Исто и моето денес претера, ако не ми е во раце се мава по глава..3 кила уште нема а е нервозно..Ама не е така стално,претежно е мирна...Можда заради грчевите има вакви моменти...Јас среќа имам помош од мајка ми ...Сама овие денови незнам што би правела.. како се справувате со грчевите?..Јас и давам колиеф и и помагаат...Ама и давам еднаш дневно, а таму пишува со секој оброк..Страв ми е толку многу..
Малите бебиња преку потењето си ја регулираат телесната температура, поинаков начин немаат, затоа не се препорачува после бањање веднаш да им се става капче на глава затоа што преку главата ја регулираат температурата, не е страшно потењето само гледајте да не ги претоплувате. А за во раце, до 3-4 месеци бебињата не гледат на поголема далечина од 30-40 см, затоа барат да бидат во раце, така ве гледаат, после 4-5 месеци можат да се фокусираат на предмети на поголема далечина а до 8 месеци им е скроз избистрен видот. Малку ќе се помачите како и сите пред вас ама малку трае овој период, после ќе ги барате да ги гушкате ама они нема да сакаат
За потењето и јас не го облекувам многу, по дома сме на шпихознички само, во еден момент си мислев да не се моча па е испотен ама да пропушти памперсот, којзнае Инаку за неспиење и кај мене е така, некогаш си се најаде и си заспие без проблем , што сакаш прави му да го разбудиш не бе тој си спие и спие, ама некогаш лелеле го пресоблечам, најаден и спремен за спиење е, а тој очи ококорени и несака и не сака да спие па плаче ооохх и јас ги имам истите маки како и вие мамички, такви се сите бебиња, не сме криви ние, тоа е
И Лина пред некој ден беше испотена кога стана од спиење, па затоа наредната ноќ ја ставив во пижамки(за прв пат) и ја покрив само со едно ќебе, и така ни е топло во спална , со вклучена печка сме преку ноќ(до 19-20степени). Детето си спиеше мирно, да не кажам одлично, а од кога направив вака почна да ми ја преспива цела ноќ. Еве денес јас ја будев во 6ч за да и дадам да јаде, ако не ја разбудев сама незнам ни дали ќе станеше. Се најаде и продолжи пак. Е сега дали е до пижамките, до тоа што помалку ја покривам или време и е, незнам, но полека се среди детево, а почна од кога ги сменивме тие работи.
Може дека помалку ја покриваш...Јас на почетокот претерував со топло во собата и можда затоа и толку спиеше...Сега помалку ја покривам и не стоплувам толку во собата и си станува нормално на 2-3 сати, а некогаш и порано...
Не не, мене не ми смета дека спие, мислам дека и е време да си фати ред, и да си ја преспива ноќта. Туку саав да ви кажам дека некогаш и од премногу топло неможат да спијат и стануваат често(т.е. се нервираат), а и препотуваат. Јас мислев дека ни е рано за пижамчиња, зошто сеуште и нема така мали, но најдов за 12м и ја пикнав во нив, точни и се, а и мислам дека е греота уште да ја оставам наоблечена за спиење. Не е веќе бебе, машала личи на човече
meu ние сме со пижамчиња од почетокот, пред 2 месеци имавме пижами=шпихозни а сега имаме баш пижами, навечер кога ќе и дојде време за спиење ја пресоблекувам и не ја покривам многу само со кебенце и супер и е.
Леле да ви кажам моево детенце толку се смири, дури ми е чудно. Значи тие грчеви го мачеле, сиротко. Му ја пуштив оваа песничка денес: http://www.youtube.com/watch?v=4Yvio6DQKDs на repeat и го ставив на малку повисока перница да си лежи и само си заспа. Го гледам и колку ми падна жал некако Помислив и на децата што се оставени од родителите, кои немаат мајчичка да ги гушне, сигурно така сами си се смируваат, сами си заспиваат. Колку ли се гладни за љубов, топлина, нежност Значи оваа мајчинствово ептен ме направи сентиментална
Мамички ние стварно веќе имаме проблем со спиење. кога и се спие не задремува туку почнува да се дере иако ја нишкам не помага мора да ја увиткам во кебе како вишек само не толку цврсто да не ги мрда рачињата и тогаш наеднаш се смирува се смешка си ја побарува цуцлата и заспива за 5м ин исто е и со вечерното спиење ако ја завиткам како вишек не ја виткам цврсто не ја ни закопчувам со безопасна туку така само г одржам ќебето и когаќе ја оставам во креветче мора да употребам уште едно тенко ќебе за одозгора за да иги опфати рачињата инаку ако и се опуштат одма станува за 2 секунди и почнува да плаче до бесвест маката е што ми е грев даја гледам така д аспие зашто не спиеше така туку обично со опуштени рачиња а иплус со 2 ќебињакогаќе ја отворам како испотена да ми е. Лек некој за ова ?
леле денеска јас мислам дека направив глупост, додека го бањав цуцето едниот дел од левото уво мислам дека ми замина под вода ама не сум сигурна (па многу ми мрдаше едвај го држев) и сега како да знам дали во увото има вода или не?
Мамички, да ве прашам..Во Чаир педијатарот ни препорача да и давам baby vit мултивит капки за апетит.Ние ги купивме , ама уште не сум и дала.Малку скептик сум.Тие се за зголемување на апетит.Дали некој го има ова искуство со витаминскиве капки...
Здраво мамички , се надевам дека сте добро и вие и вашите бебушки. Сакав да прашам после колку време од излегување од болница доаѓа дома патронажна сестра??
Во чаир ги даваат на сите бебиња тие не се примарно за зголемување на апетит иако вкусот на портокал може д авлијае на апетитот тие се за имунитет и корекција на дефицит на некој витамин како исекој мултивитамински препарат јас се породив во чаир ми ги препишаа и давам почнав со 6 капки сега сме до 8 капки на ден и сум задоволна Патромажната сама си ја викнав зашто окпав у болница тааа таму име најде прво некаде 3 тиот ден овде отприлика идат иако ако заборават некој после 100 години ќе дојдат јави се ти во здравствениот дом во патронажната служба и побарај си ја
Кај мене дојде после една недела, а инаку регуларно треба да дојдат 3 пати во рок од 40 дена, освен ако мајката нема некои проблеми со детето или при доење па да дојдат и повеќе од 3 пати.
Кај нас патронажната беше само еднаш, ми се јави третиот ден ама ние сеуште бевме во болница, па потоа никако не можевме да се најдеме, кога дојде после 2 недели рече супер е малата нема потреба повеќе да доаѓам, ако има некој проблем да и се јавам.
Леле нас што ни дојде една патронажна сестра, како да беше дојдена за попис да прави. Бебето не го погледна, не се ни соблече, битно си запиша точно кои сме, што сме завршиле школо,што работиме, каде работиме,адресите по лична карта каде ни се водат и зошто не живееме моментално на таа адреса..буквално како да треба да собере податоци пред избори!?.За бебето само -гледам добро се снаоѓате и што прашавме каде да бараме матичен педијатар и толку беше!!
zdravo mamicki!jas sum nova na forumot i tuka nakade procitav deka ste kupuvale vagi za merenje na bebinjata,pa me interesira kade gi ima sakam i jasda imam doma ,da ne go nosime bebevo stalno na merenje poz i fala vi
Аната прашајте во аптеките можеби изнајмуваат ваги , ние така кога сакавме за малата да гледаме колку качува на килажа прашавме во аптека Се остава аванс и се плаќаше од 50 центи на ден (ова зборам за Германија)
Доколку имаш кујнска вага можеш да го мериш врз неа, а после кога ќе го пресоблекуваш да ја одземеш тежината на облеката. Доколку немаш подобро купи си таква, отколку специјална за мерење на бебиња зошто нема да можеш да ја користиш понатаму.
Аната во Џамбо ја има 30 евра е...Иначе има и во Сити мол, ама 100 евра, а и незнам која е разликата..Маж ми беше во Грција дури да ја купи, ама истата ја има во Џамбо, после тоа ја видовме..