Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    156
    Денес прмивме вакцина леле кога фати од 5 да плаче и кенка леле мајкоооо до сеа сеа заспа дури температура немаме ама изгледа вакцинава ги засилува грчевите леле ова цела недела вака ?
     
  2. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.908
    Пол:
    Женски
    Леонтина ако ти е за утеха јс му давам на син ми по некоја капка лимон секогач кога ке иика ако претходно цицал и не сака пак да цица. Мандарина не сум дала, ама лимон и на двете деца со полни 4 месеци. Мозеби сум згресила ама фала Богу немало реакција
    Инаку се ивинувам за з, с ии к-м зеза несто кирилицата, звучам како срцекрсацка :tmi: :wasntme:

    Пепус малиов кенка само 48ч после вакцина, зосто цела недела :?:
     
  3. Sanjicka15

    Sanjicka15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    90
    Леле малиов е право вампирче, два саати се успиваме па дури сега заспа. Што се не правев, од нишкање, па намалено светло, па музики, па проектори, па цицање, и се мислиш заспал, кога ќе отвори очи и ќе ми се насмее. Ееее, буце на мама, кога го оставив сам во соба демек сам да се успиел кога почна да плаче, и на крај техниката што секогаш успева, а мене ми е малку напорна, тоа е истовремено цицање и нишкање горе долу и тоа мора да биде му биде погодено нишкањето инаку одма почнува да р'жи. А пред некој ден колку сум се смеела, му ги соблекувам чорапчињата и да му ги бацам ноџињата гледам му замирисале. И денес исто :D Изгледа од што се поти многу, му се потат и ноџињата и му замирисуваат, а мислев дека на бебињата не им мирисаат нозете.
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.392
    На ќерками не и мирисаат, може дека ги миеме дневно по 2-3 пати. Многу сака да јаде нозе :D и скоро секогаш е без чорапи , а и дома е топличко па не е проблем. Во таа фаза сме се сака да ручка. Што и да и дадам право во уста го става. А фамозното запче сеуште го нема. Од месец ипол матичнава ни вика запче е запче е , еве го набабрено е , бело е и сеуште го нема да се појави. Ајде ќе биде. :D
    Инаку ние паузиравме со дохрана, нели дека воведовме домашно кравјо млеко и сакам барем 1-2 недели да по минат па пак ќе почнеме. Да не и дојде многу новости наеднаш :)
    И да Бебе готвачот ни стигна, има интересни рецепти ама ви се верува ли дека пишува од 3 месец да се почне со кашички , од 4 со жолчка , па месо од 5-6, дефинитивно нема да се водам според ова, пишуваше и за мед во 4-5 месец мислам беше , а позади пишува ВНИМАВАЈТЕ СО МЕДОТ БИДЕЈЌИ МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА АЛЕГРИИ. Свашта
     
  5. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    156
    Lolita па нели 5-7 дена може д акрене температура па истото го сврзав за кенкањето читај дерење :D
     
  6. Sanjicka15

    Sanjicka15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    90
    И мене многу ми се допаѓаат производите на Хумана, мислам дека се многу квалитетни. Ние го користевме чајот за грчеви и само тој ни помагаше, а јас го пијам чајот за доилки и можам да кажам многу е убав, на упатството пишува 3 пати дневно, а јас си го пијам и повеќе пати :)
     
  7. UMUT

    UMUT Активен член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2013
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    3
    мојов се што најде става во уста и лигарче и све но почна и да си го фака тулето :) и го тегли го тегли ке го скине а кога му ја тргнам раката почне да плаче!
     
  8. ancetupance

    ancetupance Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2011
    Пораки:
    239
    Допаѓања:
    165
    мамички кажете ми совет- не знам по колку мл да му давам на бебулево од измолзеното млеко по оброк???
     
  9. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.687
    ^ Колку што сака :)
     
  10. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.908
    Пол:
    Женски
    Пепуш син ми само кенкеше, не плачеше, не се дереше, тука само беше кенкало и тежок за трпење и поднесување :lol: .
    А температура имаше само од Ди-те-пер, 37.5 , ден после вакцинацијата и толку. Тогаш беше и кенкањето, а утредента си беше детето ОК. :)
     
  11. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Како сте мамички?
    Ние имаме 17 дена, Јована се роди на 20 јануари 2 480, од болница излеговме 2 540, а после 10 дена пак ја врати тежината на 2 480.Многу бев насекирана..Но моја грешка беше ја оставив да спие 2-3 пати по 5 часа...Демек најадено бебе си спие...
    Вчера бевме пак на педијатар и има малата качено 2 630...Дури од грижа купивме и дома вага и ја мериме :) ...Сега не ја оставам повеќе од 3 часа да спие, а нема мерило некад на 1 сат бара, некад на 2 сата, а после бањање и подолго...
    Проблемот ми е што детево е спанче и кога ќе се успие тешко ја будиме, никако да стане....Особено после бањање...Кажете некој совет, искуство за вакви бебци мрзливци...Инаку другото се е супер...
    Иначе сме само на мајчино млеко и сакам така да остане....
     
  12. tace73

    tace73 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    1.397
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто би се секирала ако бебето си спие, па треба да се радуваш! А тоа што на почетокот послабо напредувала можеби е од тоа што не си имала доволно млеко, можеби малку имала и од физиолошката жолтица... Јас со првото дете млекото во поголемо количество го добив после 10 дена, дотогаш имав по малку, повеќе беше колострум, така да и ние на првата контрола бевме многу малку напреднати, ама после тоа си ги стигна другите деца. Само да не се лажеш ако треба да ја дохрануваш да и дадеш со шишенце, зошто полесно ќе и тече млекото и во поголем број случаи децата се откажуваат од цицањето.
     
    На danielka0507 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Ме насекира тетка ми
    која е поранешна патронажна...А и педијатарот...Ми рекоа секои 2-3 сати, ако не стане да ја будам...
     
  14. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.058
    Ќе мораш да ја будиш, мала е родена, па ќе треба да се трудите да постигне тежина. А дека е малечка уште повеќе ќе има потреба да спие. И Лина беше таква, посебно зошто имаше и физиолошка жолтица, па тоа дополнително и ја зголемуваше потребата за спиење.
    Но, се будевме, најчесто ја пресоблекував за да стане.
     
    На danielka0507 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски

    И јас така и правам, ја пресоблекувам, ја штипкам, ја размрдувам...Што да правам..Среќа што вчера покажа на килажа...А и на домашната покажува килажа деновиве...Во спротивно незнам што ќе правев... :) Иначе жолтица прележа во болница...Вчера ј апрегледаа и се беше ок...Зар е можно да има уште?
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  16. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    156
    17 дена сте стари па жолтицата е веројатно во поминување ние сме родени 2570 жолтицата и траеше 10 дена потоа постепено се чистеше соблечија пред бањање и набљудувај убаво од нозете па нагоре и ќе видиш можеби различна нијанса ако сеуште има пигмент и ќе гледаш како секој ден оди погоре главата се чисти последна не се секирај иако има пигмент жолтица веќе нема ама буди си ја сите се спанковци и ние се будевме и ние дома се меревме само не ја буде по бањање тогаш ми беше жал ија сотавав до 5 саати д аспие а инаку ја будев на 2 саати и додека се нацица со молеше и будеше за АД то точно искачаше на 3,5 пол саати кој недела се породи ?
     
  17. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    е кога сме кај килажата јас да не се пордечам ама за фалење сме ние :lol: се роди 3.560 од болница излезе со 3.100 (тоа оти мајка му не си ја виде 3 дена и ослабна :) ) а пред 3 дена го меревме на контролата и вагата покажа 4.200 а има 5 недели :) и е само на мајчино млеко.
    Јас имав осет дека син ми е цело време закачен за мене и дека сака само да јаде, ама и така било, и плус имам приметено кога го фаќаат грчевите сака да цица така изгледа му е полесно.

    Инаку вие секоа ден ли ги бањате бебињата? Јас секоа ден го бањам, денес купивме еуцерин и маслена купка и крема да ги мачкаме брунчињата оти не поминаа од лиценцето туку му се проширија и по телото има секаде само во пределот каде што стои пелената нема (газето му е чисто) па матичната рече да пробаме еуцерин.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Sanjicka15

    Sanjicka15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    90
    Колку и да го бањаш пак ќе ги има тие бубулички, ама не се грижи ќе поминат. Син ми каков беше на почетокот, како јас порано пред добивање, цело лице исфрлено и ситни бубулички по грпчето и градите, дури незгодно ми беше да покажам слика од него кога ќе сакаа да го видат. И имаше едни белки на лицето и главчето. И после месец ипол се му се исчисти, сега лиценцето му е стакло. Доенче е и нормално е така да се исфрли. Се ќе му пројде од мајчиното млеко. Инаку сега го бањам 5 пати во неделата. И да ти кажам браво за тебе, одлично ти напредува бебчето :)
    За грчевите и јас така правев го ставав на цицка кога имаше, така му беше полесно, а и педијатарот ми рече само цицка му е спас. На почетокот цело време цицаат, не разликуваат жед и глад. После се ќе се стабилизира, ќе знае кога му е доста и кога е жеден само и кога е гладен.
     
  19. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    156
    Ја бањав секој ден и тоа со маслена купка и добивме сомнение за атопичен дерматит кожата истана сува што да ви кажам и сеа сме на маслената купка еуцерин секој 3 ден се бањаме и мачкаме кантарионово масло секое преповивање по цело тело и сме мн подобри па уште малку ќе продолжим со маслото на нивеа пак пантексолот нњ ни помогна многу ама ќе си го искористиме и тој
     
  20. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    И јас ја бањам секој ден, ама еве што читам сега се предомислувам да скокам по еден ден...Ја мачкам со павловичева оргинална по вцело тело и многу сум задоволна...Инаку во Чаир ми препорачаа Лагона колекција купка и лосион, и ја купив...Купката е многу убава, а со лосионот уште не сум почнала...Се мислам и со јекодерм на бекутан да ја мачкам...