Ама овој сируп е снт Ама тој сируп е антибиотик не би сакала дали може хербион да му давам на природна база
Da antibiotik e zatoa i ti rekov deka moras da se konsulturas so pedijater t.s odnesi go maliot na kontrola mislam deka ne bi trebalo na svoja raka da zemes nesto
@Eli23 ако мислиш на стапалцата доближани така стои од мало со споени кога е гол, а рачињата не. Нив ги стега во тупаници и пробува да ги цица двете наеднаш ама најчесто левото му е во уста.
Стапалцата да си ги допираат и рачињата, прстињата. Порано некоординирано преташе само, сега има контолола развиено.
сега дури го сфатив прашањево да да и кај мене па не се мали веќе 3 мес уште малку и следи со поглед каде одам јас или мажми следи играчка лњво десно гледаме тв се радува на тропки музики итн сака муабет сака песни сака да го дружиме да се смееме и приказни му раскажувам и фемина од моб му покажувам хахаха како растат се поинтересни ќе бидат да ни се живи и здрави
Мојата си ги става рачињата во уста постојано, без разлика дали е гладна или не, прво мислев дека е гладна па затоа си ги шмука ама и после јадење пак гледам си ги шмука, па затоа не знам дали и е игра или ја чешаат непцата, ма да сеуште е рано за забче. Лигички исто така почнаа се повеќе, си прави тупанчиња дури од лигите Деновиве почна да испушта звукови како е е еее, а аааа и такви работи. Се смее кога и зборуваме, прати со очињата кога одиме, се врти ако виде некој го прати на каде оди, гледа и се радува на играчки....За муабет да не зборувам, ако не и збориш си трае, штом се приближиш до неа и почнеш да и збориш одма прета со рачиња ножиња се обидува да стане се смее се радува, злато најубаво е, сега се нај интересни, секој ден се нешто различно кажуваат
@kallias исто потполно, а за рачињата и јас мислев гладен е ама почна нонстоп да ги шмука и плус за рака ко ќе фати некој му ја носи в уста.
Таков им е периодот да пикаат цела рака во уста и нормално е. Не е гладна, туку вежба рефлекс за јадење (бар мене така ме информираше доктор). Ова трае до 5ти месец а после сте во фаза на пикање прсти во уста и ноџиња/чорапчиња
А дали се чешкаат за носе и лице со рачињата? Ги бери во тупаници и си го чешка лицето, не знам како да објаснам. Или ко ќе го кренам така ми прави мрда лево десно и се пика во мене со носето.
И тоа е нормално и вообичаено за таа возраст. Така си го запознаваат телото, но можно е и запчиња да вади во скоро време. После таа фаза на чешкање на лице ќе почне да чеша и тегне уши, па да сака да фаќа и туѓи лица.
Да и мојава така прави. Почна и да фаќа предмети со десното раче. Си го држи некогаш ќебето или маичката си ја крева нагоре кога и менувам пелена.
@kallias @kristina.k ние четири тука некаде сме сите и јас се чудам цицан и пак рацете вуста цуцла лажливка несака да смисли и кај мене лигички посебно кога многу прета и зборува за заби е рано ...нели..а кога се буди е најинтересен си ги трие очињата се тегне чивечиња мали
Го искусивте ли моментот кога за прв пат ке посегне со тоа мало раченце по вашето лице да го допира, гали и осознава? Души мали убави синко само што направи 3 месеци ја крена раката на моето лице и со отворено усте возбудено ми го галеше лицето и зачудено хахах...инаку никој друг не допира ниту сега хахаха едит: А од јадење раце сто пати на ден се пресоблекуваме само се повраќа и мене ме повраќа хахах и се смее со кикотење на глас хахах
Да, најмногу за уста ме закачка затоа што и го бацувам рачето нон стоп кога ќе ме фати. Сега почнува мојата.