Не треба да спијат на висока перница затоа што може да се преврти во спиење и бидејќи не може да си го крене главчето да се угуши, затоа додека се мали се спие или на ниско перниче или уште поубаво без перница. Јас моето кога беше ептен мал како твоето ноќе го ставав на грб да спие а преку ден на страна за да добие округло тиквиче
е и за тоа со главата многу не верував дека требало да се врти на сите страни за да не му се искриви главата. На мм еден пријател главата му е сплескана од позади и го зезаат требало да ја тужи мајка му оти кога бил бебе го ставала само на грб да спие и главата му се сплескала, а јас мислев дека тоа е заебанција со главата лелееееее
^До годината му се оформува на бебето черепот односно тогаш се закоскува (не знам посоодветен збор ) до тогаш се меки коските во главата односно черепот и со оглед на тоа дека на почетокот спијат по скоро цел ден има удел и како ќе спие во формирање на главчето, може не 100% ама голем удел сигурно има.
Меу фала ти многу само уште да те прашам колку плаќате за преглед, јас го најдов на интернет докторов. И мамички да ве прашам нешто, малиов почна цело време да ги става рацете во уста и си ги шмука па не знам дали сега му се интересни рачињата или непцата го чешкаат па ќе почне запчиња да вади. Дали е ова случај и кај вас? И уште една работа, дали се потат вашите бебушки? Моево кога плаче или кога се напнува многу се поти, цело главче му е со капки пот, а некогаш и кога цица се поти. Среќа не се поти на телото. И сабајле кога станува пешкирчето му е мокро, бидејќи му ставам пешкирче врз перницата. Може и јас некогаш го претоплувам дека го покривам цело време ама па кива ако е откриено. Мислам дека не е ништо страшно, си се поти бебето такво си е, ама пак да си прашам
гледај да не го претопливаш, оти после му е тешко да се адаптира на нормална температура, и гледај да не се поти оти не е убаво така може да настине, и ако го осетиш дека е испотено не го пресоблекувај да не му биде одма ладно туку стави му шамивче таму кај што е испотен да ја собери потта и колку толку да направи некој баланс а после некое време собелчи го. Гледај да му е тамам, и запамти не киваат секогаш бебињата кога му е ладно, кивањето може да е знак дека има некое мрсолче во носето или чисто онака, како јас на пример во денот кивам неколку пати обавезно а не ми е ладно ниту сум настината. не се ориентирај по кивањето.
Мамички од денес имамен ов проблем малата завиваше денес цел ден буквално цел ден не прифаќаше ни лажалка ни ништо плачеше поише од 12 саати и за јадење и по јадење и преоблечена јок ништо не ја заспиваше и еве ја и сега се вознемирува т.ее вознемирена 24 /7 на крајот вечерта во 6 саат кога видов дека нема фајде ја пикнав во транспортерот со кој искача надвор тоа не е од оние пластичните транспортери за во кола туку оној обичниот од материјал како корпа што се носи само што ја ставив и го фатив транспортерот детево во секундата заспа и стана пред саат време т.е во 1 по полноќ спиеше 7 саати сега имаме нова фаза спиење во транспортер ваљда некој да ми каже слично искуство
не се нервирај фаза нова е керка ми на нозете ми заспиваше на голема перница и на нози лулање до бесвест повеке изгледаше на заматување отколку лулање ама на госпожата така и се бендисувше па до 1,6 месеци карлицата си ја изместив од нишкање така и вие ке си го најдите лекот 5 пари е ама коа не го знаеш
Јас можам да кажам дека до 3 месеца нема да имате никаков ред. Еве ние жимми овој 3тиот месец фативме некој ред на спиење секој ден исто. Но, очекувам наредниот месец, пак нешто ново да и текне. Вака ако тера како сеа би било најубаво на свет, но не верувам, ова е премногу добро за да трае Регуларен преглед сега е 1000ден, контрола 700ден. Но, докторот ќе специјализира и ќе има дозвола за работење незнам каква техника, единствена во МАкедонија(објаснуваше вчера , но не запамтив), па прегледот ќе биде 1200ден, а контрола 1000ден. Јас досега купував купони, од ова страните за попуст, па за 500ден имавме преглед. Повторно ќе има попуст (на страните за групни попусти) во март(така ни кажа докторот) и тоа ќе бидат посленди проммоции. А што ти става цели раце во уста ич немај гајле, ние веќе месец дена сме така , да може мислам и ноџе ќе стави во уста.
Ева фала ти многу инаку и ова е заматување ама така им е најубаво изгледа Meu па ние правиме 3 месеци за 9 дена ама ако земеме корегирана возраст 3 месеци правиме следниот месец значи за 38 дена а ако одбиеме дека малава е понапредна за 2-3 недели со развојот мислам не во тежина туку со појава на смешки препознавање особи почнување на гуга држење глава самостојно и сл значи 38-14 (21)=24 (17) значи имам доста време Мислам ова беше на шала . А ред на спиење ( вечерно)имаме само ред на местото на спиење немаме Инаку да си се пофалам диеталкава го стабилизираше апетитот и сега нормално си ручка докторката ни рече 720 -750 мл на ден а она си јаде 600 баш ме чуди до пред 2 недели од 750 -800 не можев да ја симнам си бараше организмот изгледа и сега си напредуваме 10 -20 гр на ден па до следниот месец точно би требало да имаме вишок 200-300 грама ако продолжиме вака и успеавме на 4 часа сама си бара така мама мислеше дека завива за папање вчера и и вика не ти давам тоа за трнаспортерот било во него си спие 4-5 часа минимум меѓу оброци ( вечерни за дневни ќе видиме ) без пардон Било како било прекрасно е да се набљудуваат како се развиваат
И ние имавме период на заспивање исклучиво држење во раце. па со нишкање на перница(татко и така ја успива), па тапкање по газе, па масирање...за сега конечно да е со гушкање. А како ќе биде во иднина допрва ќе видиме. Иначе за ставање ред на вечерно спиење читав уште додека бев бремена, па по тие совети почнав уште од прв ден кога дојдовме дома и да ти кажам до денес ми успева. Мислам дека ќе и остане оваа навика и дека нема допрва да и текне да не спие ноќе. Кога ќе дојдеше време за спиење ја носев во спална, пуштав пригушено светло и никако правење муабет, само нишкање или што беше потребно за да заспие. Без гласови, музика и сл. И ден денес е така, цел ден ја држам во дневна или на галама(единствено ако има гости ја носам во спална преку ден), и на крај одиме накај спална, дури кога не и се спие знае да плаче кога ќе види дека се прибираме во соба но тогаш и го пуштам светлото, не пригушеното,туку нормалното и оставам така додека да се смири,исто без муабет ,само нишкање. Кога ќе се смири, гасиме и продолжуваме, само пред тоа ги запазуваме сите ритуали за пред спиење(правиме муабет, па миеме газе, се масираме, на крај јадење , ждригање и гушкање).
тоа е тоа меу, и ние исто навечер се соблекуваме, јадме,играње, шеташе и сите кејфови и ги правиме и кога ќе се измори веќе, кај мама на коленици шшшшшшшшшш и кома транс, некогаш не и се спие ама од нишкањето заспива некако.додека се успие убаво се буди уште 2-3 пати,таман кога мама и тато ќе легнат,ќе се гушнат хахаха ама тоа е тоа. Преку ден исто само спиење на нозе, јас знам дека сум полничка и нозеве ми се меки ама никако не сака на кревет да спие, само што ќе ја оставам ваааааа, и што е најлошо ќе се налути па после уште пола час шшшшш !
Мамички да ве прашам дали после секое јадење чекате да ждригне вашето дете па го ставате да спие? Јас гледам дека само што ќе го наранам моментално заспива па го држам така исправен на мене да ждригне, чекам, чекам и не секогаш ждргнува и после 30 мин.дури чекајќи го и ми е жал така да го гледам и го ставам да спие , само што ми е страв во спиењето да не се загуши или да не ми поврати Друго прашање е по колку мл Ад млекце да му давам сега, цица и до мене ама гледам дека не се најадува и повеќе заспива на градата отколку што јаде, само што го ставам на града ќе почне да цица и голта едно 3,4 мин и го фаќа дремка па се буди за 15 мин. и морам да му давам и ад после оти плаче , а млеко гледам дека имам кога ја стиснам градата има само може не му е доволно или пак ми е ретко и не го заситува не знам ни јас во што е проблемот, не можам никогаш да кажам дека ги исцицува и двете гради оти после цицањто ако ја стиснам пупката потекува млеко
Ќе го будиш да цица, нема да го оставаш да спие, сега сте на почеток и мора да бидеш малку поупорна да цица подолго време за и ти да имаш повеќе млеко, да не мора да му даваш ад млеко. Инаку, ако заспие кога ќе се нацица убаво, нема потреба да ждригне. Секогаш ставај го на страна да спие, потпри го со ќебенце или свиткана пелена.
И тоа што ти тече млеко од градата не се грижи, не значи дека не цицал. Заспиваат на полеток сите, пробај да го будис, или кога ќе видиш дека почнува да заспива, прави нешто, скубни го, под брадата стипни нежно, за да се расони. И ние бевме исто + жолтица имавме па уште повеќе спиеше. Биди упорна, после 15мин станува дека дремнало па да продолжи со јадење, а не дека не ти чини млекото.
и моево бебенце не ждрига баш одма, се случува да ждригне и по пола саат, а некогаш одма и за некоја секунда штом го кренам, е сега во однос на цицањето и кај нас беше така, и ние мислевме дека цица, а после тоа одма плачеше а јас му давав по 30 мил на почеток...сега му давам по 60 мл, после секое цицање, затоа што пак сме гладни
Мамички да ви кажам за една вежба што можете да ја правите со вашите бебиња, наменета е за возраст од 2,5 до 6 месеци и добра е и за бебето и за мајката. Значи јас ќе легнам на грб, ја потпирам главата на перница, ги склопчувам нозете, го зимам бебето и со стомачето го ставам на моите нозе, а му ги држам рачињата. И така ние си летаме, а бебулево се кине од смеење. Еве линк кој сака да прочита нешто повеќе: http://www.babycenter.com/0_lets-play-u ... 1498436.bc Инаку и јас не го чекам да ждригне, бидејќи може да помине и пола саат и пак ништо, а може и да се разбуди или да поврати така. Затоа кога ќе си заспие си го легнувам, а кога е буден и кога си играме и кога го држам, го вртам во повеќе положби и убаво си ждригнува.
Па божем сум упорна по 30-40 мин.сме на едната града само и си цица на почеток убаво ама за мн. брзо време престанува, како да му здосадува да влече па само ја држи пупкаата и заспива на неа. А инаку за спиење секогаш настрана го ставам и го потпирам со ќебенце,баш како што кажуваш и ти
калиас ке го будиш , ке го штипкаш по образ , нема зашто со ад млеко , кога веќе имаш доволно мајчино И моево заспиваше , ја будев додека не се нацица не и давав да заспие исто и моево не после секое цицање ждригнуваше .
МеУ, го чешкам позади увцето, го фаќам за ножињата ама кога си е решен да си заспие си заспива и ич мува не го лази што и да му правам , а од шишето не заспива си чека да си го испие целото па псоле си заспива. Љубичица, и јас од првиот ден кога се роди му давав по 30 мл Ад млеко, па после некој ден видов дека не му е доста и плаче поле кога го испие млекото и му качив на 60 мл, па еве вчера и денес гледам си бара уште и му ставам уште 10-15 мл повеќе и си го пие цело, значи си сака секој ден се повеќе