Да нормално е да хрчи уште е малечко,можеби и ви е сув воздухот во собата каде што спие.Само внимателно со пумпите за чистење на носето,не се баш препорачливи
Што значи не се препорачливи? Јас користам аспиратор носе фрида ако не му извлечам се засркнува и закашлува а и да е бактерија дали само со аква марис и аспиратор може да се среди или ќе мора антибиотик имаме постаро синче па може му донел нешто од школо сега е болен...
Мене ми кажаа да не ги употребувам пумпиците,и јас ја имам истата ама не сум ја користела,а дали е бактерија единствено можеш да откриеш на доктор и со брис
Вака. Треба убаво да видиш за што се работи. Од една страна нормално е да има секрет, особено сега е зимски период, може му се слева од синусите. Но, доколку секретот е малку несекојдневен, има чудна густина, особено боја... веројатно е бактерија, па не е лошо да се земе брис од носето и да се види која бактерија ја има и соодветно да се даде антибиотска терапија. Аспирации на мало дете (па и на возрасен) не се препорачуваат постојано затоа што може да се уништи или исуши слузокожата во носето на детето. Нормално, кога се мора, тоа е, ама да не стане навика на мајките секојдневно да ги аспирираат децата „за секој случај“.
Јас го користам nose frida само за тоа што површински му се гледа во носето. Не е многу агресивно. Многу секрет има на пелената го кака секој ден. Незнам дали во темата доење имам напишано, синко некогаш е многу нервозен кога цица. Што може да е причината? Ја трга брадавицата ја фрла настрана, трга со рачињата и клоца, а прво вика па малку ќе се расплаче на крај. Ви правеле така?
@kristina.k кај мене така прави како да се лути и прета со раце и нозе и ја пушта дојката па ја шмука пак, кога однемувам млеко и се нервира оти не и тече и се стиснам и ако течат само 2,3 капки тогаш знам дека е гладна не и стигнало моето млекце.
@kallias претпоставував дека е така и го сменувам на другата ама јас ко ке притиснам излегува млеко само не тече како првите пати ко ќе трга. Мрзливко е направен или нема сила.
Сакам да го сменам млекото цицаме и на дохрана сме, хип комбиотик и давам сеа сакам да сменам аптамил ама страв ми е да не и направам хаос во стомачето имаме 3месеца?
Јас од ко и го воведов аптамил на мојата ќерка до скоро две години го користевме и презадоволна бев, после експериментирање со сите можни ад аптамилот беше најблиску до мајчиното по вкус, и со тоа си теравме
Јас широк повој не сум ставала ни на син ми ни сега на ќерка ми, тука во Гр.одамна се исфрлени тие пелени, само памперс ставам и толку.
Јас еднаш ставив 15 мин и дете зовре, се расплака и го извадив. Кога бевме по 2 месеца на контрола рекоа дека нема потреба воопшто од широк повој. Исконсултирај се со ортопед и види дали има потреба од широк повој.
Никогаш не ставав широк повој и кога отидов на ортопед др кажа дека нема потреба од широк повој кај никое дете,дека самиот памперс е широк повој.Јас му верувам на него премногу
Јас му ставав само една тетра плус таа со врвци, а во Плодност советуваат со две тетра, ама ми беше жал ко роботче и плус неправилно лежеше. Неколку дена не му ставам и ми беше мисла, добро што прашав. И мајка ми не ни ставала нас уште тогаш и ништо не ни е само мислев потопло ќе му биде на мешето. Е сега си направив перниче со трици и не ми беше згодно со повојот.
Може не е за тука прашањево но мислам тука побрзо одговор ќе добијам...ми се направи влага во еден ќош од собата (се грееме на клима и имав послано алишта на сушара)- но другата недела добивам сушара за алишта поклон јеее } и ставив греалка таму и после пребришав нема ништо...прашањето ми е што да купам за воздухот во собава ???
Здраво , Ај некоја мајка нека сподели искуство за БЕБЕ ЛАНД ЛАКТА млекото во прах? Во болница ми препорачаа она од хипоо но неможев да го најдам и во аптека ми го дадоа ова ? Дали се работи за исто нешто или? Ве молам за искуство
Да не оди некоја на педијатар кај др.Митка Тренкоска во Јане Сандански, тел број за контакт да ми даде?