и кај мене е така, и ние од прв ден сме со ад млеко, имам пишано во друга тема, или заспиваме или се нервираме на цице и на крај се откажуваме... секако пробав да го натерам ама не ја бива работата и сега си пиеме ад по секое цицање , засега 60 мл , па потака ке видиме знам дека мајчиното млеко е најдобро,,ама кога не сака поарно и ад барем ке биде најадено и ке си расте
Кај мене проблемот е, штом се разбуди од спиење и почне да плаче значи дека е гладно па го ставам прво на градата да цица колку цица и бидејќи секогаш е гладно колку и да цица, а цица многу за брзо време и после му здосадува, му правам ад околу 60 мл и така се смирува, инаку ако го ставам само на градата тоа че цица па ќе спие пола саат па пак ќе се разбуди па ќе цица па пак ќе заспие и се така во круг и не можам така ме изморува , а и он не се изморува
Види Калиас знам дека е многу напорно темпо, особено за мајките што сакаат да дојат, но биди упорна, тоа го правиш за твоето дете. Јас да ти кажам кога се роди малиот мислев дека нема крај цицањето, ама цело време сакаше да биде на цицка, цело време. И тоа е нормално, бидејќи на почетокот млекото полека почнува да надоаѓа и затоа сака да цица, а и плус мускулите уште не му се толку развиени па да може за пократко време да го исцицува млекото. И го ставав во лежечка положба и така си цицаше, а и јас си лежев и за тоа време си гледав телевизија или го чепкав телефонот. А се заситува од ад млекото бидејќи тоа му е погустичко, веднаш може да го испие и брзо го заситува, ама мајчиното млеко нема замена. И пробај со течности повеќе да пиеш, види ја темата како до појако мајчино млеко и доење, таму има доста совети како да добиеш повеќе млеко и совети за доење. После некое време ќе видиш дека работите ќе се сменат, така е само на почетокот. Само уште нешто ќе додадам, кога се породив немав млеко, дури по 3 дена ми дојде ама ептен по малку. И бебето ми го ставаа на града и од силното влечење, а млеко немав, ми направи рагади и крв ми течеше. И кога пак ми го ставаа на града не можев да издржам од што ме болеа брадавиците и ми беа разранети. Во болница се чудеа сестрите како може толку рано да ми направи рани. Но во ниеден момент не помислував да се откажам од доење. По совет од сестрите си земав вештачки брадавици и така доев некое време додека не се залечат брадавиците. И кога ги тргнав не сакаше да фати научено на тие брадавици ама упорна бев и почна да фаќа и да цица. А јас во меѓувреме што се не направив за да добијам повеќе млеко пиев разни чаеви, па јадења, па масажи, па измолзување рачно и со пумпица и плус цело време на цицка и млекото почна да надоаѓа. И така полека полека си фатив ред и еве ден денес ние си цицкаме и да ти кажам сега уживам да го дојам мојот син
Мене ми успеваа 3 начина првиот кога ја држите градата го вадите показалецот од долу и г оставате под брадата на бебето и штом успорува да цица буткате точно под вилицата на тоа помекото или чешката ако нејќе со чешкање подигате прстот нагоре значи за ова бебето не смее комплет да заспие . Втор начин ако бебето ја држи градата пополека ама многу нежно и пополека. и ја вадев и она почнуваше да шмука иси ја повлекуваше назад . Трет алтернативен начин кога бебето ќе ја пушти градатаи заспие и ништо не помага ја држев исправена 15 мин да не поврати и после ја легнував и ја пресоблакав нема врска дали само ќе го расповиете и ако не е мочана пелената оставета битно откопчував до памперс и памперсот и потоа ако беше комплет сув го оставав ако беше мочкан макар еднаш го тргав и за тоа време она беше будна и спремна за ручкање
а зошто ноќе да ги пресоблекувате? ќерками откако е родена никогаш не сум ја соблекла ноќе, замислете како би ви било вас во сред ноќ некој да ве разбуди да ве соблече, според мене мислам дека не е убаво му се лади и целото тело , а таман се стоплило си се успало убаво
Навечер ја пресоблакам ако се разбуди на пример станува за јадење во 3 часот набрзина менувам пеленка и и давам да јаде ако не стане не ја чачкам инаку кога цицаше до кај 30-40 дена ја пресоблакав дај а разбудам ако мн ми се успала за цицање и го форсирав цицањето со надеж дека млекото ќе надојде после тоа ја пресоблакам само акое будна било дење било ноќе
И јас и менувам пеленка навечер. Некако ми е шубе да ја оставам со мокро газе. Ама само ако сама се разбуди за да јаде, инаку да ја будам специјално за да ја менувам не.
Мал совет за нас ќе може? Мали мој ниту е преладен, ниту е настинат, убаво си јаде и спие, мрсули никакви, а сепак гледам тегав шлајм во каката? И веќе 3 ден жолтеникаво со малку зеленкасто е. Не знам што да мислам?
незнам што е али јас на малата чим ке приметам за носето и шприцам аквамарис спреј и давам повеке течности така го поврака шлаемот а тоа што го кака убаво е не го задржува и и давам витамин ц маслени се 4-5 капки на ден ме интересира дали сте дале од сушените овошја првин да ги сварите па да се изблендираат и да дојдат како каша ваше мислење
Слободно може да дадеш суви сливи и кајсии, заедно со јаболко или круша сварени како компот. Не сите овошки наеднаш, секако. Може и само сокот да го дадеш. Се препорачува, посебно кога бебето има проблеми со запек. Само еден совет, сушеното овошје пред да го вариш, почувај го малку во топла вода, или пак извриј го еднаш и истури ја водата, па после вари компот. Така се прави за да се зачисти малку од прашина и нечистотии што може да ги содржи.
Мамички сакав да ве прашам дали спиете со вашите бебушки или ги ставате во посебно креветче? Какви се вашите искуства? Моево на почетокот спиеше во посебно креветче, веднаш до нашиот кревет и едната страна од креветчето спуштена. Но почна да плаче кога го ставав во креветче и сега си спиеме заедно сите тројца.
Sanjicka моево од раѓање спие во свое креветче , до 7 месеци со нас во соба а потоа го преместивме да спие во негова соба. Додека спиеше со нас ако заплачеше му подавав раче да знае дека сум до неа и се смируваше. Со нас во кревет спиеше многу ретко , коа имаше температура ја земав до мене ,а иначе во креветче Мое мислење е да си спие во креветче , ако заплаче биди до него утеши го некако ама да си остане во креветче ..да си створи навика само да спие .
И ние едно време спиевме заедно сите тројца, ама сега спие сама за да не се навикне , ја нишкаме по пола саат додека убаво со успие подобро сега да се убедувате и да плачете , после кога ќе порасне нема да може да спие со вас и по тешко ќе му биде да се навикне само
Веќе пола кревет бебето зазема, а другото јас и маж ми А сака да спие со раширени рачиња и уште повеќе место зафаќа. Искрено и јас се навикнав со него да спијам, а знам дека ќе треба уште малку во креветче.
леле и ние првата недела прво го стававме сам да спие во креветче, па после не биваше па ајде со нас на спалната, ама во меѓувреме купивме уште едно креветче за да спие во него преку ден и го ставивме во дневната (од оние креветчиња што се прават после како игротека) и на син ми толку му се бендиса креветчето што само во тоа сака да спие, и сега сите сме преместени во дневната за тој да си спие како што сака, не ми е згодно гарнитурата не се пушта па со мм спиеме стуткани тој на троседот јас на двоседот само за син ми да ужива во креветчето, ама наскоро ке го вратам пак во спалната мора да се навикне таму, ова спиење во дневна не е на арно, треба да се створи навика каде се седи преку ден а каде се спие.
Ха, ха, ха нешто слично сме и ние, а маж ми за греота почна во дневна да спие за да ни биде таман. Креветот е стварно голем ама нашево бебенце кога спие си мртка и се повеќе и повеќе си зафаќа. Еднаш јас сум заспала и он од вертикална положба дошол во хоризонтална попречно Инаку не е препорачливо до одредена возраст да спијат сами во соба, би требало после 6 месец да може, заради тој синдромот на ненадејна смрт. Мајка ми работи на гинекологија и кажуваше за некоја мајка која дошла да се пораѓа со 4 дете и кажувала дека 3 дете од самото раѓање го оставала во посебна соба. И ноќе повратило, тоа му отишло во нос и во уста и не можејќи да дише и да се сврти убаво на страна починало. Мислам тоа се ретки случаи ама ги има. Затоа и кога спие вака преку ден или ноќе кога не сум до него го проверувам иако сега е голем дечко веќе
ne se soglasuvam so tebe iako prvoto dete mi bese od prviot den na vestacko mleko za vtoroto bev mn uporna i malata cica vo pocetokot imavme malku problem dodeka da fati,no vo ginekologija mi rekoa mn pienje leden caj,sok,mleko. кога стигнавме дома првиот ден имав стресови со големото девојце кое од тага по мене качи температура па во болница со татко и јас го изгубив млекото следните 2 дена испив да не претерам 2-4 кг млеко,3 кг леден чај.1,5 -2 пиво(процитав било до бро за да добиес млеко)и вода . денес сме многу дебелки бидејки секој месец качувасе по 2,5 кг крвта и е суперхемоглоб и е 13 Значи мој совет ти е пиј течности повеке и овосје зеленчук.а на бебето давај му од едната а ако му е малку и од другаѕа града никако мајчино па друго млеко мозе се нервира бидејки не може да заспие.моето седи секоја вечер до 12-1 а веке еден месец ја успивам во количка па ја префлувам во креветцето .ако ме гледа сака да стане или ми се смее гуга и никој не може да заспие . пиши ми дали ти успева на тој начин позд
Еве сме ние, да ви се пофалиме дека за прв пат поминавме цела ноќ во креветче. Ослично поминавме, со тоа што бебуш се разбуди само в 5ч , цицаше и повторно си заспа во креветче и еве уште спие Не се каам што не почнавме порано, зошто јас не бев спремна. Сега јас се осетив по спремна, па лесно се одлучивме за ова. Проблеми никакви, што значи не е голема за да прави инат или да се буни, а може и неа и дојде подобро, си се пикна во ќош, и еве таму е уште, а на спална кога спие на сите страни ја има Продолжуваме и вечерва вака, се надевам ќе биде како ноќва