Ви кажав дека ќе ви пишам кога ќе се вратиме од ортопед. Значи вака: во однос на дубакот, ќе цитирам “ никако во дубак, ептен ако некој ви подари ставете на 15мин колку да отидете до вц, и толку. Тие 15мин да биде статичен дубакот ,никако да не е за одење“ За кенгур, може одприлика околу 3,5месеци, односно кога ќе почнат главата да ја држат. (за ова сум била грешка, значи може и порано). За седење, веќе сме спремни. Но не целосно, количката веќе на прв степен, во релаксатор може без проблем цел ден(само ако е класичен релаксатор, да не е транспортер или за во кола, во овие два најмногу 2ч), во раце кога ја држиме, едната рака горе, со што ќе и намалуваме од тежината, и така може да си седи. Значи ни кажа да ја оставиме сама, да не ја форсираме со седење, но ако сака да седи нека седи, а секогаш наслонот на 45степени, со тоа што кога ќе се умори да може да се врати во полулежечка позиција. Исто така да не форсираме одење, да ја оставаме во кош или да импровизираме кош а таму она да одлучи кога ќе застане на нозе. Седиштето во кола свртено наназад додека детето само не застане на нозе, значи не ние да го држиме, туку само да си станува и застанува. Јадренца почнале да се оформуваат, и така полека полека ни растат коскички Ако ми текне уште нешто ќе допишам, ова е засега, а добивме навистина многу многу совети. По моја пошта или Карго експрес е сигурно и до врата ги носат. А и во Гевгелија има претставништво и со двете со сигурност стасуваат таму производи.
а ова важи и за машките??? и некое образложение зошто никако ти кажаа. оти јас синми го ставам ама стално сум со ???? дали да или не ете цел ден бев кај мајками и сега е во дубак да побеснее малку
и за ќерка ми педијатарот ни рече никако во дубак , сега малку ке се помачите , ке правите гимнастика ама па нема да има никаков ризик од деформитети...
Кога спомна гимнастика, ни кажаа сега да преминеме на вежби за седнување, за колковите нема потреба веќе, но зијан нема ако се прават. А да прашам како разликувате пролив??? Денес и е чудна каката, додуша и вчера ама не цел ден, за разлика од денес кога цел ден е иста. Незнам дали е течна или со шлајмови, некако не баш мми личи на шлајм, а има така одредена количина која е доста потечна.
сакам да ве прашам мене ме немаше оддамна во оваа тема ххх заборавена сум син ми се роди 3 400 а сеа има 3 ипол месеци и е 6 650 дали е нормално или е малку за неговата возраст некако мислам дека не му е доволно моето млеко ...не плака за цицање ама кога и да го ставам на градата секогаш цица по 20 мин па и повеке некогаш бара и од двете што мислите вие за ова а и понекогаш цревцата му крчкаат дали е нормално?благодарам секое добро
4лажички кашичка од гриз и ванила, и сега 20мл сокче од јаболка разредено со вода(од ова не е ,зошто пред малку пиеше, а каката е цел ден таква). Не е целозно течна да излегува од пелената, туку онака на делови. Другото е нормално како и секогаш впиено. НЕколку дена имаме повторно шлајмови, затоа незнам што е.
можеби се шлајмовите, пролив се појавува таков вид на храна што потерува (како на пример кашички од сливи) или нешто не било убаво, или ако е настината. а јас да ве прашам како ги местите бебињата да стијат, настрана или на грб? зборам за ептен мали бебиња, како моето
Меу супер за советиве само да те прашам за широк повој да не ти рече нешто ортопедот и кај кој ортопед бевте, во мајчин дом аеродром ли? А за дубакот значи воопшто не, на било која возраст или сега додека се мали, оти и нас ни рече така, никако дубак ама маж ми вика кога сакале да проодат убаво било во дубаче за да им помогне. И те молам да ми кажеш какви се тие вежби за колкови, да не се тие како велосипед да вози да му правиш со ноџенцата и да дали треба и јас на син ми да ги правам или се само за девојчиња. Ние веќе правиме вежби за седнување, бидејќи кога го поткревам малку, го ставам на повеќе перници и гледам дека сака да се крене, да седи, се мачи, а не може, па јас ќе го фатам за рачиња и го кревам полека И сака по малку да стои јас го држам, а он се потпира со ноџенцата и стои ама кратко. А каката е нормално некогаш да биде таква, еве и кај нас некогаш е како гел, леплива и потечна, а некогаш погуста и со некои белки. Ако има пролив ќе кака на секој саат и може и е така бидејќи и даваш и мајчино млеко, а со мајчино млеко каките се различни, зависи што јадела мајката.
не е страшно, син ми е скоро 4 недели и некогаш се најадува од 5 мин цицање а некогаш цица и по саат време од 2те гради се исцицува, не се плаши и тие се како нас некогаш му се јаде повеке некогаш помалку. Јас мислам дека и тежината му е супер.
Јас од почеток ја ставав на страна или на грб, но на висока перница. Претежно на страна спиеше зошто имаше шлајмови. На приватно одиме кај д-р Антоније Хаџи Антоновски, он бил хирург во Мајчин дом, па сега има отворено своја ординација во Ѓорче. Дубак никогаш, посебно не како средство за проодување. Вежбите за колкови се оние од почеток што се прават, како жабче ноџињата ,а и оние како точак што викаш. Не се само за женски, за сите деца се. Широк повој ние носевме се на се две недели, на 35дена старост бевме на преглед ја гледаа на ехо и ни кажаа дека нема потреба од широк повој, па го извадивме конечно. ТОј е лош зошто ги отежнува маките со грчевите, неможе бебуш да мрдне што дополнително му ствара проблеми. А демек ги ставаат за да го топли стомачето, но ете не било така. За седење вежбите се тие што ги опиша, за рачињата полека да седне, и пак назад. Можеш да потпираш со перници но никако во скроз седната положба, за кога ќе се измори да си се врати во лежеча/полулежачка позиција. Зошто ако се измори а седи ќе се свитка на страна и со тоа ќе го искриви ’рбетот. За стоење како што кажуваш исто советот беше НИКАКО, додуша не го ни прашав, сам ми кажа, веројатно знае што правиме ние мајките(а и самиот имал 4годишно дете и 3месечна ќерка), па кажа да не даваме и да оставаме на нозе да одат, иако они се спремни зошто тоа им е вроден инстинкт. Исто како во дубак и со овој начин може ночињата да се искриват навнатре. БАш пред нас имаше детенце со таков проблем. Он вика детето ако го форсираш може и на 7месеци да прооди, но тоа не е воопшто во ред. Многу е нормално ако проодат и покасно на 12-13-15месеци.
како на висока перница?? мене ми рекоа дека требало да спие или на ептен ниско нешто или без ништо, а гледам дека не му е згодно така за спиење ама ми е страв да му го ставам перничето што го има оти тоа е по високо.
Ја ставав на перници од оние ние што спиевме, но моравме ние поради шлајмовите, имаше многу и се давеше на спиење. Сега спие на ниски пернички.
Одлично напредува, а посебно е добро што е само на мајчино млеко Мене педијатарот ми кажа за 6 месеци треба да дуплира тежината, а до тогаш ќе си даваш нон стоп мајчино млеко, колку сака и кога сака бебето. И ако си цица значи си сака млекце, бидејќи обично бебињата што се дојат знаат кога им е доста и сами ќе се тргнат од градата. Еве линк тука да прочиташ повеќе: http://tvoebebe.com/BEBE/doenjeto-gi-na ... a-debelina За цревцата му кркорат ако има гасови и треба да се испртка или треба да кака, затоа ич не му ја мисли, терај така и понатаму
Се препорачува да спијат на грб и без перница ,и да спие во врекичка . Јас така и правев и правам уште , малово спие на грб , без перниче тоес само на навлаката , и спие навечер во врекичка . Сега почна сама да се врти , те на стомак спие , те на страна , битно како ке ја легнам нема шанса да ја најдам на исто, го кружи цел кревет