Икаат ли вашите бебиња? Како се справувате со икањето? Мојава ќерка откако цица, ја оставам да ждригне и скоро секогаш почнува да ика...тоа трае +- половина час, така се расонува и пак бара да цица!!! Плус тоа сеуште ни трае р'чењето и крчењето...чудни некој звуци испушта додека спие. Ми рекоа дека се чистела од плодовата вода но рекоа до еден месец траело, а ние сме 38 дена и сеуште трае?
Кај нас 3 месеца траеше чистењето од плодовата вода, тек сега скоро во 4 месец се исчисти и веќе не крчи. Ика, ика и ќерка ми кога треба да ждригне, ништо не правам јас, сама по себе си престане, пробав 2-3 пати да и дадам да цицне малку кога ика ама не гледам ефект, дека престанува одма, нормално е додека се бебиња, не се секирај.
Треба убаво да ја почекаш да ждригне едно 10 15мин ,знам по мене ако не ждригне убаво ика ама не толку долго како кај тебе
До 3 месеци икаат,киваат и хрчат поради плодовата вода во која биле.За тој период се чистат и нормално е.
Мојата уште ика понекогаш, а 10 месеци сме. Кога беше само на млеко обавезно после секое јадење икаше. Ми викаја дај и вода, чајче. 2-3 пати пробав, ама немаше ефект.
Мајки да ве прашам, имаме 4 ипол месеци, во устичето внатре од страните има како бели како кога се гризеш подолго време незнам да објаснам ако ме сваќате, и на долната усна внатрешно, на јазичето бели како точки, мислев да не е сор но немаше да цица , ја мачкам со сода бикарбона помешана со вода но џабе, дали имал некој слично искуство ?
Мајки да ве прашам нешто, малиот има скоро 40 дена и има голем проблем со какањето. Не може лесно да се искака, целиот се напнува, се вцрвенува и вришти, како возрасен кога има тврда столица. Кога ќе се искака му олеснува и супер си е, ама после за 15 мин пак му доаѓа да кака и пак исто. Само на цицање е и има течна столица, затоа незнам што може да е, дали има некој проблем или од грчевите е така?
А плаче ли? Ако ја боли ќе плаче, ако не ништо страшно, од млекото е, ставај и кокосово масло, помини со газичка чиста во устичката каде што има бело и ќе понине, кај скоро сите бебиња е така, штом сеуште се само на млекце нормално е дека ќе има бели наслаги, без брига
@Eli23 @mama89 @kristina.k абе се обрќаат ли вашите бебуши од грб на меше и обратно, сами? Мојата уште не ја ставам така на страна да се обрне на меше и ништо, се исправа на грб одма да лежи.... 4 и пол месеци е до сега нели требаше да почне??
@kallias нема почнато уште и син ми, само се крева како за седнување кога е на грб легнат. Наеднаш ќе почнат, баш пред некој ден и се жалев на @mama89 дека не посегнува по играчки убаво и денес му давав тропалка ми ја зеде одма.
@kristina.k ти реков да не се грижиш тука некаде сме сите и се исто прават за ден - два разлика па и недела да е, пак се изедначуваат @kallias не се превртил и кај мене од грб на меше , но на страна се врти и подстанува сам се подига ...ќе почнат до 6 месец максимум.не се грижи
@kallias кај мене само од грб на стомаче, обратно никако. Кога ја кревав во воздух со нозете се одбива од мене како да подрипнува. Кога лежи на стомаче претка со нозете како за лазење ама неможе да се помрдне од место. Туку кај мене друг е проблемот. Многу е нервозна. Нон стоп нешто гризе. Нема апетит. Ми пие само по 50-60 мл млеко. Месец и пол цицка не фатила. Преку ден знае и 2 саати да преспие. Ноќе нон стоп прета, на еден саат се буди те и паднала цуцлата, те млеко да и тупнам во спиење. Не сум наспана ич. Ако заспие во 9 станува во 5. Пробував да не и дадам да спие, ама првите 5 мин штом ќе ја спуштам на кревет се комира. Незнам што е работава. Дали не е заситена од млекото па да си почнам со дохрана. Пиеше хип, хумана, нан - не ја заситуваат изгледа. Сакам аптамил да и земам. Неможам да постасам со измолзување на секој саат време. И купив Бекутан чај за добар сон. Го обожава. Знам дека е поблаг, ама друга фирма немаше соодветна понуда на чаеви за 4 месеци. Се мислам ако не да почнам со кашички од полн 5ти месец.
Не се секирај мојата на 6 месеци дури почна прво од грб на стомак, па веднаш потоа од стомак на грб. Ова второво потешко и беше. Од 4 месеци на грб ги дигаше ножињата како да седи и рацете на коленца си ги ставаше и знаеше да се сврти на страна во таква седечка форма. После почна нагоре да си ги молкне да се бори со нив за на точно 6 месеци во уста да ги стави. После дури 7 месеци кога наполни ја ставив да седи, не сакав да ја брзам од 6м..затоа можи и покасно пролазе. Како изгледаше тоа пред да дојди до лазење: не памтам точно на колку месеци некаде околу 5-6 на меше кога ќе ја ставев ги дигаше двете раце како да лета и убаво се оттурнуваше од под за 90 степени исправена, после се научи да се врти од грб на стомак и обратно, па да се турка наназад со рачињата, па да се ниша на раце и нозе во позиција за лазење и така се нишаше 3 месеци + вежбаше вртење во страна-на меше легната ја креваше едната рака и се вртеше на страна, на едната па на другата. Сега пак во лазечка позиција на 10 м пак ја крева едната рака и се врти и скоро седнува сама. Па се крева на стопала од лазечка и пак се врти на страна со едната рака подигната како да ќе стани. Вака досега изгледаше нашиот развој. Некои почнуваат од 3-4 да се вртат од грб на стомак и обратно, секое кога е спремно.
Од тогаш, да. Едино у сон ако и увалам некогаш. Ама па и болничка беше и со шлајмче, неможеше да тегне. Ај се тешам со второто полесно ќе ми биде.
@Eli23 многу малку тоа млеко пие....за возраста и килажата треба да пијат од 160 до 180милилитри, сега кига цица од тебе неможеш да знаеш ,но кога се измолзуваш или даваш дохрана толку одприлика, еве јас се вежбам да се молзам за во сабота да оставам за свадбата ноќно време кога спие се молзам бавно ми оди но за 2 саата 160-180 измолзам па жал ми е да ги фрлам му ги давам утредента ги пие....е сега некои деца повеќе им треба на некои помалку но сепак за 4 мес 60 мл е премалку....за вуста ставање се ставаа, ја јадам оно сирото шмучка си ја шмука долната усна.,..па сега ти кажав јас со полни 17 недели ќе почнам со вкѕсови пробување три дена по 2-3 лажички една намирница, па три дена друга , па комбинација од двете, неделно значи 2 намерници за месец дена 6 максимум, така да здравје пред 6 ти месец ќе има веќе 1 оброк, така ме посоветуваа искусни мамички, а и ми рекоа кога ќе пробувало да земам купечки, откако ќе испробало вкусови за прв пат , а потоа да му спремам дома.Сепак можно е и да ти вади заби?? Жлебините набрекнати ли и се?