@Nikita7 dali chesto povraka bebeto? Mozesh dw se konsultirash so pedijatar, da ne se raboti za gastroezofagealen refluks, pa da odbiva da cica. Kaj Nas verojatno e toj problemot,, inaku moeto go zaspivam za da pie mlekce. Se nadevam deka vi e samo faza I deka naskoro Ke se normalizira.
Верувај добра си , јас не го видов 4 денаа и никој ништо незнае . Па ајде дури отпосле од кога здивев видоа не бива можело... А за млеко , ја дека царски не ми дојде одма . На третиот ден и ме болат гради ќе пукнам , никој ама никој не дојде да рече чекај млада е незнае да и покажеме. Гради ми пукаат влези една ,оди си друга ништооо Стискај се ко будала ама нема бре , катастрофа нине здравството и краај , остави маки од болки што имаш ,а со колку трауми ќе си одиш.
Мора да ти помогнат во врска со градите. И јас бев царски и ми дојде млекото по 2 дена , знам дека ти е тешко и дека те болат градите ама мораш да се стегаш и да бараш сестра да ти помогни, не смее така да ти остани. Значи во државна е така, никој не те гледа. Барај помош, мене не ме пуштаа дома дури не ги средам градите (ама јас бев на приватно) . Биди упорна
Градите ми беа грутки целите. Мене па која како ми доаѓаше одма ме фаќаа за цицка и ме гмечеа. А тоа пусто болеше дека грутки имало. Ни да ти каже како за полесно нит ништо.
Не оставај. Измолзувај го млекото. Не се секирај колку вадиш ново ќе надоаѓа. Не оставај така да не направиш мастит. Остај вработените, штом е така работат сама одмолзувај. Ако незнаеш како види на интернетов има клипчиња, не е тешко. Почни одма зошто како поминува време се поболни ќе ти стануваат градите.
Не немам тука пумпа . Неможело да дојам уште три дена од терапијата , а и без тоа е на интензивна. Да не го изгубам млекото
Тинушка ако сте во можност нека ти донесат пумпа твоите, да се стимулира лактација, бидејќи ти како прворотка верувам незнаеш како правилно да фатиш да се одмолзиш. И секако инсистирај сестрите да ти покажат како да се одмолзуваш. На секои 2-3 саата Тинушке! Со еднаш дневно ништо не правиш.
И јас исто ќе те советувам да ти донесат пумпа, ќе ти се најде и за дома. Како е можно ништо да не ти покажуваат ниту помагаат.
Касно е за да редактирам во истиот пост, да прашам дали треба да се загрижам што кака цел ден бебуш после секој подој ама и измеѓу денес? Не знам колку пати вчера и денес го преслеков.
Мојот какаше така до 2 и пол месеци и после се среди па на 3 дена полнеше пелена И после тоа се оправивме секој ден по еднаш-два пати.
На бебушка моја и се црвени обравчињата, ова е веќе некои 2, 3 часа, брат и ја тормози по цел ден, ја бакнува, ја штипи за обравчињата ама ептен, да не е можда од тоа да не и се воспалени оти кога ја допирам како жешки да и се, што знам И ставив кокосово масло па да видиме...
Нема, ја фаќам нон стоп, ладна е на главчето и телцето, има како кругови црвени на обравчињата не се жар црвени де ама црвенки се и кога и ги пипнам мааалку како да ми се жешки, а подолу на вратчето е ладна. Инаку си се смее, си гука, си цица, се нај нормално, само тоа црвенилото што може да е
Мој најискрен совет: 1. Мораш да покажеш заби и да ти кажат што е со бебето. Ти си мајка, мора да му ја знаеш здравствената историја на бебето. Како тоа никој не ти кажува ништо? Цела болница ќе ја кренам во вис! 2. Ако сакаш да доиш, а пожелно е, особено во вашата ситуација, одмолзување и тоа детално, на секои 2-3, максимум 4 часа! Кога ќе можат, нека му го даваат млекото на бебето. Вака како што ми личи, крш е работава. На ГАК си тераат што и да тераат, никаков совет за доење, одмолзување, и после приказната на многу Тинушки е дека немале доволно млеко. Ах бре Македонијооо...
Ништо ги баталив нив и сама се одмолзувам НЕКАКО мада смешно е )) многу малку млеко одмолзувам колку да не е без ич , ама кога нз како.. За бебето најдов една докторка по човечна ја замолив да ми објасни и да не ги бркам низ интензивно. Ми рече дека бепчето имало инфекција , а жолтицата е веќе повлечена . Ми рекоа за 3-4 дена ќе може да си одиме. Вчера прв пат го допрев се држевме за раче