам. Иначе јас сум жива паника сега, а кивне или се закашла викам леле пак. Ако мислам дека има повеќе од сабајле знам да му шприцнам од физиолошкиот.
    И ние треба да фатиме ред со тие вакцините, веќе ги касниме, ама некако храброст немам да го однесам сега. Незнам што ќе се прави, викав ај малку покасно, па настина, па викам ај скроз да оздрави, сега реков ај од 6 месеци ќе почнеме со вакцини, а и мм ко мене е неодлучен и така си минува време.
    За седнување учиме, како што ни кажа нашиот ортопед. Значи она во скут кога ти е седнато или потпрено не е седење. Туку од полулегната положба односно агол од 45 степени со рачињата ги фаќа моите прсти и се тегне напред, така ни рече да вежбаме, за да си ги вежбал стомачните и да му созрева центарот за рамнотежа. И кога доволно ќе ојача и ќе созрее, ќе умее сам да седи без потпора тогаш веќе викаме седи, а до тогаш учиме седнување. За десет дена сме на ортопет па ќе видиме што ќе каже.
    Јас Дани планирам кога ќе наполни пет месеци, односно кога ќе влезе во шести да почне да пробува вкусови. Значи не да јаде, туку само да пробува. За кога ќе биде полни шест да поткаснува нешто. Искрено страв ме фаќа, мојов несака лажичка да види, ни цуцла,само цице бара. А на девет месеци треба да го оставам со баба му (свекрва ми) па до тогаш треба да научи се да јаде, зошто со баба тешко ќе се разбереш пробал ова, не пробал тоа.
    Туку транспортерот веќе му е кнап, му штрчат нозете. А штом е така веќе не е безбеден за транспорт за во кола, а мал е за седење во седиште. Јас сакав седиште да купам кога ќе почне да седи и да ни трае повеќе години. И сега незнам, дали има некое седиште за во кола и 45 степени да се прави и после да може да седи во него. Ич не ги разбирам седиштата.
     
    На danichap и Maceto123 им се допаѓа ова.
  12. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.899
    @irena.1 , imas sedista sto se 0-18kg, toa bi ti zavrsilo rabota do kaj 3 godini.
    Jas imam od Brevi navlaznuvac so jonizator, vo red e za pomali prostorii.
     
    На irena.1 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Јас имам навлажнувач со ладна пареа и јонизатор. Го купив од бебе супермаркет, задоволна сум. Навлажнува. Кај нас парното зимно време е многу топло и многу го суши воздухот. Му требаше три - четири дена за да постигне влажност, ама после си ја држеше на ниво.
     
    На irena.1 и Maceto123 им се допаѓа ова.
  14. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.454
    Допаѓања:
    61.068
    Колку го плати и на колку простор "делува" :lol:?
     
    На Maceto123 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Мислам беше 5500, а кај мене станот е цел 50 квадрати, со две соби - дневна и спална. За дневната му требаше повеќе време да постигне оптимална влажност, оти нели, поголема соба. А за спалната една ноќ.
     
    На Sky-butterfly и Maceto123 им се допаѓа ова.
  16. Maceto123

    Maceto123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    960
    Пол:
    Женски
    Ирена во врска со вакцините ние ја примавме втората,т.е петовалентната.Јас кога сакав да ја одложам од страв,педијатарот ми рече не ја одлагај иде зимски период и може нон стоп да имате затнато носе или настинка,недај боже,затоа кога е здрава направи крвна слика и однеси ја на вакцина.И така направив ја послушав и сега ни остана уште една шестовалентна во Јануари и до 1 година со таа завршуваме.
    А по колку време во денот вежбате,и на нас ортопедот ни ги кажа тие вежби,ама незнам дали доволно време и ги правам
     
    На irena.1 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.543
    Допаѓања:
    289.118
    Ирена и јас така мислев, некаде на 5.5 да почнеме со проба на вкусови, за од 6 оброк.
    И кај нас ножињата на бебуш почнаа да висат, па го вадев средишниот дел кој беше квази перниче за главчето, и ја држеше подоле. Па и каишите на еден погорен отвор ги префрлив, но само мало подобрување.
    Имам впечаток дека не му е удобно на бебуш.
    А не би требало. 0-13 kg. e.
    И јас си викам да истераме уште малку па после со другите седишта.
    Наредно одење во бебешки дуќан ќе се распрашан какви се модели има и ќе побарам од тие глодалките за ставање парчиња овошје/ зеленчук.
     
    На irena.1 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.202
    Пол:
    Женски
    Дани и на нашиот транспортер стои 0-13кг но мал ни стана многу брзо, едвај издржавме до шестиот месец во него. Значи откако почна да седи си купивме седиште 9-25кг кој се мести во три позиции за грбчето (најниската позиција е како во транспортер), и три позиции за каишите. Со него продолживме да тераме од полни шест месеци.
     
    На irena.1 и danichap им се допаѓа ова.
  19. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.365
    Допаѓања:
    21.351
    Пол:
    Женски
    @danichap и ние го извадивме перничето, ортопедот ни рече тоа било само за ептен мало бебе кога не знае да ја држи главата и рачките ги реместивме на погорно ниво, ама пак штрчи. И јас имам чувство дека ич не му е удобно, па незнам што да правам. Дури и за секојдневните прошетки сеуште го шетам во него (баш е убаво заштитен внатре од ладно и ветер) ама некако не ја бива веќе. Уште па со јакна облечен, кнап е, неможе кутриот да мрдне.
    @Kitten можеш ли да ми го посочиш кое седиште е тоа. марка, цена, сликичка ако имаш, од кај го купивте. Фала :D
    @Maceto123 кога ќе ни текне тогаш, кога сака он. Мислам не ги правиме официјално како вежбање, туку на станување прво сам да се крене, па ќе го земам и бебе веќе се навикна, а му дадеш прсти одма се крева, дури и на рамно да е. А за вакцината си скроз во право, може требаше и порано, ама ете. Август беше мнгу топло, дојде септември денес утре, па настина и ете се влечкаме.
     
    На Maceto123 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.543
    Допаѓања:
    289.118
    @MacenceEna ти od кога ги носеше децата на ортопед?
    Мене педијатаров не ми спомена ништо. Се што сум читала он нет или тука, но не сме биле на ортопед.
    Твое мислење, кога би било препорачливо?

    Ние до у4 сме, нареден ни е во декември у5.
    Читам сите биле, само ние не:(


    Едит:
    Бебуш во последно се буди на секои 3 часа за да цица. Не знам дали е фаза, дали расте и огладнува...
    Предходно по 6-8 саати си врзуваше, сега вака.
     
    Последна измена: 7 ноември 2015
    На Miss.Sweet му/ѝ се допаѓа ова.