@*цветче* јас имам егзема на раце веќе 10 години и го имам користено мелемот на Скендер така да му го знам ефектот . На синко не сакам да му мачкам затоа што се сомневам дека има кортико, искрено кој природен препарат дава такви резултати преку ноќ што се вели ако не содржи кортико . Не знам... не сум паметна
Терапијата за атопичен е таа...кортико додека да се смири, а потоа крем за осетлива кожа (ксеракалм-авен, егзомега-адерма...). Лошо е што и покрај овие скапи кремови одвреме на време егземите се повторуваат па ќе мораш пак кортико.... и кремата од скендер многу ја фалат, имам блиски кои ја користат ама јас за мое не би се решила, не за друго, чисто затоа што не го знаам составот...
Ние сме само на доење и ние го имавме истиот прпнблем до два месеци какаше ретко еднаш 10 дена не се искака па стававме клизма...што не пробав суви сливи,компоти,јабоолки да јадам но ништо не ми помогна и почнав на сабајле да јадам мелен лен по неколку лажици со јогурт или вода и по десетина,дена и се среди какањето почна,да кака секој втор ден па секој ден па сега по неколку пати во денот...и сега и бебуш и мама се мирни и среќни Пробај нема што да изгубишш!
Ве молам за искуство, бебчето ми се исфрли со ситни црвени мозолчиња (мазни се , не грепкаат) личат на потници ...има на плештите , на градите, стомакот и на главата..... значи само на горниот дел освен рацете . Едино во исхраната што и имам внесено ново вчера беше брокула (претходно и имав давано брокула но од хип ) што да праван вечерва незнам , дали е алармантно
Nie sme tocno dve nedeli. I pred 2-3dena pocna da go vie stomakot, ne place ama samo kenka. I sega prethodno barase jadenje retkp na 3'duri 4saata. Sega se bara da e na cicka. Se e gladen. Porano cicase po 20min, sega edvaj 10 I posle taka ja drzi cickata. Mi e strah da ne e nesto rab do mlekoto?da ne e slicajno nenajaden ili grcevite imaat uloga? Inaku pelenite mu se polni
До грчевите е, сите така се тешат со цице, ако полни пелени, мочка, кака редовно значи не е гладен. Давај му кога сака нека цица.
Не значи дека моево е точно, но кај нас делуваше. Синко почна така со грчеви и баш се погоди да сме на вакцина, го прашавме педијатарот за чаре и ни рече да гледам да го дојам на 3 часа, не почесто, бидејќи он се теши со цицето, но на несвареното млеко му доаѓа ново и му се оптеретува стомачето и само повеќе го боли. Го послушав советот прво едвај на 1,5 сат се доевме, па на 2 и после си го фати редот на секои 3 часа, му ставав и топли облоги на стомачето, перниче со семки од цреши и после немаше никаков проблем. Не плачеше и си спиеше убаво. Не велам дека ова е исправно, но кој пробал веќе се, нека се ободе и вака.
Kolku.se isplasiv sega. Vo ova peleno kakata mu bese zolto zelenkasta. Dali toa znaci deka.e.gladno?da ne slucajno ne mu stiga moeto.mleko?
Им паѓаше ли косата на вашите бебиња? Пола глава и е со малце влакна, месец и пол е стара. Кога почна да им расте?
Или па не си ја сменила на време пелената и дел од каката оксидирала. Не се плашете, кога оксидира каката позеленува, и дава слика дека е зелена. Особено ако е дел зелена. Тоа со ново и старо млеко и мене мајка ми ми го кажуваше, но после читања и истражувања за доењето сфатив дека не е така. Мајчиното млеко има лесен состав, такво е за да се прилагоди на потребите на детето, и може да се "свари" во дигестивниот систем за 40 минути. Така што, тоа на 3 часа вооброчување може да направи проблем со лактација кај некои доилки, па детето да не качува, па да се дава ад... И така натака.
Ние сме две недели , а косичката ни е сменета многу , посветла ни е побушава(како на глуварче) тоа од што паѓа, а веѓичките пак заприметив потемни му се одкако што му беа да кажам му се познваат по малце. Косата како на старче
Обично на страната кај што лежат се ќелавки, син ми назад на темето нема коса. Инаку е 6 месеци скоро и многу малку косичка, им се обновува на сите, некое порано, некое подоцна.
Како спиете,јас мака мачам и стравот во коски ми е ,до мене спие не сака воопшто во креветче остави го и одма се буди дури и да е убо успан по некое време ќе дојде ред да се подразбуди и одма плаче ,земи го престанува.
Ние сме 4+ и косата ни паѓа позади дури нема коса само горе на главчето има така повеќе. На креветот само ситни влакненца наогам. Таа ке се смени ке порасне нова поубава косичка