А да се бањате до 40 дена секој ден зашто во овој период кожичката повеќе се лупи зашто сеуште е онаа која била во водата и сеа таа иста кожа на суво се лупи да не ги затвори порите и да имате проблем ние се бањавме до 40 дена со еуцерин сапунче мене ми ј а препорачаа логона исто во родилиште ама докторката од родилиште усно ми кажа сапунче еуцерин до 40 дена и ништо друго јас така правев ништо не мачкавме и супер бевме проблемот се јави последниве 15 дена а сме 3 месеци стари вие можете да терате со логона и павловичева секој ден до 40 дена па после почнете секој втор ден и секогаш пази да не почне да и се суши и да пука кожата
Фала ти , значи да си се бањаме секој ден до 40 дена..Така и ќе направам..И јас се мислев за сапунче еуцерин и логона, ама ок и е логоната...А кожичката по малку и се лупи, ама сосем малку, ма да мислам тоа е нормално...Се обновува...
Навечер кога спиете на колку тепература спијат бебушките, и дали им ставате капче за спиење? Ние спиевме во дневната до пред некоа ден, и цело време бевме на иста температура 23 24 степени, и за спиење не му ставав капче, ама еве 2 дена веке за спиење си одиме во спалната оти мене ми е по згодно за да го гледам додека спие, а и тој оти си спие до мене поретко се буди, ама па таму тепмературата ни е околи 19 степени и оти бањат го легнувам да спие му ставам и капче, не му е топло нели? му ставам од оние памучните лабави капчиња
Ние од почекот спиеме на температура од 19 - 22 степени и син ми многу малку има носено капче. Не му ставам ни преку ден зошто мислам дека не му е потребно, а кога ќе приметам дека просторијата во која седиме е постудена од обично му ставам капче.
Девојки и мамички ај ве молам кажете ми по колку мл треба да му давам на моето бебе, 3 недела сме големи утре ја почнуваме 4, јас почнав со 60, па 90, некогаш 100,110 завсии како кога, не секогаш му се јаде исто, го дојам исто ама не знам колку мелко пие од мене оти после тоа е пак гладен
Прво кое Ад го пиете и мене така ми забегуваше накај 110 па и 120 со аптамилот па сеа сме „диеталци “ као дебели сме биле иако на перцентилната крива што ми ј а дадоа сме во граници малку над просекот ама во граници горната граница е 7кг ти нуди и 90 мл бидејќи и цицате и можеш да ја носиш да си ја мериш еднаш неделно и ќе видиш ако не пиете некое млеко од кое става мн брзо можеш да и дадеш колку сака на пример на хуманата стои на паковањето да пие колку сака . Јас така направив со аптамилот за подоцна да ми кажат дека од него децата брзо мн напредувале т.е се дебелееле па бевме на хип по препорака на лекар ама млекото ич не и одговараше па сеа сме на хумана sl и јас од ова сум најзадоволна
Го пиеме Алмирон, грчко млеко е, бидејќи тука и живееме по препорака на педијатарот ни е ова млеко, до сега не сме имале проблем, го засака уште од првиот ден и не планирам да го менувам, е сега ние на прва контрола сме на 20 овој месец па ќе видиме како напредува
Читам за банкање, за храна , грчеви ,па ајде викам да ви напишам еден извештај за нашево секојдневие па да заклучиме дали сме ок или не. Јас со мм решивме Андреј да си го гледаме сами самички без никаква помош од баби стринки тетки и квази педијатри кои ни тврдат дека треба да се дава вода ама и дека не треба , дека треба да се остави да плаче за да прочистел плуќа и така натака. Андреј се роди 3 и 500 а дома си дојдовме 3 и 260 , јас што од стрес што од мајка природа , останав со 20 гр млеко само на левата дојка и тоа не секогаш , па мораме да си го храниме синот со ад млеко , па решивме по препорака во болница на педијатар да пие Хумана 1 , е сега на почетокот пиеше по 30 за по една недела да се качиме на 60 мл а сега пие 90 мл , а веќе е стар 3 недели. По препорака на патронажната сестра поради јачината на грчевите (читајте се дереше и сеуште се дере како некој да го коле ) постепено ги качуваме мерилиците за сега веќе од 1ипол на 60 мл да дојдеме за две недели на 3 мерилици на 90 мл. Јаде на секои 3-4 саати зависи од спиењето, некогаш спие повеќе некогаш помалку зависи колку се јаки грчевите што го фаќаат а секако и се будиме . Во текот на денот обавезно пие чајче Плантекс двапати помеѓу оброци а секако и добива Еспумисан капки сабајле и навечер по препорака на педијатар. Во средата на 06.02 бевме да си закажеме матичен (извадиме и книшка се ) = се одлучивме за Др. Јадранка во Млин Балкан исто така по препорака и искрено многу ни се допадна како професионалец и како човек, го прегледа го измеривме до сега има качено 840 грама- има 4.100 гр, и ни рече дека детето ни е супер и супер напредува. За бањањето јас сум присталица да се бања секој ден до годината, но не да се користат многу шампони и гелови може само бекутан сапунче, заради нежното масирање во топла вода кое ќе го опушти детето а и ќе му ја подобри циркулацијата. За облакање си го облекувам со боди на прерамки или ракавчиња, боди со долги ракави чорапчиња и пижамки , и обавезно покриен со ќебенце, и фала богу досега е задоволен ( склетчија е на таткому ) спие со нас во спална (на парно сме ) па температурата секаде во станот е иста 21-22 степени, со тоа што навечер после 22 уклучуваме греалка во спална да одржува температура. Така да, значи сума сумарум имаме 7 оброци во текот на едно деноноќие , менуваме пелени на секои три саати (иако утоп се правиме , имаме проблем со пелените -пишав во соодветна тема ) се бањаме секоја вечер околу 18 до 20 часот во зависност кога ќе стане , спиеме релативно добро, со оглед на тоа што мака мачиме со грчеви , па сега ако нешто грешиме БОже мој ,нека биде се само на арно ... А да за грчевите купивме и термофорче од Зегин ама нешто да помогне , не видовме некој аир до сега. и плус со какањето сеуште не сме редовни , па и тоа ни го зголемува дерењето повеќе ... поздравче и извинете на долгиот реферат, само сакав да ви пишам како сме , па ако нешто грешиме да не искарате
Јас сум слична приказна како тебе, немам забелешки за карање Син ми се роди 3600, дома дојде со 3350 и во вторникот кога го меревме после полни 3 недели беше 4270. Почнавме првата недела со 60 мл измолзено млеко и сега во четврта недела јадеме по 120-130мл мајчино млеко, а некогаш ако има 150 го пие и тоа. Јас вештачко млеко му давам само навечер по еден оброк, во моментов користам Хипп, другите 7 оброци во текот на денот се мое измолзено млеко, оти за цицање од цицка не сака ни да чуе, ако сакам да го изнервирам да плаче треба само да му бутнам цицка и цела зграда да ја кренеме во вис Јадеме на секои 3 саати, ама ако е буден подолго време, му се јаде и порано, а искакани сме буквално во секоја пелена што сме ја смениле на секои 2-3 часа. Ставаме д3 Вигантол капки по 2 во денот и пиеме чајче Хипп од коморача. Сами го чуваме со сопругот, го бањаме секој ден околу 22 часот со една капка мустела. Дома имаме приватно парно и температура од 23 степени, освен кога го бањаме на 25. Го успиваме со сопругот заедно, а откако ќе заспие го ставаме во неговата соба и го покриваме со дормео јорганче за новороденчиња. Користиме памперс премиум кер 1, ама следниот пат ќе купиме веќе 2.А со широк повој мака мачиме, оти се нервира, не може да си прди на раат кога има грчеви п.с. нас ни треба да одбереме матичен педијатар,како живееме во центар и блиску ни е млин балкан, ќе ја побараме и ние таа Јадранка, фала за информацијата
[imghttp://www.humana.de/fileadmin/templates/humana/produktbilder/1010060-200126-003-BabysBauchTee-200g-DE_1_.jpg][/img]еве овој чај пробајте го јас го користев и мн.ми помгна и ден денес го користам 175 ден. во зегин и за млекото да ти кажам ставај ја мерката за пропишаната доза не ставај едно ипол две ипол затоа што повеке или помалце добива хранливи материи а со тоа и го оптоварува стомачето стави колку пишува за соодветна милитража на вода па колку испие испие и јас ги користам сите производи на хумана и задоволна сум и млекото не смрди како другите него е многу вкусно дури и јас би го пиела а за капките еспумисан ставај во секое млеко пошто оно кога го мучкаш прави пена и меурчиња а капките ги неутрализираат позз Home » Products » Drinks BABY'S TUMMY TEA http://www.humana.de/fileadmin/temp...10060-200126-003-BabysBauchTee-200g-DE_1_.jpg ne mi iska;a slikata ama ja imam postirano na nekolku prethodni strani od istava tema
па и ние сме речиси исто како вас, се роди 3.560, од болница излезе со 3.100, а на последната контрола беше 4.200, само на мајчино млеко сме, и јас го бањам сама детето, со мм претежно сами го одгледуваме со исклучок некогаш ако треба да излезим да купам нешто ја викам мајка ми да го почува. Со грчевите мака мачиме и ние цела зграда ја креваме сите да не разберат дека плачиме, ама еве 2 дена видовме аир од капките што ни ги препорача еленика/неџла и многу сум и благодарна оти син ми конечно се потсмири, пу пу да го подречам. Ние се грееме на клима и дома одржуваме тепература до 24 степени, а во спалната таа клима за спиење ја штелуваме да биде малку по ладно оти на 23 24 степени јас и мм жива вода се правевме, сега ни е тамам на сите само со бебушко е завиен со кебенце и јорганче и плус му ставам капче да носи оти ми е страв пак дане фати жолти горелки на очите. јаде кога ке посака, некогаш јаде на саат а некогаш и на 3 на 4 саати зависи како ке посака, и чат пат му давам чајче бекутан оти само тоа го сака, и тоа по 50мл повеке не му дозволувам оти тој може да испие колку што ке му дадам, оти чајчето е благо па го обожава. Користиме памперс премиум кеар 2 уште од старт оти 1цата многу ми се видеа мали како за кукла ми се па 2ката ни се тамам. Во последно време приметувам дека има мрсулки во носето, ама не многу туку мали се и суви па му ги вадам со чепкалки за уши. И син ми сака да спие со музика, само треба да пуштам некој од музичките канали и одма е занесен, денес дури и од правосмукалката заспа а јас очекував да се исплаши.
Ние влегуваме во некој период на неспиење цел ден не можам даја успијам па дури ни во раце да спие никако дремнала 5 мин иочите 5 банки обично легнуваше кај 8 после јадење ма јок еве ја ѕирка под око а будна е од 6 и 30 сабајле од такт ме вади
Чудно читам за мл, па си се чудам бидејки мојов константно си пие 90 мл и преку ден е обавезно по 10 минути на лева града , и фала богу не покажал гладност, си добива константно 7-8 оброци по 90 и ништо повеќе , па се чудам што пишувате некогаш толку некогаш волку ,ама пак не сме сите исти и секое дете е различно , затоа и ми беше чудно ...само толку
Девојки ај да ве прашам дали вашите бебиња се потат? Моето преку еден ден се поти и тоа на страната кадешто го ставам да спие, настрана го ставам и на таа страна оздола се поти, не секогаш ама така преку еден ден си се поти, а не го облакам многу, само боди на кратки оздола и шпихозна озгора, го покривам со тенко ќебенце, капичка не му ставам, а рацете па му се ладни секогаш и ако не му ставам ракавички нема шанси да му се стоплат, ако му ги покријам со ќебето додека спие гарант ги вади одма, не може, саклетчија е , температурата дома ни е во сите соби иста 20-22 степени е преку цел ден и не знам од што така се поти често И го проверувам сега стално додека спие го фаќам одоздола да не е испотен оти страв ми е така мокар ако не го видам може ќе ми настине
Калиас, твоево бебе е од југот...Нашиве северни не се потат ... Мене не ми се испотила до сега, а на почетокот ја затоплував повеќе просторијата...Ја проверувам, ама не до сега..Сигурно е саклетчија па заради тоа..Сум слушнала дека многу бебчиња се потат...Ти должам одговор за млеката, ама од гужвиве дома не стигнав да прашам...
Ма и мојов се поти и зоврива иако не е облечен многу а покриен е со едно ќебенце и јорганче мало и тоа до половина не цел, ама склетџија си е и тоа е тоа, него сакав да прашам што правите ако дете не сака да ви спие, денес душата ми излезе од сабајле, цел ден сме во раце до тоалет неможев да си завршам работа, тек сега кога го пишувам ова заспа и ме остави и дома да средам и јас да се средам така да искрено незнам што е работава, и најаден и пресоблечен и избањат и се среден едноставно не сака да спие , и ако заспие за половина саат до саат максимум се буди и плаче и плаче (овој пат не се дере туку плаче ) стави го на гради кај мене спие , во креветче не , боже ќе пукнам денес , раце ме болат, глава се , се надевам дека ова е само фаза и дека менува ...со патронажната се слушам редовно и она ми вика си сака дете блискост држи го во раце, леле што ќе правам ако уште сега се научиме во раце..... имате ли вие ваков проблем ?
Само биди упорна,ќе се умори и ќе си заспие... И мене така проба финти да ми прави,остави го да спие аааааааа...плаче...пак го заспивам,пак исто...неколку пати,ќе си заспие убаво и одма го оставам Држењето во раце колку е убаво за детето и мајката,толку и не е... Ќе дојде време во w.c да не можете да одите...Золва ми така кај заспие бебето,не смееше да мрдне,во кола во кола ќе седи саат ја чека да стане од спиење ако не детево плачење,вриштење,после цел ден,ќе ги мрднеше дома сите...Сега со второво не ја прави истава грешка... Која мајка не сака да си го гушка детето?И онака цел ден ги држиме во раце,барем да имаме слобода кога ќе спијат,а они ќе имаат сигурност и помирен сон
Моево се потеше кога ја наоблекував Иначе ivanovicka може период му е со неспиење , моево така ме полудуваше не спиеше ич , или мораше да на нишкав во количка да заспие и тоа многу кратко пола саат дали Утепана бев ,време за ништо немав А и си бара блискост до тебе да е Мало е уште можее напорно е сега ама ке смени нема да биде секогаш така , ке си спие и во креветче моево се научи да си преспива денско време во креветче од 4 месеци ..и до ден денес си спие 2 пати по саат Моево го бркам низ станов веќе , денес ја снема за минута и ја најдов во туш кабината пикната Ништо не е сигурно од неа веќе , научи да ги отвара фиоките Смешки живи е , од баба и се научи да оди фатена за раце и сега цел ден сака да оди па ја оставам на под да лази
И моево се поти ептен, кога спие, кога плаче, а па кога цица жива вода е, среќа само на главчето се поти на телото не. Значи до детето е, бидејќи и кога е покриен и кога не е, се поти. За тоа во раце и ние исто бевме така до скоро, дали ни поминаа грчевите па сега го оставам на спална, ќе го ставам на малку повисока перница и си лежи по саат време, само музика му пуштам, а јас за тоа време си средувам работа. Инаку на почетокот не можев да се истуширам или да јадам кога бев сама со него, цело време сакаше да цица или во раце да го држам. Добро е ако имаш некој да ти помогне да го поддржи додека ти се средиш, јас имав помош од мајка ми и од маж ми кога беше дома ама пак најмногу сакаше да биде кај мене. А за тоа држење во раце сите викаат, особено постарите немој во раце да го држиш, а што да правиш кога бебето си сака така, значи тоа му е инстинктивно, си сака да биде до мајката. И да знаеш баш тие деца што се држени во раце се емоционално постабилни, посмирени и не се толку разгалени. Сега ти е мало бебенцето, ама после 2-3 месеци ќе биде поинаку, и ќе видиш ќе помине овој период. А за спиењето и моево не спие многу, исто пола саат-саат, а некогаш и само 10 мин. Ама ние му откривме финта, му пуштавме фен за да заспие само на страна да дува и тогаш спие повеќе. А некогаш и фенот дува дури спие па кога ќе стане го исклучуваме. Има и на интернет видеа со бел шум, па можеш да му пуштиш да видиш дали ќе спие повеќе.