тоа да му давам дохрана со ад млеко е по совет на педијатар, заради тоа што за две недели само 200 гр ми рече дека билло поправено, и тоа било малку, дека бебето ми било изгладнето а јас сум упорна и тоа како, пијам се и сешто за да ми дојде млеко уште од болница кога си дојдов, така да во еден момент имав и премногу млеко дури ми се воспалија и градите , па бев на антибиотици... ама бебушка е инает несака да цица, малку цицаме, ке поцица на една града па се нервира, го ставам на друга, и таму истото и цело време се менуваме... ама гледам дека тоа не го најадува и затоа се дохрануваме, аи плус се измолзувам и тоа му го давам.... а за спиење немаме проблем си заспива само во креветчето, го ставам си поседува и заспива
Љубичица, најмалку што сакам е да солам памет, ама се надевам моево искуство ќе биде од некоја помош. За доењето која борба ми беше, ако ја отвориш темата на почетните страници, коса ќе ти се крене. Ама со поддршката на сите на форумов, истраав и бев упорна, дури и кога мали беше буквално 24 часа ненаспан, а јас со рагади, крв и згрудени гради. Тоа кога бебе е нервозно, врти глава, значи или е преиграно да се изразам, бар такај кај мали мој е, па ем му се јаде, ама не може да додржи да протече млеко. Веднаш штом ќе стане понуди му да цица, или после некоја минутка, не чекај многу.И биди позитивна и опуштена, оти се си знаат маливе. Кога моево и денес знае ако му помине термин за јадење и спиење е толку кенкав, одвај да застане во место, ама со малку нишкање, дувкање во лице ако тргнал да вриска, лажалката и ќе се доведе во некоја измежу фаза на спиење, па тогаш града и цица ли цица. Инаку кога се многу нервозни, не можат убаво да ја фатат градата од причина што одма саат млеко, а треба барем малку да потргаат за да надојде. Со лесно нека ви е
Многу ми е мило што некако сме помогнале со совети NoellePage , мајкиве кои се соочуваат со слични проблеми да речам не треба брзо да се откажуваат . И пишав и на друга феминка исто , лесно е со ад млеко да се хранат, ама да се има во предвид колку помалку се става на града помалки и млеко ке има Само опуштено првите денови се стресни и за мајката и за бебето , ама после се средува ситуацијата .
Мајки како ги смирувате вашите бебушки ако не заспиваат и плачат, еве моево во 11 стана за кркање , се пресоблековме, суви сме , најадени 15 минути на цице, па после млеко ад , и кога рече не сака да спие и не сака , го фатија на моменти грчеви ама до сега 15 час доби и втора доза крканац сега во 14 и повторно менување на пелена и несака и несака , и јас и мм држи го во раце ќе се смири малку колку да земе сила и повторно 5 минути плаче 5 минути мирен...Што би можело да биде претпоставка и како да се справиме со ова? а му се спие го гледам фала
исто сме и ние, плаче, јаде, се пресоблекуваме, и пак плаче, пак јаде ама никако не сака да спие, можеби и твоето преку ден веке помалку ке сака да спие, а и грчевите се проблем, син и во сонот плаче кога го фаќаат. нишкај го лулај му пеј му, јас барем тоа правам и обавезно му пуштам музика некоја нежна убава и пеам пеам а тој почнува да ме гледа, и после 3467895 пати од кога ке го извртам станот со него во раце и уште 98584754875 ке ја повторам песната успеваме некако да заспие. некогаш бебињата и од што се многу изморени не можат да заспијат.
би можело да се грчеви ние го имаме истиот проблем па го решивме со тоа што ја виткам прво во ќебе плик ија закопчувам па потоа ја нишкам ама силно па ако не сакаѝво транспортер корпа не тој пластичниот вие као имате пластичен искористете го и шетање низ соба раце ми отпаднаа ама тоа е
Мислам оти Лолита беше што сподели ако многу плаче за инстантбо да се смири да му дувнеш нежно во лице, а по можност ако пифатило лажалка одма во усте, ниѓкај го со тупкање на ногата и пеј, друго чаре до сега не измислиле хаха Тоа е , маки се, слатки се. Кога после тоа ќе видиш како убави и милно ти се смее забораваш на се. И ждригни го убаво, масажа на мешето да се испртка убаво да не има гасови. И само да напоменам и од гасовите се има мака, а гасови и колики не се исто. Можеби само се гасови, не ги клукајте без потреба со се. Кај колики по цел ден и ноќ нема да ви се мирини малите само ќе плачат и ќе се вознемирени, а кај гасови ќе кемкаат само и како да напнуваат.
Фала ви на одговорите , еве тек сега се смиривме , па решив да го оставам да поспие колку што му се спие не го будам за јадење, па здравје кога ќе стане, бањање и крканац, па ако биде се ок на спиење. Може допринесува неговава вознемиреност што се кака поретко , вчера во 14 а денес сеуште ништо. Како ги раните , јас мојов на секои 3-4 часа обавезно , и да спие го будам за да јаде, супер јаде дури и понекогаш се прејадува па ми повраќа, ама за храната не се жалам, само ми е криво што зима 10 мл од мене , само на левата града имам млеко (ако може да се каже имам ) а на десната нема ништо. Ама ние сме упорни па даваме обавезно цице по 15 минути па после ад 90 мл (само патронажната рече со 2 мерилици на 90 па постепено да се зголемува за да дојде до точната дозерка по кутијата-пие Хумана )
Кај нас дувањето веќе не пали едно добри месе цдена до тогаш да и ако плаче не ја прифаќа лажалката а кога имапе само гасови си спиеше и се напнуваше само и за гасовите нас ништо не ни помага ни масажа ни кревање нозе ни ждригање а ждригаме како луди по 7-8 пати на секој оброк ништо полна е сеуште и сеуште бараме чаре
Ако е некоја утеха Пепуш, период е само. Ќе помине за некоја недела, најсила некој месец. Стискај заби и смело
Остај од раѓање е полна уште од пре нанот што г о добиваше во болница а веќе прави 3 месеци за 6 дена и се тешам дека до крај на овој најмногу следниот месец ќе помине . Пишав мислам некаде погоре дека деновиве се утепавме од повраќање и денес сме мирни инаку вчера бевме на лекар и г огледаа стомачето беше ок ни зедоа крв за крвна слика и абс ( блага алкалоза ама нормално зашто се откорна од повраќање ) претпоставија декае алергија па ни зедоа и за тоа крв резултатите ќе видиме кога читај некогаш а д ани дадоа упат за ехо на мозок .Инаку јас лично мислам дека е од млекото и кога видов не видов дека сите го игнорираат тоа дека може да е од самото млеко и тврдат никако да не се менува денес го сменив начинот на правење и му ставам 10 мл од чајчето на пример ако сакам да стаам 120 мл вода ставам 10 мл чај + 110 мл вода и стандард 4 мерици млеко и го пие еве ја не повраќа кој знае дали е до тоа да им кажам ќе ме утепаат ама шт о испие испие другото уште во следната минута иде во корпа
и ние се храниме на 3, 3 и пол часа. прво околу пола саат цицаме, т.е се трудиме, ама ете гледам дека денес почна повеке да си шмука се надевам дека кај и да е ке ја биде работата а после тоа пиеме и ние една доза хумана и тоа 60 мл исто по препорака на педијатар... исто му давам и во меѓувреме и по малку чајче и некое лажиче водичка п.с ви благодарам на сите за советите, јас сум упорна и би сакала бебушко да фати убаво да си цица, па се надевам ке се пофалиме дека сме успеале
кај нас пак се појави проблем, малото плачеше од 20 до 23 часот, ја птвараше устата и се вртеше на страна така ми дава знак дека сака да цица, му давам да цица кога ке ја осети цицката на устата почнува да пиштии лелеее цела зграда не разбра дека плачиме и така 3 саати се мачевме пиштеше плачеше лелее пукнав. А саат време пред да почне бунтот цицаше и тоа убаво се нацица и од двете гради, што му стана сега немам појма. и Јас одма тука пумпицата ја вадам да измолзам млеко да видам што како има колку јаде малото, и што ке видам 4 капки едвај извадив, јас или снемувам млеко, или тоа беше оти бебето скоро беше јадено, или пумпицата не е во ред (ама нова е не би требало да е во пумпата проблемот) и еве сега како седам пак ми тече млеко од градите ми се прават кругови на мајцата од млекото, навистина незнам што да мислам повеќе, и незнам ни зишто бебето плачеше толку, ни зошто пумпата не извади млеко сега дури се ми е измешано. Саат време после цицањето кога се боревме со бебето по втор пат кога бараше и кога неможеше да фати му направив чајче бекутан 60мл и замислете за прв пат го испи сето, и после 5 минути поврати се и пак одпочеток плачеше вриштеше абе како да не беше моето дете. Како се смируваат децата кога хистерично плачат? и што може да биде причина за така хистерично плачење, син ми вака никогаш не вриштел. Едвај го успав после поминати 600километри пешки по станот
Не паничи одма,не може туку така да ти снема млеко,во пумпицата немало бидејќи бебето пред тоа цицало и го исцицало цело млеко,па му треба време да надојде пак... Можеби плачело од грчевите,може му било многу топло,или пак ако ти си била нешто нервозна му се пренело и на него(јас кога ја доев малата а се изнервирам нешто,одма и таа не беше мирна плаче,писка,абе што да ти кажам,не може да се смири)
Ние не сме на цицање ама на цуцлата ама баш истото и го прави дури бев на лекар со идеја дека ќе се најде решение ми рекоа од прејадување било па еве сега цела недела нее прејадена па пак истото го прави а мртва гладна е
senjorita.lombardi грчеви го мачат бебето истото и јас го поминав , од 18 до 20ч бебево плачеше ,нејкеше да цица .. Тој период ми беше најтежок , ама сите мораат тоа да го поминат Не дека нејке да ти цица , него проблемот е што има грчеви .. Јас во тој период од 18 до 20ч ја нишкав количката , раце ми паѓаа ..само да се успие некако . Не дека секогаш заспиваше , имаше периоди кога вриштеше ...ја нишкавме во раце , со количка .. Пробувај ставај му топла пеленка на мешето , правете вежби со ноџињата .. Тоа трае до 3 месец , додека не се средат цревцата , потоа е полесно .
Ломбарди, јас имав среќа само 3 дена мака да видам, да не го заречам фала му на Бога што ме куртули од маки. Ама за тие 3 дена не 2, ами 5 саати уа уа мајко мила. За млекото не се потресувај, никоја пумпица нема таква моќ и техника на влечење како самото бебенце. И јас како тебе се изнервирав еднаш, молзи молзи абе нема та нема. А бебе после кога го доев(после 5 мин) абе млеко за извоз, така да не се секирај. За грчевите топло на мешето,веќби или гушни го припиено до тебе со мешето, како во положба за доење и нишкај, тоа е. Ќе помине само, не се секирај.
фала ви на одговорите, ке се смируваме некако, голема е веројатноста да се грчеви ама оној пат кога навистина беа грчеви и нозете ги виткаше, сега чисто онака лабаво си вриштеше, ке помини ајде па бебе е мора да заплаче некогаш, како соседите ке дознаат дека има бебе кај нас инаку сабајлето во 7 се разбуди пак со намера да вришти и го легнав врз мене да спие ама тој бесе во полозба на стомак и спиеше врз мојот стомак ако верувате се смири и се наспавме така 4 часа сме спиеле и јас и тој. а за млекото малку се замислив дали моето го заситува, ама па јас ако немам млеко како тогаш се случува ако бебето спие повеке мене од почнува млекото да ми тече?
Ние денес и вчера зафркаваме со столица. За некое си чудо, на вечер кога ќе се нацица и ја спие цела ноч, столицата му е жолта како сенф и обилна најнормална. А преку текот да деновиве еве веќе 2 и пол дена, му е количински намалена, и зелена, тегава, течна. Тоа проливче е? СИ јаде најнормално, си спие по час и повеќе гладно не е, не кашла, температура нема среќен е игра си скока најнормално. Јас сум тотално збунета ос столицава?!
И ние вчера и денес сме со зелена столица, со малку остар мирис. Претпоставувам да е од железото во млекото. Инаку е течна како и до сега. До завчера беше сенф боја со остар мирис и преку ноќ зелена стана.