Леле мамичке, па вие сте имале проблем душа мала, којзнае како и е. Смени ги пелените, јас мислам дека од нив е. Виолета се многу парфимирани, јас заради тоа не ни помислив да ги земам. Барај памучни пелени како Бекутан, Дајперс, Пафис... Влажни марамици не ти требаат додека не се смири газето. Само топла вода и газички и батали ја камилицата. Вечер пред спиење намачкај малку гарамицин маст на исфрланото место (сега одма ќе ме нападнат сите заради ова, ама антибиотскава маст може да помогне) и бебешка пудра да ставиш. Секогаш кога може, малото нека биде без пелена, барем додека да помине осипот. Инаку, и јас би го препорачала Пантексолот, воопшто, се што е на база на пантенол помага во регенерација на кожата. Гарамицин мачкај само навечер, ако забележиш подобрување, барем пет вечери со ред, додека да поминат брунките. Количински не мора многу. Еозинот (црвената вода) не знам дали ќе помогне, ама знам дека како дезинфициенс може да ви помогне калиум перманганат (хиперманган - виолетов раствор), да ја измиваш со него и после со водичка. Кога ќе ги снема брунките, односно кога ќе најдете соодветни пелени, на газето задолжително дебел слој крем (павловиќева или Нивеа СОС кремот). Може и кантарионово масло да заврши работа.
Уфф леле душичка бе го повлекувам коментарот да не ставаш ништо.ако имаш пробано со креми пак ќе кажам-пробај со брашно или пудра,ми изгледа ко да треба суво да се става ,не мрсно.и други пелени,на нас памперс ич не ни се погодија,бејбилав од дм се добри.баш ме интересира што ќе помогне,ако трае уште неколку дена би отишла на педијатар
Meu педијатарот мене ми рече да избегавам влажни марамици,а ако морам и било што од колекции да користам да биде без парфем.Така сите практикуваат тука. Убаво да го забришувам со самата пелена и по 3-4 мин луфтирање на секое пресоблакање.И ништо ама ми нагласи апсолутно ништо да не ставам од креми и пудри дека со хемикалии да не го спурувам така затворено во пелена. И и јас мислам дек е од пелените, пробај смени и ги. Анатх многу убаво ти напиша погоре.Нека брзо и помине, сонце мало
Меу на мојата и беше вакво газето само помалку ,дури на некои места имаше и како ранички,јас ја миев со вода ,убаво нежно ќе ја исушев и ја мачкав со кантарион ,а еднаш во денот и ставав од бекутанот со портокалово капаче(мојата имаше како проливче и какаше по 7-8пати во денот).Педијатарот ми објасни дека црвенилово треба да се третира како изгореница ,затоа што е предизвикано од каките .На мојата за еден ден и се смирија раничките,а црвено и беше уште ден-два.
Меу еве јас да ти препорачам да и ставиш маст хлорамфеникол маст на малиот му се појави чирче на газето и педијатарот ми препорача по неколку пати во денот да го мачкам со оваа маст која воедно е за очи но кај нас беше доста успешно уште првиот ден имаше подобрување. Доколку имаш дома повеќе пелени швецки земи повивај ја со нив деновиве се разбира добро испрани со двапати плавење без омекживач,може ке имаш мака за перење ама дур не се смири барем да не експериментираш со разни видови на пелени .
Мамички, ви благодарам од срце на сите за советите. Но, морам да кажам дека сега сум уште толку збунета. Значи да не продолжам да менувам и експериментирам со креми, барем до понеделнк да се задржам со една “терапија“, зошто вака нема да знам дали и од што има подобрување. Вака значи, влажни марамици не користам, камилица исфрлам од употреба, и премивам на секоја кака со водичка и памучно крпче. Ја затоплив собата и од прееска ја држам со отворени пелени , голичка. Намачкав Пантексол, е во врска со него, како да го ставам??? на секое преповивање??? или еднаш -два пати дневно??? Бебешка пудра не сакам да ставам, ми се чини дека не е за пудра во моментов, имам чувство дека му треба мрсно за да се смири. Ананнтх, герамицинот нема проблем да се меша со Пантексолот??? Да внимавам ли на нешто посебно??? Во смисла да не допре до дундето и сл.??? Незнам зошто викате дека Виолета се парфимирани, кога воопшто не се, мене на ништо не ми мирисаат Ќе почекам уште некој ден да видиме со мастите како ќе оди, па до понеделник ако немаме резултати ќе земам дајперс. Туку јас друго се мислам, некој ми кажа погоре да ја оставам на тетра и шведски, арно ама јас како бебе, нели тогаш ретко се користеле овие за еднократна употреба, сум се нафрлила од тетрата, па почнале моите да користат вакви за еднократна, зошто не ми поднесувала кожата други. Е сега јас кога ја измивав ја бришев со овие тетрата, и почнаа брунчињата, да не нешто има и тоа врска Аман веќе, памет немам во глава .
леле меу и ние сме исти вакви може и бетер мојата има и на нозете баш каде што и поминувал памперсот јас и ставам кантарион домашно направен и ја држам без пелена ние од Pampers Active Baby се нафрлавме и сега поима немам што да земам.. Јас имам и друг проблем .. носето ни е затнато и ставам раствор со сол и вода уствари превривам вода со сол .. пошто ми рекоа дека друго ништо не смеам да користам е сега не знам дали од што е настината ама ич не сака да јаде.. кога е гладна јаде на почеток 30-40мл и послем прекинува ќе и дадам пак и почнува да плаче да се грчи од што може вака да и биде?
Уште баба ми ми го има кажано тоа дека кај бебе пред 40 дена се оди "чист".... значи НЕ за време на менструација и НЕ доколку претходната вечер сте имале односи со момчето/сопругот. Доколку не си "чист" а отидеш кај бебето, се појавуваат токму вакви осипи. Можеби се бабини деветини, но сепак......
Инаку за папочето го напишав само тоа што ни го кажаа нас.. откако ја примивме инекцијата ни е подобро се исчисти и сега нема ништо ...
ах леле Меу душиче мало , мака си има детето ... оставајте ја повеке голичка да лежи.. Кај нас свекрвами кога и мењава пелена , ја пребришува со влажни марамици ама не ја пребришува со крпче и после од влажноста и се вцрвува малце ...ама и ставам бекутан со цинк и поминува Само треба да не се остава влажно
Јуник имаш аспираторче?Ние имав некаде пишано Несфрида како пенкалце е и со цевче во уста се става и верувај, од кога че му ставам солен раствор во носето, две три секунди ќе почекам да упие и влечам, ама се апсолутно се излегува. Пробај, мирна после глава
noelle немаме аспираторче ама и тоа ќе набавиме .. убаво му викам на мм да иде другиот месец пола плата да си ја остави во аптека он не ми верува Ајде само за убаво нека е
MeU, сега ја видов сликата и можам да ти кажам дека и кај мене Христијан имасе вакви брунчиња, ама под мишката, а не кај газето. Ама сосема исти беа. За два дена му поминаа со Бетадине раствор. Значи тоа е јод за дезинфекција. Имаш различни концентрати на Бетадине, ама ти во аптека побарај за кожна употреба. Јас му ставав навечер, после секое бањање на чиста кожа, еднаш во денот и веднаш му поминаа. Се надевам ќе ти помогне и на тебе, а и на малото срценце. Поздрав
MeU, ако ставаш гарамицин, не е страшно да го мешаш со друго, исто и со хлорамфениколот, ама секогаш прво антибиотската маст ставај ја, на суво и чисто газе, и после друго. Маста ќе ти помогне да се дезинфицира местото, барем да не закачи инфекција, ако ништо друго. Нема да и ги мачкаш усничките, ќе мачкаш каде што е најголем осипот. Тоа ќе го ставаш еднаш или два пати дневно, максимум пет дена. Пантексолот може колку сакаш да ја мачкаш, и на секое пресоблекување може, може и со кантарионово масло, по можност домашно. Не знам какви се сега Виолета, ама син ми пред да се роди гледав пелени, тие многу мирисаа. Затоа и не зедов од нив. Јуник, кај секое бебенце е така на почетокот, сите по малку шмркаат со носињата. Солени капки и аспираторче ќе ти помогнат, ама најубаво ќе ти помогне исечкан кромид ставен во близина на главчето на детето. Веднаш ќе дише полесно.
Му читам на маж ми кој што не советува и стасав до ова , кога тој ме прекина и ме потсети дека пред некој де(е неможеме да се сетиме кој ден точно беше), и ставив баш од овој памперс, ни го дадоа во болница, па ај демек да го пробаме и да не оди зијан. Црна јас, ако можев така да си го суредам детето, алал да ми Имам дома бетадин, и јас ставам на раната од царскиот. Но страв ми е да ставам бетадин дека е на газето, да беше на друг дел од телото нема мака, ама вака... Земавме црвена вода, по препорака од педијатар. Ја средивме па ставивме газичка (без никакви креми) и пеленото одозгора. Сега незнам дали и како можам да ставам Пантексол кога ставаме црвена вода? Требало од ова да ја премиваме 2-3пати на ден, секое брунче посебно се третирало. Незнам дали ја пече, некако плачеше кога ја средувавме
И нас ни дадоа во болница и ставив и се беше океј .. после дома кога ја однесовме и ставав пелени и викам ајде ќе ставам памперс купив и не излегоа одма туку послем 1 ден .. и јас си мислам алал да мие успеав да ја средам со Pampers а се беше во ред додека стававме пелени , ама ми се видоа многу раширени нозете и викам ајде памперс и се средивме
meu Еозинот не ги пече мојот имаше малечки брунчиња на целото тело и со тоа го премачкував одма минеа, само треба на памукчето да ставич поголема количина (зошо кај вас е поголема површината) и неколку пати да поминеш на исата регија. Исто купи од аптека хиперманган (некаде околу 50ден) и кога ќе го бањаш во последната вода раствори малку и исплакни ја Нас од ова ни помина се надевам и вас ке ви помогне
Ах Уник те разбирам,јас почнав да се прашувам каква мајка сум, да неможам детето да си го гледам, се нешто се случува. Прво грчеви, па ај ги средивме со ова Еспуммисанот, или барем мислам дека се под контрола засега. После пупачето, а и сеуште пупачето, зошто крвче како лига се прави, па коричка, еве после ќе го чистам со хидроген, па утре очекувам пак иста песна. Сега овие брунчињата, со кои никако неможам на крај да излезам. А како ја гледам на секое преповивање, ми иде главата од зид да си ја треснам. ануХка ти благодарам, навистина бев загрижена дали ја пече. Маж ми ја премачкуваше, јас дував, мислејќи дека плаче од што ја пече. И јас се надевам дека ќе помине.
Aко и правиш раствор од Хиперманган внимавај да не биде јак ,отприлика на 1,5 литар вода се ставаат 3-4 зрнца и бојата треба да биде многу светло розева еве одприлика ваква Ај да си кажам како поминавме синоќа Околку 8.30 и дадов да јаде пудинг и тоа позамашна количина,па за половина час и дадов да испие 120мл.млеко и така фино наполнета пробав да ја заспијам ,без да цица.15 минути вриштеше ,ме тегнеше ,стануваше и се префрлаше од креветчето на нашиот кревет и ај ја земав и и дадов да цица.Заспа,а јас бев жива исплашена дека е прејадена,па да не почне да ,ама среќа ништо од тоа.Спиеше најмногу 2 часа и се разбуди и пак си ја почна старата песна ,будење на секој половина,најмногу еден час и така се до сабајле до 6 ,кога конечно заспа и спиеше 2 часа Се на се уште една непреспиена ноќ
meu кај нас веќе има подобрување... мој совет ти е да оставиш и креми и се друго мачкај ја само кантарион - домашен.. Јас вчера и денес ја мачкав и гледам сега почнала да и се лупи кожичката и тие не се веќе толку црвени .. Кога ќе видам дека е какана одма ја соблекувам и ја мијам со топла водичка , ставам малку и од купката бекутан ја бришам со тапкање и седи така некое време и послем и ставам кантарион , што повеќе толку поубаво.. Пробај вака мислам дека ќе ви помине и на вас